А добро, нели кабелските оператори имаат засилувачи поставено по зградите и бандерите за сигналите од дигиталната и аналогната телевизија како и за дигиталниот интернет? Па тие се само засилувачи а не и регенератори
Не, оние кои се за аналогната телевизија се само засилувачи. Но оние кои се наменети за дигиталниот пренос, без разлика дали станува збор за дигитален пренос на видео или интернет, мора да се и регенератори, не може да не се. И точно се знае на кои растојанија се поставуваат (некогаш и „на шашма“ ги поставуваат, без да мерат, за да заштедат пари, кај има послаб сигнал, нема прием од дигиталниот сигнал или интернет, таму). Можно е дел од нив да се само засилувачи, ама по определено растојание, барем за дигиталниот сигнал, мора да има и регенератор. Во принцип, дигиталниот сигнал (барем оној кој се праќа по кабел, особено коаксијален кабел) е прилично отпорен на шум, така да, може да помине и релативно поголемо растојание од аналогниот сигнал без притоа да му треба регенерација. Но, ако се надмине границата, мора да се постави и регенератор. Ова се најчесто комбо уреди, засилувач/регенератор.
Кабелците не мрднаа воопшто со прст.за нешто да подобрат.Тие примаат дигитална,ама пренесуваат сеуште аналоген сигнал!!
Не се обврзани со закон. А искрено, и подобро што не се. Не верувам дека гага ќе ни даваат дигитални рисивери. Пак на крајот ние ќе си ги купевме. А и што да правам дома со две далечниска, ние постојано го губиме и тоа едно што го имаме од телевизорот во дневна
. Батали
, според мене, подобро е вака, да си остане како што е
.