Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 06.01.2016, Wednesday, 13:41:53

Title: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: DX-er on 06.01.2016, Wednesday, 13:41:53
(http://i.imgur.com/sRGLgwN.jpg) (http://www.freeimagehosting.net/commercial-photography/california/palm-springs/)

Се протега некаде од 472,00 - 478,95 KHz, или тоа би било измеѓу средните и долгите бранови подрачја за радио дифузно емитување.
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: Z3nesto on 06.01.2016, Wednesday, 15:17:17
А што радиоаматерско имаше  во тој опсег?
Кај нас тој опсег не е доделен на радиоаматерите. Не летајте со пребарување на интернет за доделени радиоаматерски опсези посебно не споредувајте опсези во IARU-R1 и IARU-R2.
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: DX-er on 06.01.2016, Wednesday, 15:33:00
Како што гледаш на сликата имаше 3 слаби сигнали.
Сликава не е споделена од IARU-R1 и IARU-R2 туку од SDR online приемник.
Не гледам причина зошто да не споделувам, тоа е мое лично право и ова е форум каде секој може да праша нешто што го интересира.
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: TeslaBt on 06.01.2016, Wednesday, 15:44:04
Ете прочитај тука.

Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/600-meter_amateur_radio_band
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: Z31GH on 07.01.2016, Thursday, 23:15:47
Не гледам причина зошто не би разговарале за оваа фреквенција во темава. Добро е да споделиме мислења. Линкт од википедиа што го даде теслабт има карта каде е дозволен бандот а каде не. Што се однесува за Македонија, не е дефинирано дали ќе биде или нема да биде дозволен. А и да сакаш да експериментираш на бандот не верувам дека АЕК одма ќе ти стави нож под вратот, барем тие се најтолерантни кон нас радиоаматерите. Сепак за овој банд ти треба посебна опрема и максимална снага од 1 ват. Според мене овој банд и не е интересен. А за антена да не правиме муабет, кој знае колкава би била таа :)
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: DX-er on 07.01.2016, Thursday, 23:18:49
Замисли, треба ептен голема антена а снагата е дури и недоволна за да ја напои цела антена со сигнал хаха и колку ке има домет тоа ;D
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: Z31GH on 07.01.2016, Thursday, 23:21:11
Ме заинтересира малку темева, не знам каква радиостаница би било тоа, немам сретнато ниту чуено за оваа фреквенција. Најверојатно радиостаницата за овој опсег би била самоградба, но не знам дали би се работело само телеграфија или би бил дозволена и говорна комуникација ???
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: batka on 08.01.2016, Friday, 07:57:34
Dx-ер,јачината на сигналот нема врска со големината на антената!! Пример: QRPP со 0,5W  ја приклучуваш на иста антена како и 100W предавател.нема разлика.Сепак,овој споменат опсег ке биде само за експериментирање.Во овие опсези  само CW би било интересно,бидејќи за АМ ќе треба огромен предавател,посебна антена ... и два три АМ сигнали би го покриле опсегот. 8)
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: TeslaBt on 08.01.2016, Friday, 14:14:46
Искрајно јас прв пат слушам за овој банд. Ако оди на АМ би требало да има многу голема антена и голема моќност на предавателот. Зато овде само CW би требало да има.
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: Z31GH on 08.01.2016, Friday, 20:31:50
AM или не, општата работа на овој банд бара голема антена, па макар било тоа и CW
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: Z3nesto on 09.01.2016, Saturday, 11:44:55
DX-er не реков ништо против тоа што имаш објавено. Само за многу муабети на форумов (не викам лично ти) се правиме како многу ги разбираме работите, а после едни со други се бркаме по телефони да прашуваме глупости. Овде со коментарите делуваме како најголеми професионалци а позади тоа не ги знаеме ни основните работи кои се пропишани во правилникот за радиоаматери од АЕК. Од тој аспект првин прашав што радиоаматерско си слушал и да не е прават споредби доколку си слушал американци.
Title: Одг: Нов опсег во радиоаматеризмот ?
Post by: DX-er on 09.01.2016, Saturday, 16:35:11
Џабе, не вреди тој банд барем според мене, со таа мала пропишана снага и на таа фрекфенција не се исплати да се инвестира и да се работи.