Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: TeslaBt on 23.12.2014, Tuesday, 12:09:31
-
Имам дома ФМ тунер и сакам да изработам антена со која ќе можам да фаќам радио Београд.Па не ги знам формулите за пресметки на антена знајте од 88-108мхз антената ми треба да е.Па ајде поможете.
-
Не ќе можеш со ниту една антена да фатиш радио Белград на FM-UKT.
-
Не сум постирал одамна, но ова што го кажа @MURO сакам да го демантирам.
Во Штип во моето возило, во повисоките делови на градот го добивам радио Белград на 91,7 Mhz Стерео со активен RDS :D
Чудно но вистинито.
Поздрав
-
Да туриме по 500 евра сакаш?
-
ТеслаБТ претпоставувам дека си од Битола(!?),а таму немаш шанси да го фатиш на УКТ - ФМ,со ниедна антена.А за Крема- се распраѓав кај моите пријатели радио-аматери и ми велат дека и во Штип такво нешто не сретнале.За Муро- пополека малку без такви работи,ке се разјасниме,па имаме повеќе штипјани на Форум. 8)
-
Јас се извинувам што ми се испушти овој малку каубојски одговор. Не ми беше намерата да навредам. За дометот на УКТ обично по учебниците стои дека е ограничен на оптичката видливост на предавателот. Скопските UKT станици не досегаат ни до втора патарина кон Куманово, значи, Белградскиве, некаде до Земун.
-
Да батка од Битола сум.Дедо ми фаќаше порано негде 1998-2000 со радио антена од Горенје на ФМ антената беше над зграда.Ама еднаш ко имаше невреме негде 2000 ја летна од над зграда и расипа цела се извитка се скршија делови и др и ја дадовме на старо жележо.
-
Не верувам тогаш србите беа против цел свет па може со јака снага емитувале 8) 8).Се шалам невозможно еве мојот 3 ватен предавател покрива 4 километри топ.Сега а и тогаш на УКТ не смее да се емитува со којзнае колку голема снага локалните радиа еве на пример по малите градови до 50 вати се.Нема теорија до битола.И некој бугари на бугарски форум велее дека после деве баир и во некои села тука во околината фаќале македонски радиа но понатаму одма се губи.Ова не е наменето за долги растојанија.Затоа си постои КБ со подолг бран и се тоа чудно да не не било на ФМ тоа туку на АМ 2000 година. ;D ;D ;)
-
Го подржувам одговорот на MURO, нема никаква теоретска шанса да се фати радио Белград на FM. За АМ можеме да правиме муабет. Можеби твојот радио тунер има и АМ и FM, па можеби си слушал АМ. Јас во Швајцарија слушав Радио Скопје на AM.
ТeslaBt, јас се наоѓам на околу 800 метри надморска висина (Дихово), многу повисоко од самата Битола, со мојот радио тунер со перфектно изработена самоделска антена не ми се случило да го постигнам тоа што бараш ти. Заборави на тоа, погоре колегите добро ти објаснија и мислам дека не треба да надополнувам тоа што веќе е кажано.
За антена, ок, можеме да правиме муабет да најдеме некоја шема, но дека ќе фатиш радио Белград, заборави. Сум изработил еден куп антени и тој феномен не ми се случил, доколку тоа ми се случеше таа антена ќе ја патентирав ;)
Од Битола до Белград има околу 500 километри и нема теорија на FM
-
Прво темата треба да гласи: како да го фатам радио Белград во Битола?
Го имаш на интернет! Ова ако ти е поради љубов кон радиото, а ако ти е за DX-ing тешко дека ке го фатиш од кај тебе. Во Скопје се фаќа без проблем и радио Београд, и радио други програм, радио 202 и приватното радио ЕС од врвот Бесна кобила. Овие радиа ги имам фатено во гратскиот парк, планината Водно и населбата Драчево. Порано до 1999та година радио Београд емитуваше и со 100kW на ФМ и 2MW на АМ. Но НАТО убијците им го срушија АМ предавателот уште во првата или втората недела од бомбардирањето, после тоа и сите други предаватели за на крај и дел од зградата на РТС/RTS SAT секако сосе луѓе :(
Иначе пред скоро 4 години го имам фатено и радио МАЈАК од Русија на 105, x MHz кај манастирот Пантелемон на Водно, имам фаќано и арапски и германски станици на ФМ, во време на добра пропагација.
-
Dx-er тоа е во ред.НАвистина порано имаше огромни предаватели во Србија,но тоа е одамна во бивша ЈУ.Ама сега нема никаква теоретска шанса.Можеби ако налетаат некои пропагации,еднаш во 20-30 години,можеби накратко да се *отвори* опсегот и да се чуе нешто,ама тоа е кратко и сосема случајно.За некоја континуирана емисија нема збор.

Токму така кога има добра оптичка видливост.Има такви видеа на јутјуб но како што вика батка ако имаш среќа да начекаш.Радио белград од битола не може.Dx-er така е во скопје се фаќа негде од средно водно или горе.Затоа претхотно и јас како тебе спомнав србите во тоа време имале многу јаки предаватели во претходните постови.Ту незнаев дека ФМ предавателот им бил 100 киловатен чудовште.Тогаш би се фаќало и од подалеку од скопје да да сигурно.Овчеполскион наш предавател АМ е 1,2MW но државата нема интерес и зрачи со една четвртина од снагата 300000 вати 300 киловати.Пак се слуша добро нормално не како порано.Е сега да зрачиш со 2 MW на АМ пак е снага знаев дека имале јаки но не до волку плус ФМ со 100 киловати тоа е многу за ФМ.Барем за овие мали простори на балканот.Но зборот ми е убаво што си споделивме мислења и се сложивме сите тука.Не е можно од битола да се фаќа радио белград денес.Со 100 киловати незнам што да кажам можно е.Но денес ова не е можно не треба да дискутираме понатака мислам.Малку безмислена ми е темава.Но како што кажа батка го цитирам уште еднаш за некоја континуирана емисија нема збор а и тој феномен да се отвори опсегот тешко да го начекаш. 8) 8) ;D ;D ;)
Dx-er тоа е во ред.НАвистина порано имаше огромни предаватели во Србија,но тоа е одамна во бивша ЈУ.Ама сега нема никаква теоретска шанса.Можеби ако налетаат некои пропагации,еднаш во 20-30 години,можеби накратко да се *отвори* опсегот и да се чуе нешто,ама тоа е кратко и сосема случајно.За некоја континуирана емисија нема збор.
-
...имам фатено и радио МАЈАК од Русија...
Малце Off...
Не знам дали знаеш, во Мајак во Русија негде 50-те години се има случена голeма нуклеарна катастрофа, поголема и од онаа во Чернобил, може мутирал сигналот па затоа има поголем домет... :D :D :D
-
Можно е да е АМ само во визба ми е тјунерот планирма да го земам денес или утре иначе е Riz SK0340 па не ми текнува дали има АМ
-
Претпоставував дека нема да верувате, но еве пак ќе потврдам, имам Opel Astra од 2003 со вградено фабрички радио касетофон. Радио „Београд први програм“ го ловам на 91.7Mhz FM во стерео техника со активен RDS. Кој не верува нека повели, ке провозиме еден круг низ градот и ке го уверам. Дури и јас не верував, мислев дека е друга радио станица, дури еден ден застанав со колата на еден паркинг 10-тина мунити за да видам дали константно ке го имам сигналот, и цело време без никакви проблеми, прекини и пречки го слушав оваа радио во стерео квалитет и разни информации на RDS.
Поздрав
-
Јас те вервам оти во Штип имам фатено Радио Беогорад со Сони радио
-
Зошто да не може, како национална радио програма има предаватели секаде низ Србија кои го покриваат цело подрачје па и дел кај нас. можно е за Штип, Куманово, Крива паланка, Скопје, ама за Битола нема шанси,освен ако некој облак правел рефлексија ;D
-
Логиката е проста. Брановата должина на електромагнетен бран е l = c/f каде c e брзина на светлината и изнесува 3*10^8 m/s, l е брановата должина, а f е фрекенцијата на бранот која во случај на УКБ подрачјето е околу 98MHz. Значи: l = 3*10^8/98*10^6 = 3m.
Правило: Ако препреката на која наидува бранот значително помала од брановата должина, тогаш бранот минува низ неа, но ако препреката на која наидува бранот е поголема од брановата должина тогаш тој се одбива од неа. На колку препреки поголеми од 3 метри наидува бранот од Србија према Битола или Штип, па макар да биде зрачен и од граница со Македонија? Дури и да не е тоа, површинскиот бран по земја (полупроводна средина) слабее со квадратот на фреквенцијата, а 100MHz е висока фреквенција. УКБ бранот не се одбива од јоносфера како што е случај со краткиот бран туку ја пробива и оди во вселената. Со Краток бран може поради рефлексија од јонсофера да се оствари и врска со Јапонија со 5W станица, но не и со УКБ.
-
Математиката е во ред но треба да се има во предвид дека на по ниските фрекфенции дифракцијата е по изразена и за тоа продираат подалеку, исто така на пониските фрекфенции слабеењето е по мало одколку на повисоките. Исто така во Мај и Јуни кога се отвара ФМ бандот (E-Sporadic) се фаќаат радио станици од Русија, Германија, Арапските земји и сл.
-
Во архивата најдов нешто занимливо, ФМ сигнал на 96,8MHz од Солун, успеал да стигне до врвот на Водно.
https://www.dropbox.com/s/mbqiberi8h74lsm/Radio%20Velvet%20od%20Solun%20-%20Signal%20faten%20na%20vrv%20na%20vodno.aac?dl=0
-
Не е невозможно да се примаат радио емисии од соседството. Постојат многу апликации за изработка на антени за ФМ подрачјето. Сепак постои непишано правило дека добра антена е адекватна антена. Понекогаш добри резултати се добиваат со едноставни антени кои имаат мало зајакнување, со голем агол по азимут, но големо бочно слабеење на пр. HB9CV. Тоа големо бочно слабеење може да биде искористено за намалување на сигналот од некоја појака емисија без разлика дали е од локал или не, дали е на фреквенцијата на која се прима или блиску до неа а нејзиниот правец се разликува од правецот на емисијата што сакаме да ја примаме. Ако дозволуваат условите може да се вгради малкушумен појасен ФМ зајакнувач. Сепак адекватна антена е најдобриот зајакнувач и со желба за експериментирање се добиваат резултати.
-
Никој не вика дека не може,ама спорадично.Не може,континуирано било кој предавател на UKT од Србија да зрачи на југот на Македонија,а богами и на север. 8) Начинот на простирање,како кажа и Муро,на овие бранови не им дозволуваат поради високите планини на север ( Шар планина,Козјак,Скопска Црна гора итн.) да поминуваат во континуитет.Во пракса ,се случува поради спорадичност и наидување на пр.метеорски облак,или други услови да се *отвори* пропагацијата ,но велам тоа се многу кратки периоди од 10-15-20 минути,кои се идеални за радио аматерите ,но не и за комерцијална радио дифузија.
-
Според мене тоа било најобична рефлексија која се јавува во одреден период во годината и трае неколку часови, ништо друго.
-
А на АМ можно е ?
-
А на АМ можно е ?
Како не 8)
-
Конкретно радио Велвет од Солун го слушав редовно кога идев на врв на Водно било лето било зима. Така да не е Е-Sporadic signal ниту рефлексија.
-
Со сигурност можам да ви потврдам дека радио Београд на 91.7 од Бесна Кобила се фака во Кавадарци и Неготино на одредени делови и тоа на телефон со слушалки обични непреправани за дх, така да ништо чудно и во Штип да има прием .
-
Па да можно е ама нонстоп онака секогаш немате прием нели.Тоа да ама до битола да стигне тешко не ми се верува.Може да се чуе можеби ама за нонстоп да слуша емисија тешко.Убав прием на радио белград онака има кај нас еднаш го имам фатено кај бродец и погоре на скопска црна гора.Не се сеќавам на која фреквенција но приемот беше добар.Ама тоа е блиску или негаде при внатрешноста на државата ете може некој го фатил сигналот.Ама темата вика за во битола не верувам дека до толку може. 8) :)
-
Битола тешко да има прием, за Неготино и Кавадарци има константен прием, па според фмскан.орг од бесна кобила београд 1 зраче со 25 киловати,не е малу тоа.
-
Потврдувам и јас дека на 91.7 и во Прилеп се слуша предавателот од Бесна Кобила. Досега два пати го имам фатено и првин не ми се веруваше дека сигналот е од Србија ама еве се фаќал и од други градови. Антената е најобичен отворен дипол дотеран за фм подрачјето.
Стварно не знам како што рече погоре еден член некогаш и со едноставни антени има добри резултати.
-
Ивица ако може направи аудио запис и закачи го на youtybe или droobox
-
Да и така е некогаш со едноставна антена се фаќа.Но за битола малку тешко.Ивица го фати ли сигналот имаше шум така нели но се слуша.И убаво е ако направиме аудио записи.Ако пак одам накај бродец на скопска црна гора таму има одличен прием.Ќе направиме некој запис.Сепак убаво некој исто ако е во можност да го направи тоа :) ;) :D
-
Пред малку направив видео и денес дефинитивно условите се полоши. Претходните два пати имаше помалку шум.
Priem na Besna Kobila (http://www.youtube.com/watch?v=I0BPRp2pCpA#ws)
-
Е браво како што реков во мојот погорен пост има шум.Но сепак јасно е и може да се фати има денови кога приемот е подобар.И не е нешто времево добро.Инаку на скопска црна гора се слуша супер.Но прилеп каде каде е подалеку но еве ова е чист пример.Браво и супер видео.Но чим вака се слуша во прилеп битола тешко дека ќе има прием.Освен некогаш ретко кога е добро времето и има добра оптичка видливост.И во прилеп поубаво ќе се слуша мислам дека сега се е јасно и баш многу убаво се изнаприкажавме во темава.Во секој случај браво Ивица што волку брзо направи видео :D :)
-
Фала Ивица за видеото. Од каде можам да купам ваков SDR приемник?
-
http://hakshop.myshopify.com/products/software-defined-radio-kit-rtl-sdr?variant=424034573
-
Еве една проста, но добра ФМ антена за 88-108 Мхз која мислам дека ќе ги задоволи барањата на TeslaBT. Имам направено ваква за еден мој пријател. Презадоволен е и ги фаќа и најслабите, односно најдалечните радиостници. Планирам да си направам и за мене, и ќе ја постирам во оваа тема, или посебна.
Објаснето е се, и не е тешко да се направи. Имајте во предвид дека ова е насочена антена и за одличен прием се препорачува и ротатор.
http://www.electronicsforu.com/EFYLinux/efyhome/cover/dec2003/FM-antenna.pdf
-
Фала Ивица за видеото. Од каде можам да купам ваков SDR приемник?
Јас го купив од овде:
http://www.dx.com/p/rtl2832u-r820t-mini-dvb-t-dab-fm-usb-digital-tv-dongle-black-170541#.VNaiC_nF98k
Има и на други безброј страни макар да на Deal Extreme секогаш има прилично реални ривјуа на производите па тоа беше пресудно за да купам од тука.
-
Z31GH фала ќе ја напрам и ќе кажам шо како ќје биди.
-
Штом со обично УСБ стикче преку СДР ШАРП радио Белград има прием во Прилеп, со поасален тјунер верувам јас и со РДС дека ке оди, го иам и јас истото стикче, не се осетливи нешто посебно, од алиекспрес ми е купено.
-
Еве една проста, но добра ФМ антена за 88-108 Мхз која мислам дека ќе ги задоволи барањата на TeslaBT. Имам направено ваква за еден мој пријател. Презадоволен е и ги фаќа и најслабите, односно најдалечните радиостници. Планирам да си направам и за мене, и ќе ја постирам во оваа тема, или посебна.
Објаснето е се, и не е тешко да се направи. Имајте во предвид дека ова е насочена антена и за одличен прием се препорачува и ротатор.
http://www.electronicsforu.com/EFYLinux/efyhome/cover/dec2003/FM-antenna.pdf
Линкот не работи. Го има ли некој pdf фајлот?
Ми треба собна антена за прием на локални FM радиостаници, 88-108MHz, по можност omnidirectional (така ли се вика?)
Ако има некој готов нацрт, би сакал сам да ја изработам антената.
-
Кај мене се симна без проблем, како и да е, во атачмент го има PDF фајлот...
-
Еве уште една антена за FM, ама не е баш мала...
-
Да, не е баш мала, а јас сакав некоја собна антена.
-
Побарај на интернет ќе најдиш. Имаш разни јаги имаш дипол секакви имаш или рачно пресметај си ја и сам конструирај.Пробвав да фатам Радио Београд на MW и ништо фатив руски,украински, италијански , турски и нормално радио Скопје на 810кХз ,а од Радио Београд ни трага ни глас.
-
За собна антена за ФМ не е некоја филозофија, доста е парче жица или телескопска антена од стар радиокасетофон. Џабе појачала за ФМ или слични додатоци. Опкружени сме со ФМ фреквенции. Со собна антена не можеш да фатиш сигнали како со насочена, така да не очекувај многу од собна антена каква што замисле
-
Се зачудив вчера. На старо транзисторско радивце Philips слушав србско радио. Наликваше на радио Белград со програмата оти стално некој емисии имат. Ама ова можи да е и заради Сперадик Е феноменот кој сега започнува. А снимка за жал немам :-\ . Ако успеам и вечерва да фатам нешто ќе го снимам. Поздрав !!!
-
Македонски се викаат *спорадични појави* 8)
-
Да, оваа појава е позната како E-Sporadic, во овој период од годината, поточно во мај и јуни може да се слушнат далечни ФМ станици кои се слушаат на одредено место и со фединг (се губат/се појавуваат, и се така) Прв пат овој феномен лично го доживеав со мобилен телефон кај манастирот Св. Пантелемон во горно Нерези во Скопје. Слушав Руско радио, некаде беше на 105,6 МХз или така нешто, други радиа од Германија на 87,5 и на ниските фрекфенции од ФМ бандот.
Сепак тие станици што се слушаат кај нас емитуваат со огромна снага, по 10kW и повеке. Така да наше радио многу тешко дека би се фатило некаде преку e-sporadic. Истиот овој феномен го увидов дома каде на аналогната телевизија ја фатив грчката ЕТ на 27 или 28 канал. Тие канали се на UHF но ете и тоа е можно. Порано имаше едно грчко радио Heart FM, радиото емитуваше со 5kW од Солун и се слушаше во скопстака населба Железара, Водно, Скопска црна гора, Даутица, Јакупица, Кокино и кај ти не. Последново радио се слушаше директно а не преку E-Sporadic.
Има многу интересни работи во радио сигналите :)
-
Македонски се викаат *спорадични појави* 8)
Не знаев точно како се поради што поголемиот дел на литература што ја читам е на Англиски.
Да, оваа појава е позната како E-Sporadic, во овој период од годината, поточно во мај и јуни може да се слушнат далечни ФМ станици кои се слушаат на одредено место и со фединг (се губат/се појавуваат, и се така) Прв пат овој феномен лично го доживеав со мобилен телефон кај манастирот Св. Пантелемон во горно Нерези во Скопје. Слушав Руско радио, некаде беше на 105,6 МХз или така нешто, други радиа од Германија на 87,5 и на ниските фрекфенции од ФМ бандот.
Сепак тие станици што се слушаат кај нас емитуваат со огромна снага, по 10kW и повеке. Така да наше радио многу тешко дека би се фатило некаде преку e-sporadic. Истиот овој феномен го увидов дома каде на аналогната телевизија ја фатив грчката ЕТ на 27 или 28 канал. Тие канали се на UHF но ете и тоа е можно. Порано имаше едно грчко радио Heart FM, радиото емитуваше со 5kW од Солун и се слушаше во скопстака населба Железара, Водно, Скопска црна гора, Даутица, Јакупица, Кокино и кај ти не. Последново радио се слушаше директно а не преку E-Sporadic.
Има многу интересни работи во радио сигналите :)
Радио Скопје (Македонско радио) се слуша директно во Солун некогаш и без E-Sporadic. Поради што од Пелистер се емитува со 10k. Вечерва опремен со подбра антена чекаме да се јави некој ;D
И според википедиа на англиски е Sporadic-E propagation.
https://en.wikipedia.org/wiki/Sporadic_E_propagation
-
Радио Скопје (Македонско радио) се слуша директно во Солун некогаш и без E-Sporadic. Поради што од Пелистер се емитува со 10k. Вечерва опремен со подбра антена чекаме да се јави некој ;D
Имам пробувано во Паралиа и Олимпик бич, но тамо не можев да слушнам ниту едно наше радио. Едино по пат за кај што се дели патот за Катерини и Солун го слушав Македонско Радио 1 од Туртел.
-
Edward Victor Appleton е англиски физичар кој ги проучувал и објаснил појавите на простирање на радио таласите и го докажал постоењето на јоносферата.1947 г добил Нобелова награда за физика.
цитирам: *E sloj se nalazi odmah iznad D sloja, na visini 90 km do 150 km.
Može odbijati frekvencije samo niže od 5 MHz. Zato navečer čujemo mnoge
srednjovalne postaje, koje po danu nismo mogli čuti.
Poslije zalaza Sunca E sloj se polako gubi, a pred jutro potpuno nestaje.
Povremeno se u E sloju javljaju jaki i kratkotrajni oblaci elektrona koji
omogućuju iznenadne daleke veze na metarskim valovima, koje se dugo nisu
mogle objasniti. Takav iznenadni podsloj naziva se sporadičnim E slojem
ili Es slojem (prema engl. sporadic, povremen) i najčešće se javlja ljeti,
ujutro ili navečer.*
Значи,спорадично = повремено
-
Претпоставував дека нема да верувате, но еве пак ќе потврдам, имам Opel Astra од 2003 со вградено фабрички радио касетофон. Радио „Београд први програм“ го ловам на 91.7Mhz FM во стерео техника со активен RDS. Кој не верува нека повели, ке провозиме еден круг низ градот и ке го уверам. Дури и јас не верував, мислев дека е друга радио станица, дури еден ден застанав со колата на еден паркинг 10-тина мунити за да видам дали константно ке го имам сигналот, и цело време без никакви проблеми, прекини и пречки го слушав оваа радио во стерео квалитет и разни информации на RDS.
Поздрав
И во повисоките делови на Неготино и малку понадвор од градот се слуша радио Белград на 91.7 и тоа одлично. Се слушаат дури и грчки радиа на пример „RSO“ солунско радио со одличен сигнал, и други на кои не им ги знам имињата..
-
RSO е на иста фрекфенција со радио Белград. Иначе супер радио е, редовно го слушам кога сум во Грција или некогаш преку интернет. Радио Белград емитува од Бесна Кобила.
-
RSO е на иста фрекфенција со радио Белград. Иначе супер радио е, редовно го слушам кога сум во Грција или некогаш преку интернет. Радио Белград емитува од Бесна Кобила.
Хехе , ми се свиѓа воа шо го кажа за RSO (Y) (Y) (Y), Инаку епа и двете се мешат, ако се завртиш на север го слушаш Р.Б, а ако се завртиш на југ го слушаш RSO. Ќе направам некое видео