Не брату, баш заради тоа имам напишано јас сум радиоАМАТЕР хехе, мислеќи во буквална смисла додека вие што се нарекувате радиоаматери на форумов ве сметам за радиоПРОФЕСИОНАЛЦИ бидеќи сте оделе во клубови, завршиле и положиле испит и сл. Додека јас покрај електрониката радиостаниците и предаватели ми беа хоби и многу интересни од детство но во Македонија да купам такво нешто во моето време беше научна фантастика па затоа сами си правевме некакви ФМ предаватели, па 19кхз пилот сигнал за стерео и слични играрии. Но сега имам колку толку можност да купам по некоја играчка и да се занимавам и за мене се интересно хоби, претежно во делот околу мерења, испитувања на снаги, домет.. гледам има сега и некои интересни кинески радиостаници декларирани и по 40 до 60 вати. тие се интересни како за репетитори, напојувања за нив на сончеви колектори со акумулатори или инвертори... но стварно немам познавања околу правилата закони и слично па затоа и не земам станици од профи областа како моторола или yaesuи сл, а и коштаат прилично повеќе.