Author Topic: Ми треба шема за стабилна FM буба која работи на 9V  (Read 14366 times)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Ми треба шема за стабилна FM буба која работи на 9V
« Reply #30 on 26.09.2013, Thursday, 18:12:36 (Edited 26.09.2013, Thursday, 18:33:38) »
Не се зафаќај со нешто посложено како кристали па потребни множители за да добиеш потребна фреквенција па за стабилен, ти е потребен плл дали за температура или корекција на напон или фреквенција,и згора на тоа потребни иструменти.почни со обичен осцилатор а ако го напојуваш со батерија ќе биде стабилно имаш шеми погоре проверени.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Jaс погоре поставив шема со која ке има гарантирани 1км домет, а вероватно и до кај 3км со добра антена и добар приемник. Ама кој да ја направи таа шема  :D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Одг: Ми треба шема за стабилна FM буба која работи на 9V
« Reply #32 on 26.09.2013, Thursday, 18:33:58 (Edited 26.09.2013, Thursday, 18:35:31) »
Ај со среќа нека ти е почетоков али  ако сакаш за во кола и тие глупости имаш готови за 7 8 евра може и помалце  асални ФМ предаватели да можеш да пушташ музика и од усб и од мобилен дирекно со кабелче така да не верувам дека се исплати да правиш а дометот е слаб околу 50-70 метри е али асално се слуша .. Искрено моето прво ФМ  предавателче не проработе и ден денес и затоа се откажав, тешко е да се погоди фреквенцијата на која работи, додека кај овие купечките ти покажува каде си, што си на која фреквенција си наместил и така натака..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ај со среќа нека ти е почетоков али  ако сакаш за во кола и тие глупости имаш готови за 7 8 евра може и помалце  асални ФМ предаватели да можеш да пушташ музика и од усб и од мобилен дирекно со кабелче така да не верувам дека се исплати да правиш а дометот е слаб околу 50-70 метри е али асално се слуша .. Искрено моето прво ФМ  предавателче не проработе и ден денес и затоа се откажав, тешко е да се погоди фреквенцијата на која работи, додека кај овие купечките ти покажува каде си, што си на која фреквенција си наместил и така натака..
Да не додаде по една нула? Јас имам два такви ФМ модулатори за во кола, и ? Дометот на едниот е 10m а на другиот 3m, е сега звукот не е ниту динамичен ниту жив како кај предавателите кои ги има на форумот и кои да ги направиш ке те чини поскапо ама се исплати. Колку пари толку музика :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Здраво Даниел.Јас сакам да ти помогнам исто со предаватели но не само за предавател сакам  да ти помогнам да си направиш сам и стерео кодер.Денес ке сликам еден мој предавател за сликата ке ми помогне колегата да ја закачиме истиот тој предавател направи си го.Не е супер стабилен ама е доста добар а можеш да модулираш и стерео сигнал има направено влез за MPX јас го имам направено направи си го и ти тој е оној истиот кој радио 5фм почна првите почетоци нивни беа со тој предавател верувај ми ке ти биде супер да го имаш домет има максимум 1километар со шум можеш максимално да добиеш со добар 2н3866 едно 100миливати кои на отворено се слушаат до километар а се напојува на 15 волти максимум 12 би му биле идеални.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
При оптичка видливост и повеке домет ке добиеш. Јас измерив 6km домет со таков предавател.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Одг: Ми треба шема за стабилна FM буба која работи на 9V
« Reply #36 on 26.09.2013, Thursday, 20:33:55 (Edited 26.09.2013, Thursday, 21:31:20) »
еве и сликички од мојот кодер и предавател.Кодерот е оној славниот на радио Голди и Предавателот на Радио 5фм во спрега.

Предавателот:


Кодерот:



 
последната слика  е кодерот на Радио Голди од близу

Споено мислење: [time]26 Септември 2013, 19:57:55[/time]
ова е малиот предавател кој кодерот е 20 пати поголем од него.Кодерот е по шема на ФРМ КОДЕР.Објавен е во германско списание.Дели супер и има јака гласност ова го препорачувам за некој кој има PLL контрола.Овој предавател има излезен транзистор под плочката монтиран БФР96 има покриеност повеке од 200метри со антена од мал радио приемник од пазар долга околу 20тина сантима на влечење.

ова е стерео кодерот за кој зборував ФРМ КОДЕР и малиот предавател кој е 20 пати помал



Аова е малото предавателче





Склопено вака изгледа

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Ми треба шема за стабилна FM буба која работи на 9V
« Reply #37 on 26.09.2013, Thursday, 22:48:53 (Edited 26.09.2013, Thursday, 22:50:55) »
Многу убава шема димче но не мислите дека е сложена ;D.Нај убаво Даниел да си почнеш со фм буба со три  транзистори или со два такви шеми полно ги има на форумов ;D се почнува со микрофон кондензаторски засилувач и осцилатор едноставен предавател нели па после со појаки и плус многу е битно како го моташ калемот.А ова е предавателиште што го има постирано димче можеш и со него да си почнеш пошто ти како што гледам си доста искусен во електрониката и нема врска сигурно си знаеш да си лемиш и тоа супер чим и првиот предавател ти проработел почни и со нешто вакво али јас да сум како тебе би пробал со нешто по едноставно па после одма идеме на плл тоа е мој совет но вие видете си сепак имате добро искуство во електрониката ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
хехе не е сложен, така личи бидејки најголем дел зафаќа напојувањето и стерео кодерот а предавателот е она малоно нај десно ;)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Димче може шема од предавателот од првата слика ? монтажна , pcb и поглед одозгора ? И ако може од кодерот ? :) За што служеше кодерот ? :)

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Одг: Ми треба шема за стабилна FM буба која работи на 9V
« Reply #40 on 27.09.2013, Friday, 14:20:01 (Edited 27.09.2013, Friday, 19:57:35) »
Ке ставам шема и од двете и од предавателот и од стереото само колку за совет стереото има проблем со калем наоѓање 1Милихенри и треба отпорноста на калемот мерена со дигитален инструмент да не е повеке од 14 ома.Инаку од делови има фет БФ455Ц со ознаката ц тој ти е најубав кристал 456килохерци ИК CD4018BE SN7473AN 2XBC547C TL071 или TL081 I LM324 на негово место ставив LF тој е многу поквалитетен другото се ситнеш отпорници  и кондензатори диоди се 1н4148 4 парчиња,Предавателот има 2 БЦ547Ц И 2Н3866 2 исти калемчиња со жица 0,5 се мота на лед диода од 5мм или бургија и после ја вадиш бургијата има 4 внатрешни намотки и две надворешни половинки значи се на се 5 намотки.ориентирај се према сликата.Шемите за предавателот ке ги имаш вечер а за кодерот засега немам електрична а плочката ја прецртував на рака па ми ја печатеја на работа во програм.за таа неможам да ти помогнам освен да ја сликам одоздола па во некој програм да ја изцрташ и мене ке ми помогнеш да си направам уште еден кодер.Јас од листот кој го имам цртано ке го ставам на форумот. Ке биде сликата гледана од страна на елементите и секоја програма има таква опција си гледаш кој елемент кај ти е и си црташ.И за предавателот е исто тој го имам на рака цртано и со боја но потоа со лењирче и со жилет ги исправав водовите пред да ставам во киселина. Кодерот служи да можеш да емитуваш 2 канала Лев звучник и Десен звучник да си работат посебно го кодира сигналот ги двоиш на лев канал L и десен R.

шемата за стерео кодерот без предпојачалото



Шема за предавателот заедно со напојување и излезен степен 3вати



Стерео кодер плочка гледана од долната страна



монтажна шема од страната на деловите



ова е монтажната плочка на предаваетлот

Транзисторот не ми е пишан на сликата тој е 2N3866

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Колеги , сигналот од фм бубава потполно ми се изгуби .. пробав , мерев , транзисторите се во ред .. друго незнам што би можело да биде проблем .. Сменив намотка со 5-6 намотки .. ја вратив пак истата и повторно пак ни трага ни глас од сигналот .. само некои многу слаби хармоници .. што би можело да биде проблем ?  :o

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Ми треба шема за стабилна FM буба која работи на 9V
« Reply #42 on 29.09.2013, Sunday, 13:49:35 (Edited 29.09.2013, Sunday, 13:52:06) »
Па направи си мерач на поле  и пробај со него да го најдеш максимумот.Антената треба пажливо да се прилагоди на излезот.Таа е директно врзана на осцилаторното коло.За почеток стави еден блок од 10 пФ во серија со антената,Започни со 1м должина и крати ја за сантим и пробај со тример и растегање на калемот да најдеш некое место на бандот каде најдобро се фаќа сигналот.Бегај од појаките станици.Нив може да им сметаш на определен простор или евентуално тие да ти го гушат сигналот.Најди празно место на скалата и пробај со тримерот и растегнување на калемот да го добиеш сигналот,а после сократење на антената и следење на мерачот на поле да добиеш максимум.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Многу добро објаснување од батка сигурно си надвор од опсег или пак си на некоја фрекфенција деведесет и несто јас така со еден другар изработивме буба и тој имаше фрекфенцметар бевме на 95 мегахерци радио станиците ни го пригушуваа сигналот скроз но подоцна една друга бубица ја подесивме на 88 мегахерци и ништо не ни сметаше се слушаше а чудно бубата  беше со еден транзистор а работеше солидно значи многу е битно да не се мешаш со локалниве станици тоест со радио станициве а може и да си надвор од опсег ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Сега ги извадив транзисториве , проверував да не е до нив .. ама некако чудна работа .. на унимер изгледаат океј .. а ми текнува дека 1-2 пати го погрешив поларитетот кога го пробував предавателот на батерија .. Сега кај што се транзисторите , ги извадив нив , и мерев без нив .. поврзав обратно напонот и гледам кај спојот на излезниот , кај што треба да биде емитер-база , добивам 8.6 волти .. А максимум во даташит за спојот емитер-база е 6.0 волти .. Дали е можно да се изгорени а тоа да неможам да го воочам со унимер ?