Сите имаме барем по некој женски член во фамилија, а жени како жени, знаеме дека не може да функционираат без несесери
. Ако не повеќе, чуваат барем транспортен „кит“ за корекција на шминка кога се „на терен“
.
Но, како и се, и овие се литат и се кинат или по некое време, едноставно им здосадуваат (типичен женски синдром
... мене не ми е јасно како може да им здосади од нешто што им врши практична функција, но ОК... жени се, слободно нека комплицираат
), па на крајот ќе решат да ги заменат со нови
.
Е сега, што да се прави со стариот
. Јас не ни знаев дека старите ги фрла жена ми до пред некоја година. Кога видов еден во ѓубре, ја прашав „зошто е фрлен несесерон“, ми рече „па стар е“ и и реков „нареден пат прашај ме, тоа е одлична торбичка за алат
“.
И еве неколку примери за што се можете да ги искористите старите несесери од сестрите, мајките, девојките, сопругите, итн.
.