Во оваа тема ке дадам мој осврт за тоа што би се случувало во наредните години во полето на телекомуникациите и електронските медиуми (радио, ТВ, интернет портали) Секако во оваа тема би било добро доколку и вие дадете свое мислење или своја анализа, ама никако препукавање и навредување. Прво ке почнам за електронските медиуми.
Како што сите знаеме уште до пред 10-15 години беше експанзијата на радио емитувањето на кратки, средни и долги бранови, емитување на аналоген ТВ сигнал, емитување на ФМ радио станици, аналогна сателитска телевизија.
Подоцна поради економски причини, штедење на фрекфентен опсег, делење на една фрекфенција на повеќе корисници, а со тоа и помала цена за дозвола за користење на радиофрекфенциите, помали сметки за електрична енергија, почна да се преминува кон дигитално емитување па така почнаа да се намалуваат радио станиците што емитуваат на кратки и долги бранови, за да за некоја година целосно исчезнат. Се гасат моќни предаватели во тој опсег кои емитуваат и по 6 мега вати енергија, а нивната потрошувачка вероватно е околу 10 мега вати на час. Се намалуваат и среднобрановите предаватели, се почнува со намалување на нивната снага а по некое време и целосно гасење на предавателите. До пред некоја година имаше идеа да се дигитализираат средно, кратко и долгобрановите предаватели по стандардот DRM и со тоа да се премине кон дигитално емитување, каде со помала снага би се постигнал истиот домет. Но тоа некако тешко дека ке се случи. Бидејки нема интерес да се инвестира во тој опсег, приемниците никој не ги увезува кај нас, а во странство се сеуште скапи. Некои држави почнаа експериментално да емитуваат во DRM но и прекина. Во денешно време се повеќе се појавуваат интернет медиуми, вероватно за тоа што за таков медиум не е потребна некоја голема инвестиција. Да се вратам на темата
мое мислење е дека за годините што следат ке згасне емитувањето на кратки, средни и долги бранови во целост и нема да се воведе DRM ниту друг начин на дигитално емитување. Телевизијата стана дигитална и аналогниот сигнал се исклучи, со тоа дојде до заштеда на многу пари за струја, одржување и заштеда на фрекфентен опсег кој може да се додели на други корисници. ФМ радиото кај и да е ке згасне и ке се премине кон дигитално емитување DAB+ на VHF3 опсегот. За тоа предавателџии, правете предаватели и уживајте уште малце оти после ке нема кој да ве слуша на ФМ (мала шала). Со DAB би се заштедил фрекфентен опсег и а пари. Сателитското емитување веке е целосно дигитално, и мислам дека сателитите и понатаму ке се произведуваат и користат за пренос на телевизиски, радио и дата сигнали. Поголемиот дел од податоците ке одат преку оптички кабли низ целиот свет, дури можно е и некои телевизии од економски аспект да се дистрибуираат до кабелските оператори преку оптички кабли и интернет. Интернетот ке има поголема и поголема експанзија, ке се наголемува брзината и ке се појавуваат се повеке и повеке интернет информативни портали (само да не се како нашиве copy….paste) Сметам дека на голема жалост ке до-опадне културата и моралниот однос во новинарството. Можеби некој од постарите се сеќава како телевизиите известуваа до пред 15-20 години. Новинарите имаа некоја етика, морал, култура, знаеа како правилно и објективно да известуваат, беа непристрасни. Дури и политичарите на телевизија имаа едно по високо ниво на култура. Приватниве телевизии ја донесоа не професионалноста во новинарското работење, се зазема страна, се брани власта, тенденциозноста зема замав, не се бираат зборови при известувањето, може да се вреѓа и клевети, може да се кажуваат дезинформации. Дури и сега донесоа закон за да ги ослободат новинарите од кривично гонење на навреда и клевета, бидејки во спротивно ке треба да градат многу нови затвори
. На пример пред некој ден гледав најава за вест: Aвион во сто и нешто патници влезе во зграда. Што подразбирате од ова? Јас подразбирам нешто слично како во кулите близначки во америка и секако голем број на жртви. Е што било работата, авионот при припрема за полетување со едното крило чукнал во зитот од зградата на контролната кула и толку. Нема повредени, нема жртви. Е порано пред 15 години, за ваква стресна најава (дезинформација) се леташе од работа, а сега за вакво нешто ке добие унапредување новинарот оти станал по интересен, го задржал вниманието на гледачите. Тек на интернет медиумите е бетер, тамо па како непрофесионално се известува не треба да се коментира. Идеме понатака. Значи за можеби 10-15 години ке имаме само DVB-T/S/C и DAB+ приемници и секако супер брз интернет со многу нови корисни апликации, но секако ке мораме да бидеме мноогу смирени и претпазливи, кога се работи за земање здраво за готово на некоја информација пласирана на медиумите. Сметам дека печатените медиуми ке згаснат и нема да излегуваат весници. Можеби по некое списание само
Да не заборавам, мислам дека кабелските оператори за пренос на ТВ, радио и податоци имаат светла иднина.
Доста беше за првиот дел, ајде сега да кажам и некоја реченица за вториот дел од темата.
Начининот на телекомуникации до пред 15-20 години беше исклучиво преку фиксен телефон, и еднонасочна комуникација преку текст пораки преку пејџер. Да не заборавам, пишување на писменца
Сега се повеке и повеке луге ги откажуваат фиксните телефони, и преоѓаат кон мобилни бидејки на мобилните имаат многу поволности како бесплатни мунути. Мислам дека фиксната телефонија ке исчезне. Комуникацијата преку писма изгледа веке е на заминување. Со новата 4G технологија, вероватно ке згасне 3G технологијата и може за неколку години нема да има 3G мрежи. На 2G GSM не му предвидувам крај, иако е постар стандард, телефоните само со GSM се евтини и може да ги има секој што му е само за Ало Ало, како пензионери, мали деца, луѓе што немаат потреба од користење на нови технологии. Ако се случи 4G технологијата да поевтини можно е и да се прават евтини телефончиња само за Ало Ало со 4G и без GSM, во тој случај можно е и GSM мрежите да се исклучат во целост. Како што иде напредокот во софтверските апликации како Вибер, операторите се помалце ке имаат повици а се повеке ке имаат data трансвер (VoIP) па така скоро никој нема да врти по скапа цена за меѓународен повик, едноставно Вибер ке си инсталира и ке зборува без ограничувања. Вибер-от е на добар пат да ги замени и SMS пораките, па може и локалните повици.
Тоа би било од мене сега за сега.... ајде дајте и ваша анализа