@xantox
Точно така, локациите беа затворени, а репетитирите беа симнати. Истото се случе и со R7 пред некоја година кога беше симнат од локацијата демек „доста е не е потребен повеќе„
А да не зборуваме за R2 и охридската нула која заврше во такси компанија. Тој период тие репетитори беа прогласени како „не се потребни повеќе„
Но работите се сменаа кога се смена раководството на РСМ. На чело на РСМ е друг претседател кој многу работи смена на подобро, а поединци го кочаеа во тоа за да не излезат работите на виделина.
Кога имаше генерално собрание на РСМ во Скопје мислам некаде 2011 случајно се најдов во Велес и по претходен телефонски разговор со радиоаматер од Скопје ми беше пренесено дека за неколку часа ќе има собрание на РСМ во Скопје. Веднаш тргнав за Скопје. Тоа мое изненадно појавување на состанок направе да има кворум за гласање бидејќи некои поединци сакаа да го прогласат состанокот за невалиден бидејќи немаше кворум за гласање пред да се појавам на состанокот.
Ги подржав сите предлози на претседателот во насока за подобрување на состојбата на РСМ. Беше побарано од поединци, членови на минати раководство или тела на РСМ кои во поголем број не дојдоа на состанок, да ги вратат сите симнати репетитори R7, R2 и Охридската нула. Им беше дадена шанса за работата на не оди на суд. Поради сега имањето на кворум многу работи беа изгласани. Потоа поединци (блиски до минати раководства на РСМ) сакаа да го прогласат моето присуство невалидно, исто како и да го прогласат состанокот невалиден и да го дискредитираат претседателот на РСМ, но не им успеа. Бев предмет на разни притисоци, но не се повлеков, туку напротив станав погласен.
R6 колку што бев информиран, додека беше на Скопска Црна Гора бил „Приватен репетитор, односно присвоен од некого, со други зборови самоволно прогласен како приватна сопственост а не сопственост на РСМ, затоа репетиторот беше запечатен и затворен од РСМ пред се да се заштити.
R7 беше вратен на РСМ, исто како и R2 и охридската нула. Сега се во владение на РСМ. R2 беше толку оштетен и му фалат делови, добро се гледаше дека некој го кубел репетиторот.
R7 беше вратен на солунска глава, а R6 почна пак да работи но ете како што рековте пред 10 месеци е поставен на друга локација. Потоа по иницијатива на сегашниот претседател на РСМ беше поставен и R3, како и прилепската нула.
Во меѓувреме R7 бешее оштетен од гром и сега не работи и верувам дека за брзо време ќе се врати во функција, исто како и охридските репетитори.
Сега веќе како член на надзорен одбор од 2013, гледам и јас колку што можам да помогнам работите да тргнат нанапред.
РСМ на неколку поединци кои беа одговорни за тоа по враќањето наисчезнатите репетитори, на некој начин им опросте во знак на ham spirit, но и натаму гледаат да го кочат РСМ
Тоа се само поединци 4-5 души, кои не можат да си опростат што не се тие на чело на РСМ. Тешко на РСМ ако беа тие. Се зборува дека во еден ден 200 души положиле за радиоаматерска класа колку да имаат право да користат радиоаматерски репетитори за лични цели, ловци, параглајдеристи итн. Тие околу 200 души, најголемиот дел не ни помислуваат да плаќаат членарина на РСМ и ден денес.
Откако се случе тоа АЕК го укина правото да се полага во клубовите, и сега секој мора да полага во АЕК, што мислам дека е правилно.
Оваа тема е голема, но ова е само мал дел од глупостите што се случуваа во РСМ. За среќа сега работите тргнаа на подобро и во иднина мислам дека работите ќе бидат уште подобри. Таквите поединци никогаш повеќе не треба да бидат дел од раководства на РСМ. Имињата и знаковите на тие поединци не ми се познати, ова што го кажувам тука е зборувано на состаноците на РСМ каде што и јас присуствував.