Значи вака, феритни магнети можеш да направиш и сам, треба да видиш од каде можат да се набават феритните јадра (торусите), знам дека еден битолчанец ги набавуваше на големо од некаде ама не знам од каде
После тоа ти треба магнетизатор (уред - калем кој се поврзува на 220V) и за неколку минути го магнетизира перманентно торусот. Типот од битола ја користеше оваа работа бидејќи произведуваше сам звучници.
Но ти можеби си заинтересиран за тие многу силните неодимиумски магнети (што изгледаат како да се од хром светли и мазни) тие можат да се набават за жал само од странство, најблиску имаш во грција и во хрватска но за жал неможам да ти посочам фирми, само знам дека некои луѓе од таму набавуваат.