Author Topic: Како да се развие радиоаматеризмот во Македонија  (Read 2112 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Живееме во време во кое техниката, мобилната телефонија, компјутерите, смартфоните во комбинација со интернетот си го направија своето. Меѓу сите убавини и придобивки кои ги имаме од сите тие нови технологии, има и една негативна. Лошото е што се помалце и помалце радиоаматери не има. Многу од младите, во најголем дел младите девојки се цело време со смартфоните во рака и се допишуваат на Facebook или листаат, кој што објавил, кој лајкувал и т.н. Седат луѓе на маса во кафич и сите со телефоните во раце. Добро на оваа тема може до сабајле да пушувам но не е тоа поентата....

Ајде да почнеме,

Многумина ми викаат во 21 век кога имаш вклучени минути во претплатата за разговори од мобилен, SMS, интернет, Вибер и што ти не, ти на крај се "навраќаш" на користење на радио станица, ЗОШТО ???

Како да им објаснам, едноставно мерак е, тоа не се објаснува со зборови. Кој има мерак по нешто и троа мозок во главата ке му текне што беше тоа мерак.

Зошто радиоаматер во 21 век ? Епа задоволството е во тоа да го обиколиш целиот свет со сигнал од твојот уред, задоволство е да разговараш во реално време со некој од Русија, Кина, Индија, Јапонија, Америка... и на крај не си зависен од никого. Едино си зависен од електричната мрежа и ништо друго :) ма да може и ова да се реши со агрегат.

Радиоаматеризмот е од стратешко значење на секое општество. Во случај на елементарна непогода од типот на големи земјотреси, поплави, сончеви бури, војни и сл. Страдаат, сателити, оптички кабли, мобилни GSM/UMTS/LTE мрежи. Во тој случај се прекинува секаква телекомуникација. Таков беше примерот во поплавените делови на Србија во 2014 година, исто и во војната во Србија во 1999 година. New York кога си ги срушија кулите, како што се сеќавам тогаш кажуваа дека цел град е без интернет, телефон, телевизија и радио.

Е во вакви ситуации радиоаматерите имаат најголем авторитет Многу пати се случува радио аматери да пренесат важна информација. Пак ке се навратам во 1999 година, на RTS SAT во еден прилог презентерот на вестите прочита една информација и на крајот рече: како што пренесоа радиоаматерите

Е сега како да се подобри радиоаматеризмот конкретно во Македонија, во секој случај најбитна е желбата, која исто така може да се иницира преку промоции на суштината на радиокомуникациите како хоби. Денес барем е многу едноставно да станеш радиоаматер и тоа се прави во неколку чекори и тоа.

- Одиш во АЕК и поднесуваш барање за да полагаш за радиоаматер.
- Ги симнуваш прашањата од форумов и ги учиш, повекето веке ти се познати од општа култура.
- Те повикуваат за полагање, одиш полагаш и си бираш знак.
- Плаќаш 500 денари административна такса и чекаш да ти стигне лиценцата.

Во меѓувреме нарачуваш евтина радио станица од Ebay, DX, Aliexpres или друг интернет продавач. Овие станици за почетници се супер. Ако сакаш бренд ке си купиш нешто поскапо.

Полесно може да биде? Мислам дека не !

Потоа се бара едно нешто, тоа е да бидеме сложни и да се дружиме и почитуваме.

Што мислите вие околу ова проблематика?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Како да се развие радиоаматеризмот во Македонија
« Reply #1 on 05.06.2016, Sunday, 00:27:35 (Edited 05.06.2016, Sunday, 00:29:53) »
Вака Дх-ер: прво ,ако сакаме да го покренеме радио-аматеризмот  во МК мораме  да извршиме коренити промени во образовниот систем! Немаме веќе * подлога* за техничките науки ,ниту пак има можност за дополнителна настава во основните училишта.Радио аматер се станува со 12-13 години ,во основно  училиште.Македонија како држава нема стратегија за ова,ниту пак државата има желба за такво нешто.Македонија  е мала,планинска државичка која за жал нема РМЗО мрежа (радио мрежа за опаност).Тоа беше дел од поранешната ЈУ стратегија,а сега се се базира на IT технолога  и мобилна мрежа. Во случај на временски непогоди,несреќи од поголеми размери,како земјотреси,поплави и сл. ние ќе немаме комуникација на повисоко ниво.Еден посериозен удар може лесно да ја сруши напонската ,но и мобилната мрежа во Скопје на пример,а познавајќи ги нашите вродени особини,сигурно ке се начекаме дури тоа да се среди.Е,тука треба да  се најдат радио-аматерите: тогаш ке треба комуникација со светот,пренесување на вести,пораки, известувања ,телеграми.Не пожелувам до тоа да дојде,ама треба да бидеме на се спремни ! А за тоа ке ни требаат *школовани* радио-оператори ,а не локални * муабетчии*.Лесното добивање она лиценца не е мерило на некој квалитет,уште помалку потреба за омасовување на радио-аматеризмот.Треба квалитет!!!!! А квалитет се добива со повеќегодишна работа во клубовите - од конструктори,новици ,до клубски , а потоа и лични радио оператори.На прсти се бројат квалитетни PPS во МК !! Техника лесно се набавува,ама кадар се создава со години. На потег е државата - ако сака радио-аматеризам мора да сврти лист!!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Во целост се сложувам со комнетарот на Батка, за жал таа е реалноста.
Комуникациите се сведени на директни сателитски телефони за потребите на општините.
радиоаматеризмот е изумрена категорија за наши услови.
Иако морзеовата азбука се користи сеуште во некои држави.
Ренесанса е потребна и на ова поле :) може и барок

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
може и барок
Не не не, уште тоа ни фали во радиоаматеризмот :)

Ренесанса е потребна и на ова поле
Аууууу Боже сачувај, скраја да е!


Бактка и Диди тоа е тоа, тоа е фактичката ситуација, баш така или слично наведов во мојот пост. Сепак не очекувам да се врати радиоаматеризмот во она „златно доба" кога било престиж да си радиоаматер, но ете да бидеме по добри од сегашната слика.


Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не можете без подршка и  знаењето на постарите аматери да одите подалеку! 8) Добро е што има сеуште оператори кои ја *завршија* школата на бившата ЈНА. ;D ;D Од нив може доста да се научи,само се поретко има заинтересирани *слушатели*.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Како да се развие радиоаматеризмот во Македонија
« Reply #5 on 06.06.2016, Monday, 01:10:13 (Edited 06.06.2016, Monday, 01:44:23) »
За да се подобри радиоаматерството, односно да се развие, потребно е да почнеме од самите нас.

@Dx-er
          Со самото отворање на темата ти веќе придонесе за развој на радиоаматерството. Зошто го велам тоа? Затоа што покажуваш интерес за радиоаматеризмот. И не само врз основа на оваа тема, туку воопшто, ако се разгледаат твоите постови во врска со ова поле.
          Радиоаматеризмот во Македонија датира уште од 1946та година. Од тогаш имаше голем подем во оваа област. Уште од школска возраст учениците кои ги влечеше радиотехниката се едуцираа и натаму и станаа врвни и ценети радиоаматери кај нас и во светот. Но тоа е веќе минато. Да ја согледаме денешната ситуација.
          Во Македонија има регистрирано околу 400 и нешто знаци. Од тие 400 и нешто знаци речиси на половината баш им е гајле за радиоаматеризмот во Македонија. Едно што не се активни, второ што никогаш некои од нив не се ни сретнаа со радиостаница итн. Но тоа сега не е тема на разговор, а и не е толку битно. Битно е што можеме да направиме за да го развиеме радиоаматерството во Македонија.
          За развивање на радиоаматерството во Македонија, постои организација која се вика Радиоаматерски сојуз на Македонија. РСМ се грижи ние како земја да се покажеме надвор од нашите граници. Се одржуваат курсеви за млади и возрасни и секако тој што сака и го влече радиотехниката ќе постане радиоаматер. Сојузот одржува и натпревари, домашни и меѓународни, како и учествува на светски натпревари во брза телеграфија, радиогониометрија, HQ натпревари и така натаму. Редовно се одржуваат состаноци и се претставува целата програма. Годишно се организираат неколку состаноци. На состаноци има луѓе, но од постарите генерации, од помладите речиси и да нема.
          Но, во младите радиоаматери има и потенцијал и луѓе што сакаат да работат, но малку се таквите кои сериозно го сфатиле радиоаматерството. Останатите не почитуваат Ham spirit, не примаат совети од поискусни радиоаматери и на крај ке им кажат дека појма немаат. Неодамна можеше да се прочита дека РСМ е само едно граѓанско здружение. А какво здружение ќе биде ако не граѓанско? Во државава, цивилна организација не може поинаку да функционира, во нитуеден закон.
          Познат е еден случај кога радиоаматер за потребите на еден репетитор ја донира својата антена која ја платил 100 евра. Тоа е за пофалба и пример за радиоаматер, а не како некои што не сакаат да подмират симболична членарина за сојузот, а ги користат репетиторите кои се инвентар на РСМ. Но нема да дискутирам повеќе на минатата тема, ставовите си ги кажавме. Само со еден радиоаматер успеав на одличен начин да се разберам и сега го почитувам уште повеќе.
Други велат дека не се запознати со програмата на РСМ. Е со инка ли треба да им се тури во главата? РСМ има гласило, па нека се ангажираат малку и нека пратат. Покана никој нема да добие на писмено. Пак ќе речам дека за развој и подобрување на состојбата во радиоаматерски план мораме да почнеме од самите нас.

@batka
Потполно се согласувам дека треба измени во образовниот систем, нема РМЗО, а недај боже да затреба. Ќе настане тотален хаос ако снема електрична енергија и ако мобилната мрежа, фиксната телефонија и интернетот паднат. Треба да се изврши и реформа во народна техника, државата веќе не ја финансира колку што знам. Се согласувам дека без старите кадри не може ние помладите да работиме.

@didi
Во право си и ти дека на некој начин изумира радиоаматерството во Македонија, но во светот не е така. Но тука радиоаматерството повеќе е хоби, отколку да се најде за државата
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Како да се развие радиоаматеризмот во Македонија
« Reply #6 on 10.06.2016, Friday, 00:43:08 (Edited 11.06.2016, Saturday, 15:09:52) »
Батка уште пред да пишеш ти сакав да го пишам ова со државата но велам да не се мешам но гледам дека баш исто мислење како мене имаш баш се пронајдов исто сметам така и Z31GH е многу во право.
Еве едно видео ах на почетокот разочарување ех тие англичани со тој Маркони веќе лага одма се знае и со спор во Америка дека Никола Тесла е изумител ентузијаст и се друго. Добро но не ни битно сега тоа.

Radio amaterizam

 Гледајте го видеото или сте го гледале можеби досега десет минути трае за радио аматерите во Англија се работи. Гледате и тие малите деца како викаат државата на поклон им дала тоест сојузот нивен англиски за дома радио станица Yaesu FT-817. Што ја докажува мојата теза и на батка нормално. И не само тоа видете го видеото како децата во училиште ги тераат да постават и прашање на меѓународната вселенска станица која има радиоаматерска опрема. Од мали нозе децата се зафатени со оваа проблематика тоа е разликата. Многу им помага државата а нашата го прави ли тоа не. Нека не чува господ но не дај боже да затреба мрежата за опасности што ја немаме. Бог нека не чува. Поздрав од мене до сите вас колеги. Се најубаво и темава ви е на место  :) :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
E,па батка да ви каже - за недајбоже имаме ние *старите* одговор,уште одамна спремен.Секој,кој и еднаш бил аматер знае како да направи приемник и предавател од *ништо*,доволно за некој да го слушне.Не за бадијата по светот се популарни QRPP уредите и директните приемници.Уметноста е со 2-3 вати да работиш 500-1000 км.Затоа велам ,од старите можете уште да учите. ;D ;D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Батка, имам QRPP за CW на 7MHz, снага 500mW. Колку далеку може да тера во услови на пропагација и во услови без пропагација?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не е многу благодарно да се каже ,ама се зависи од антената и приемникот.Поставеноста и квалитетот,типот,усмереноста на антената е фактор за дометот.Ако е добар приемникот може дометот и за 20% да биде поголем.Друго,зависи и кој е од другата страна. На 7 Мхз при добра пропагација од МК може да е Бугарија,Грција,Србија.Со 3 вати на 3,5 Мхз го имам порано работено Ниш, Лесковац  и Алексинац од QTH Куманово со  W3DZZ  антена усмерена кон север. Ако имаш QUAD антена и ротор  8),ке има и поголеми ефекти.