Не би рекол дека си нов во радиотехниката. Фактот дека имаш направено повеќе радиопредаватели го докажува тоа.
Мислам дека R6 има и во Скопје, но пази, сите R6 во било која држава се на иста фреквенција RX i TX. Но мене тука нешто не ми е јасно. Колку што знам R6 e на Водно, а на картата е некаде кај Велес. Исто така гледам на таа карта повеќе репетитори R6 во Србија, односно Сурдулица, Ваљево и Сомбор. Колку што знам не може некоја држава да има повеќе репетитори со иста ознака, односно на иста фреквенција. А R6 колку што знам е на Bодно, доколку е преместен може не сум се информирал.
Можеш и смееш легално да направиш радиостаница за радиоаматерски потреби, ти си веќе лиценциран радиоаматер и имаш право на тоа.
Мислам дека не можеш ФМ предавател да пренамениш за радиоаматерска станица На ФМ предавателите целото коло е дизајнирано д работи на фреквенција од 88-108 мегахерци. На радиоаматерските станици на ФМ мод имаш 600 килохерци разлика меѓу RX i TX.
Имаш разни шеми на интернет за домшно изработена радиоаматерска станица, си направил доста ФМ предаватели и мислам дека би можел да се обидеш да направиш радиоааматерска станица за 144 мегахерци