Author Topic: Промена на фрекфенција на радиостаница  (Read 3200 times)

Offline Radioexpert

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Промена на фрекфенција на радиостаница
« Opened on 20.04.2012, Friday, 18:33:25 (Edited 09.09.2019, Monday, 02:18:41) »
Дали некој знае како може да се смени фрекфенцијата на рачна радиостаница Макфон кои порано ги произведуваше Макпетрол-Теас иста како оваа на сликава ?


Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
« Reply #1 on 20.04.2012, Friday, 18:57:11 (Edited 20.04.2012, Friday, 19:04:41) »
може да се промени фреквенцијата, ама е многу комплексна и неисплатлива инвестиција. Имаш внатре место за кристали ама и промената на кристалите нема да измени многу оти целото коло е дизајнирано за да работи на тие фреквенции, значи нема да ти помогне самата промена на кристалите. Целата преправка е скоро како една половна добра радиостаница на фреквенција која што би ја сакал.
Јас имав една таква рачна радиостаница и никако не можев да ја променам фреквенцијата. Фреквенцијата ја променив со  Luger P08, универзален алат за решавање на сите проблеми во втората светска војна, кој што го позајмив од мојот 90 годишен дедо.


превземено од светскират.нет
Hams do it! With Frequency

Offline Radioexpert

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Ха ха многу добар алат !!!
Но јас ги имам кристалите ме интересира дали може некако да се смени фрекфенцијата бидејќи внатре има Тх/Рх кристали и мене ми треба кристалот кој се користи за примање на фрекфенцијата некако да го променам да ја оддава на таа фрекфенција т.е Рх да биде Тх пробав со промена на местата но не работи.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
нема да може да работи на тој начин, тоа би било премногу едноставно. Јас се консултирав со искусни радиоаматери и велат дека може да се промени фреквенција ама треба преправка на целото коло, а не само на кристалите. Не сум толку сигурен за следното што ќе го кажам ама не знам дали кристалите за RX може да се користат за TX, а и должината на антената не би била иста ако ја приомениш фреквенцијата, што значи и друга антена ќе треба
Hams do it! With Frequency

Offline Radioexpert

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Tи благодарам на одговорот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
нема проблем, затоа сме тука. Преправка би коштала сигурно негде 50 евра оти кристалите се скапи, плус ако ја правиш за репетиторска работа разликата на RX и TX би требала да биде разлика од 600 kHz. За тие пари можеш да си купиш нова кинеска радиостаница која би работела на цел VHF опсег.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Мојот колега и пријател Петре Николовски,иначе сега професор во ПТТ училиште ( класниот на Даниел) е еден од оние кои на времето ја изработуваа и се *мачеа* со овие радио  станици.Тоја ја познава * во душа* и доколку Даниел го прочита ова ,може да *претрча* и да побара одговор или да го натера класниот да ни се јави ;D Во секој случај,познавајки го проблемот и јас би рекол дека преправката е прво скапа,второ резултатите се неизвесни,па затоа не си земајте таква привилегија - да ја расипете. :D ;)

Offline Radioexpert

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Јас мислев ако може да се преправи кристалот од Рx да ја има улогата на Тх.Но сепак фала.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
радиоексперт, потсети се како работи еден таков апарат, убаво ти кажаа дека има МФ степен каде ја дава разликата на предајната и на приемната фрекфенција, и обратно за предавање, таа разлика е10.7 мхз за ФМ и  455кхз, за АМ модулација, овие се за класични јавни радио фрекфенции,за овие уреди која е МФ сигурно има некој керамички филтер, да провериш, исто и филтрацијата во излезниот дел е подесена само за тој опсег. пробај со промена на кристалите, но со соодветни за прием и предавање, зошто може со кристалите да дава еднафрекфенција која создава опсег на хармоници и потоа ги филтрира со преклопник да се менува фрекфенцијата за модулирање.
барем да ги пишеше постоечките кристали што вредности се!  ;)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
од 166МХз сакаш да ја направиш за 144 ли?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не може така.

Offline Radioexpert

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
A дали некој знае каков е овој конектор на радиостаницата за звучник/микрофон што го има на нејзе.Со 6 пинови.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Toa е YM-32 конектор

Offline Radioexpert

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Tи благодарам batka.

Offline Radioexpert

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Дали некој знае во што може да биде проблемот еден пријател мој кој работи во такси компанија ја има оваа радиостаница и Tx/Rx фрекфенциите се исти на радиостаницата како што треба да бидат на репетиторот мислам дека има Моторола gr500,но радиостаницата не емитува преку предавател?