Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: donis92 on 13.04.2012, Friday, 16:40:38

Title: Проблем со nVidia 7300GT
Post by: donis92 on 13.04.2012, Friday, 16:40:38
Проблемот на графиката е во тоа што ја местиш на слотот и го завртува кулерот на процесорот некој цм и одма го гаси, а на онбордот нема проблем се си е океј, графиката е пробана и на друга плоча истиот симптом и таму, ПРОБАВ со тоа рецептот од батка да а испечам ама не ми успеа, нешто друго, има сменето и електролити други се ставени
Title: Одг: Проблем со Нвидиа 7300ГТ
Post by: SaleSk on 13.04.2012, Friday, 18:43:47
Штом не сака да ти ја пали плочата, графичката картица има некаков спој на неа...Најчесто страдаат мемориските чипови, но по твојов опис таа дефинитивно преминала...Слободно можеш да ја фрлиш, бидејќи времето кое ке го потрошиш да ја поправиш, а никогаш нема да успееш во тоа, е многу поскапо.

+ незнам од каде ви е идејата за печење на графички картици и останат хардвер и кој ви ги дава тие совети кои се крајно и максимално опасни по вас и вашето здравје...? Можеби си заборавил масло, шаргарепа, магдонос и други зарзавати да и ставиш во текот на печењето, па затоа и не ти работи а?...
Луѓе, не си играјте за 500 денари колку што вреди графичкава, а може да направите беља огромна...Прво врз шпоретот а потоа врз вашето здравје...Не дај боже да пукне некој електролит, слободно ке може ралната да ја фрлите во контејнер, а недај боже по печењето да ја извадите па тоа да се случи недај боже додека ја држите во раце...
Стварно не ми е јасно како печете плочи во места каде што се спрема храна, а и е наменето за спрамање храна...Ке се отруете еден ден...
А и да успееш да поправиш ладен лем на тој крајно небезбеден и максимално опасен начин, тој за кратко време повторно ке се појави...

Мој најдобро намерен совет е да ја фрлиш графичкава и ако баш толку многу ти значи купи си една од пазар3 за 500 - 600 денари и бркај работа...


Title: Одг: Проблем со Нвидиа 7300ГТ
Post by: batka on 13.04.2012, Friday, 22:43:50
Абе Сале не сум го измислил тоа *печење * ниту јас ,ниту некој од МК,да не речам од Скопје.Јас лично имам пробано дваесетина-триесет пати и барем половината плочи проработеа повторно,Сега имам некоја пристојна опрема ,па не печам ами дувам  и резултатор е подобар ,особено со постарите графички на АГП.И за твоја информација,печењето е руски изум.Имаш цел куп видео клипови ,па погледај во слободно време.Повекето графички кои ги имам рекламирано во гарантен рок,а ми се вратени од сервис во реномирани компјутерски фирми во Ск. се *репарирани* на тој начин.Ако имаш некој добар пријател по тие сервиси прашај го.
Title: Одг: Проблем со Нвидиа 7300ГТ
Post by: donis92 on 14.04.2012, Saturday, 01:32:37
графичката и онака е планирано да а потполни некоја канта, друго и не и останува ама ми беше да пробам да видам што и како резултат ќе добијам со печењето чисто од радозналост а сале ако имаш некоа ваква картичка за 500-600ден контактирај ме
Title: Одг: Проблем со nVidia 7300GT
Post by: SaleSk on 14.04.2012, Saturday, 10:06:09
Ваква имав и ја продадов пред 10-тина дена за цена од по 500 денара, комплетно исправна...
Доколку сакаш да најдеш некоја ваква или слична посети ги pazar3.com.mk или reklama5.mk и сугурно ке најдеш нешто.
Title: Одг: Проблем со nVidia 7300GT
Post by: donis92 on 14.04.2012, Saturday, 15:27:39
ок колега, ако ти налета нешто кажувај оваа беше 512мб 128битна

Споено мислење: 14.04.2012, Saturday, 15:28:00
а на пазар3 и реклама5 нема барав
Title: Одг: Проблем со nVidia 7300GT
Post by: SaleSk on 14.04.2012, Saturday, 15:55:35
Ке побарам и ако најдам нешто слично ке ти пишам...
Поздрав
Title: Одг: Проблем со Нвидиа 7300ГТ
Post by: filipmkd on 14.04.2012, Saturday, 16:48:05
Абе Сале не сум го измислил тоа *печење * ниту јас ,ниту некој од МК,да не речам од Скопје.Јас лично имам пробано дваесетина-триесет пати и барем половината плочи проработеа повторно,Сега имам некоја пристојна опрема ,па не печам ами дувам  и резултатор е подобар ,особено со постарите графички на АГП.И за твоја информација,печењето е руски изум.Имаш цел куп видео клипови ,па погледај во слободно време.Повекето графички кои ги имам рекламирано во гарантен рок,а ми се вратени од сервис во реномирани компјутерски фирми во Ск. се *репарирани* на тој начин.Ако имаш некој добар пријател по тие сервиси прашај го.


Батка со тоа печење или дување по колку време ти работат графичките или матичните плочи ... Ако не ги смениш бга топчињата џабе е
Title: Одг: Проблем со nVidia 7300GT
Post by: batka on 14.04.2012, Saturday, 20:05:32
AGP графичките се репарираат скоро како што биле ,кога биле во добра форма.Успешноста е скоро 60-70% кај нив,а PSI ех. процентуално 40-50% . Впрочем имаш на .нет доста спотчиња,побарај и види.Порано имаше ТВ Орбитер Горење со некој TDA36xx ,веке не се сеќавам точно кој беше,ама сервисеров иде да го поправа,го вади чипот и со упаљач го*испече*,додека го испи кафето се излади,го врати во постољето и ТВ -то тргна!! Човекот беше од Штип.Иначе чипот имаше неверојатна цена од 25-30 ДМ имногу функции одеа преку него. Иначе на руските сајтови има мнооогу примери како ги средуваат тие работи кај нив.
Ако графичката проработи може и со години да оди,како и другите со слично годиште на старост.Со дувалка треба само чипот да пробаш да го *испечеш* и тоа отприлика сврти 15-20 круга на температура и до 360 степени.Остави го да се излади самиот,полека, и стави го во слот.Некогаш и повторно сум ги минел,ако мислам дека недоволно се * допечени* и не тргаат поради тоа.100% успешност нема,ама велам постарите  графички се поиздашни. 8)
Title: Одг: Проблем со nVidia 7300GT
Post by: filipmkd on 15.04.2012, Sunday, 20:57:09
Кај мене 95% од графичките успеваат, скоро сите кога ги дувам, ама ај после тоа оклучи некоја игра и играј па ке видиме дали ке издржи повеќе од една недела
Title: Одг: Проблем со nVidia 7300GT
Post by: batka on 15.04.2012, Sunday, 22:13:15
Види,не верувам во магија,во надри-лекови и слично.Но,почнав да *пржам* графички бидејки прво АГП-то ги нема или се ужас скапи.Мислиш ако купиш некоја од Пазар 3 сигурно три години ке оди??? Кој може тоа да го предвиди.Може би по една недела ке откаже.Но,кај АГП структурата е подруга,помасивна некако и полесно се топи калајот веројатно,а и нема толкаво греење.Овие новиве имаат поголем проток на струја,повеке греење,стабилизатори итд,па и кваровите се покомплексни.Не ми е проблем да се задлабочам и да менувам и фет-ови и контролери,дури и сите електролити,но јас како фирма повеке сакам да ти речам * готова е ,фрлија во ѓубре и купи од кај мене нова!* Но,велам некогаш се управува и оди со месеци и години.Имам се уште во употреба графички кои пред 1-2 години сум ги репарирал и тераат и игри и се! Најнезахвални се ГФ 8400 и 8500 ,ги има неколку вида и имаат * крш* од делови внатре.Половината од нив после 2-3 години се веке фрлени и заборавени