Author Topic: Најдобрите брендови по реални цени  (Read 1514 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Најдобрите брендови по реални цени
« Opened on 22.11.2016, Tuesday, 21:33:26 (Edited 22.11.2016, Tuesday, 21:38:02) »
Во оваа тема ке објавуваме радио станици од познатите брендови кои се со реални цени, не како оние кај нас.

Ова е модел на производителот Yaesu

$238.77 & FREE Shipping

Code: [Select]
https://www.amazon.com/Tri-Band-Yaesu-VX-6R-Submersible-Transceiver/dp/B004ESEW6C/ref=as_li_ss_tl?ie=UTF8&qid=1479832832&sr=8-16&keywords=KENWOOD+HAM+RADIO&linkCode=sl1&tag=qn0c-20&linkId=12f9d49a741f7b205fca991e119b0362
За истата станица пишува и популарната web страница посветена на радиоаматеризмот во светски рамки.




Напомена:
Во оваа тема апелирам за почитување на правилата на форумот и за позитивна атносвера и без провокации!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: Најдобрите брендови по реални цени
« Reply #1 on 22.11.2016, Tuesday, 23:29:33 (Edited 22.11.2016, Tuesday, 23:32:03) »
Амазон не испорачува во Македонија.

На цената (вклучувајќи и транспорт) удри 18% ДДВ + 5% царина + колку год шпедиторот ќе ти наплати (оти пратката е над 8к денари) и тогаш ќе ја добиеш реалната цена :)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Најдобрите брендови по реални цени
« Reply #2 on 23.11.2016, Wednesday, 12:12:24 (Edited 23.11.2016, Wednesday, 12:41:29) »
Пак доаѓа поевтино од кај нас. На цената на станицата додадов 18% ДДВ + 5% царина и добив сума од 286 евра. Кај нас ако има дуал банд станица испод 350-400 евра среќен ке бидам.

Нека не праќаат Амазон кај нас, истата станица ја има по иста или нешто поевтина цена на Ebay.

Иначе има можност да не ги платиш овие давачки, секако по легален пат, но треба да се распрашам точно како иде процедурата.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Морам малку да сум скептик на темата, од неколку причини :-)

Викаш кај нас - колку што знам во МК нема продавница за радио аматерска опрема, или некоја нова изникнала во 5ве месеци што не сум таму ?

*реална цена* е мноооогу широк поим. Реалната цена на некој производ (или добро) ја диктира пазарот т.е. односот на побарувачка / понуда. Затоа што кај нас нема никаква понуда, реално е цените да бидат скапи, а воедно нема ни вистинска побарувачка за овие добра (економија 101).

EBay не го решава проблемот, не верувам дека било кој продавач би испраќал скапа опрема (а богами ова наше хоби и бара малку поскапа опрема) бесплатно.

Баш ме интересира за таа процедура. Последниот пат кога го читав законот за ослободување на пратки од царина, немаше спомнато радио-аматерска опрема... но нормално дека и тоа подлежи на промена :)