Здраво, значи прво да ти кажам дека има Моторолин 2N3553 и останати 2N3553, ти викаш дека си ги платил доста, ваљда се оригинални. Сепак, друг проблем е побудата, имено сигурно знаеш дека и да ставиш транзистор од 10W ако немаш доволна побуда нема да добиеш толку (а може да добиеш и помалку отколку со послаб транзистор бидејќи влезот му има поголема капацитивност). Така проблемот треба да го бараш во побудата и на тоа место не е ни чудо што ти „вади“ тој транзистор слично колку и 2N3866. И појачало во Ц класа би ја оправдала употребата на тој (релативно скап) транзистор, а 2N3866 може да го употребиш и како појачало од А класа.