Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: MarkoMK on 12.09.2023, Tuesday, 22:44:51
-
Колеги, предложете некоја шема за ГСМ jammer или сметач за мобилна комуникција.
Ако имате проверена некоја уште подобро
Незнам колку е легално кај нас, на интернет гледам во некои земји е легално, во ЕУ е забрането..
Е сега пошто ние не сме уште во ЕУ и ми треба за домашна употреба.. вајда нема да ме апсат :)
-
Секој предевател кој ќе емитува доволно моќен сигнал кој ќе го попречи сигналот од GSM операторот може да се користи како GSM Jammer.
GSM Jammer за домашна употреба?
Доколку несакаш да ти ѕвони телефонот дома, многу полесно е да го исклучиш телефонот одколку да правиш GSM Jammer.
-
Јасно ми е се тоа, него мислев некој ако има шема да пробам да направам
Конкретно ми треба за децата
-
Си побарал на али дали има готови, пошто денес со кинезите не се исплати ништо да правиш?
-
Немам проверена шема за GSM Jammer
На интернет има многу опции.
https://duckduckgo.com/?q=diy+gsm+jammer&t=newext&atb=v348-1&ia=web
-
Треба да имаш во предвид дека треба целиот опсег од 2G, 3G, 4G па и 5G да го покриеш за да имаш резултат каков што посакуваш. На Али се продаваа за 3G и комбинирани но и доста поскапи 3G/4G џамери. Имајќи во предвид дека голем дел од корисниците се веќе нa 5G, цела твоја замисла би била многу скапа.
-
Незнам како мислиш за децата ти е?
Ако сакаш да го ограничиш користењето на мобилни на децата, поедноставно е да инсталираш некаква апликација која ке ограничува користењето на мобилниот телефон. Некој вид на parental control application.
Или детската соба да ја превориш во фарадеев кафез.
-
Подобро не користи вакви уреди, не се легални.
-
Си побарал на али дали има готови, пошто денес со кинезите не се исплати ништо да правиш?
Барав на алиекспрес ама изгледа дека во некои земји е забрането, не смеат да продаваат
-
Треба да имаш во предвид дека треба целиот опсег од 2G, 3G, 4G па и 5G да го покриеш за да имаш резултат каков што посакуваш. На Али се продаваа за 3G и комбинирани но и доста поскапи 3G/4G џамери. Имајќи во предвид дека голем дел од корисниците се веќе нa 5G, цела твоја замисла би била многу скапа.
:) значи треба цел спектар од 1 до 5 GHZ да го покријам со шум :))))
сепак, како што читав, има некои „поинтелегентни“ џамери, од типот, зрачи како да е базна станица, и бидејќи сигналот е појак сите мобилни во близина се поврзуваат на него.
бидејќи не е вистинска базна станица, нема никакви услуги и телефоните не можат да се користат ;)
-
:) значи треба цел спектар од 1 до 5 GHZ да го покријам со шум :))))
Вероватно да.
сепак, како што читав, има некои „поинтелегентни“ џамери, од типот, зрачи како да е базна станица, и бидејќи сигналот е појак сите мобилни во близина се поврзуваат на него.
бидејќи не е вистинска базна станица, нема никакви услуги и телефоните не можат да се користат ;)
Не сум сретнал такво нешто но претпоставувам дека е можно.
И за крај, како би го попречил вифи-то? :)
-
...
И за крај, како би го попречил вифи-то? :)
Лесна работа за вифи.. ќе му го исклучам доводот на интернет и готово :)