Author Topic: Електронска свртница 12 дб од 60 до 285 херци  (Read 1076 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Електронска свртница 12 дб од 60 до 285 херци
« Opened on 09.11.2010, Tuesday, 17:07:21 (Edited 10.11.2010, Wednesday, 12:24:24) »
Самиот наслов се кажува и мислам дека ова е една од подобрите варијанти за самоградба за сабвуфер.Жалам што немам шема,ама ако најдам време до крајов на месецот мислам да ја направам за една активна кутија со 10 инчен бас и 90 ватен појачувач.


Jove

  • Guest
батка нели тл082 бара симетрично напојување ??? ???

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Па да тоа така е во повечето шеми ама зависи каде а овде не се бара  ;)

Jove

  • Guest
ок фала за инфо даниел  :-* ;D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Со двата отпорника од 100К се добива т.н.вештачка нула ( на место на нивниот заеднички спој!) и тогаш можеш со обично напојување да го погониш ОП.

Jove

  • Guest
на пример има еден еквилајзер на форумов од девил и бара +/- 9 волти симетрично како да го направам да го погонам со обично

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве шема како се прави несиметричен во симетричен :
отпорници - 100к
блок конд - 0,1 мФ
електролити - 100мф(ако  несиметричниот е добро филтриран!!)

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Батка а вака нема да има некоја загуба од снагата на трафото или само ке се подели напонот  нема да има пад на струјата  ??? ??? ???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Загуба не треба да има,колку ке троши склопот  толку,а  за каков пад на струјата зборуваш не разбирам- може напон да падне,а сруја се зголемува или намалува.Нема ништо да се случи,само ке добиеш пола напон изразен како симетричен.Значи 18 В влегува и +- 9В добиваш на излез.Само овој спој е за мали струи (не за уреди што трошат ампери!!) ;D

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Во hi-fi техниката важи едно правило кое најверојтно на сите ви е јасно "Колку пари толку музика". Едноставно нема евтино а квалитетно решение, а ова е евтиното решение и многу далеку од добро. Ако некој што знае добро аудио техника го анализира колово ке свати колку е лошо. Евтината варијанта е што не се користи симетрично напојување (се штеди на елементи, а и трафа со еднинечно напојување се наогаат полесно). Прво влезниот степен е изведен лошо (ама мора така поради едниечното напојување), па тој отпорнички делител со R1 и R2 треба да постави еднонасочно ниво на средина од напојувањето, а преку влезниот кондензатор треба да се донесе сигналот на таа точка, со што кондензаторот ке ја пропушти само наизменичната компонента на сигналот, а еднонасочната ке дојде од делителот. и така сигналот ке биде на средина од напојувањето на TL082, со што се лаже тој дека има симетрично напојување. И се е добро ако е идеално. Но PSRR на TL082 е 86dB, што е добро и овој параметар се стремиме да биде што поголем, бидејки несакаме да го слушаме брмчењето на 100Hz од напајањето. А што ке се случи со брумот во напојувањето, бидејки отпорничкиот делител пропушта и еднонасочен и наизменичен сигнал, очигледно пола од брумот ке се појави на собирната точка, што значи дирекно ке се собере со корисниот сигнал. Со ова добиваме PSRR на целиот склоп многу мало, и при мали влезни сигнали нема да слушаме песна туку очигледен брум. Патем за тој влезниот делител нема никаков филтер за брум, па тоа мора да се случи. Понатаму секако дека што и да прави вториот степен ке мора да го обработи брумот, а бидејки станува збор за нископропусен филтер очигледно дека ке го пропушти целиот брум. Јасно е дека и дел од сигналот ке се појави како диференцијална струја во напојувањето која ке направи многу проблеми. Бидејки и двата операциски немаат еднонасочна струја на својте излези јасно е дека PSRR ке се намали за најмалку 10 пати со оглед дека брумот е истофазен со сигналот па ке се собираат. Тоа е најмногу проблем кај излезниот засилувач, кај кој излезот му лебди помегу 2 кондензатори и таму може да се појават и осцилации кој ке резултираат со апсолутен брум на секое ниво. Совет, ако не ви се штеди на 1 напонски стабилизатор (15 ден) и симетрично напојување немојте да ја правите оваа шема, бидејки само можете да си направите проблеми и лош звук.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Накратко кажано: купи си посебен трафо со симетричен секундар и направи си посебен исправувач и стабилизација.Но,и вака ке работи уредот, а за аматерски услови параметрите кои deophorant ги посочува не се премногу битни.Битно е  уредот да работи  ;)

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Јас имам трафо колега на кој му треба нека пише  ;) (ке се договориме)