Author Topic: На посета кај најстариот радиоаматер од Македонија  (Read 1669 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
На посета кај најстариот радиоаматер од Македонија
« Opened on 24.07.2014, Thursday, 23:11:23 (Edited 24.07.2014, Thursday, 23:17:01) »
Пред неколку недели, поточно на 03.07.2014 бев поканет да го посетам најстариот радиоаматер во Македонија, а тоа е дедо Миле Секуловски Z31JY. Поканата ја примив со голема радост и по неколку дена отидов во Скопје. Родум од Битола, сега веќе 90 години и здрав како карпа, ме импресионира со неговото знаење, неговите пронајдоци, старата FT-101B која е во одлична состојба, разните линеарни појачала кое се секако негово дело, дури и самоделски радиостаници, антени, самоделски SWR метри. Дедо Миле е и еден од основачите на радиоклубот Стево Патако од Битола. Сопственик на првиот личен радиоаматерски повикувачки знак во Македонија уште за време на поранешна СФРЈ, кој беше YU5JY. Радиоаматер кој што сите негови уреди и самоделски изработки ги работи со голема љубов, а и им помага на останатите радиоаматери ако заглават. Од овој човек може навистина да се научи многу. Додека зборувавме за нашите радиоаматерски искуства, Баба Даница ја исполни атмосферата со пријатен мирис на топли колачиња и топло кафе. Секој настан од нивниот живот почнувајќи од учеството на дедо Миле во народно ослободителната војна од 1944 па до денешен ден беше како долга но интересна приказна. Навистина ми беше големо задоволство што запознав ваков човек. Тие 4 часа што ги поминав кај дедо Миле навистина брзо поминаа. Не можев да си заминам а да не направам една слика за успомен од нив, а баба Даница ја зеде сликата на који беа сите нивни правнуци, гордо покажувајќи ја.



Пак да ме посетиш, ќе те научам на многу работи ми вели. Му дадов ветување дека кога и да идам во Скопје обавезно ќе го посетам, а мојте ветувања не ги прекршувам.  Од овој човек може и најдобрите професори по електроника да научат многу.  Мојата посета кај него ми даде до знаење дека за радиоаматер треба многу......навистина многу, а јас сум сеуште на почетокот.
Денес му се јавив да прашам како е, ми рече дека пред некој ден, пак по кој знае кој пат стана прадедо :)

За него пишуваше и во Емитер, за тие што не знаат еве линк:

Code: [Select]
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3412
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одамна го немам видено овој човек.Благодарам за потсетувањето и ако го прочита ова можеби ке се присети дека сум бил кај него порано со мојот покоен  учител Петар Крајчев ( ex. YU5PK). Јас сум оној малиот кој многу прашуваше! :D :D ;) 8)


Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Овој човек воопшто не изгледа дека има 90 ,не би му дал повеќе од 70 години. ;D

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@batka
Треба да се видам уште еднаш со него следниот месец, се надевам дека те памети, ќе го поздравам многу од тебе. Или доколку сакаш можеме заедно да го посетиме, сигурен сум дека многу ќе се израдува  :)

@DrTuber
American dream .... (bow).
Не разбирам што сакаш да кажеш со тоа ???

@IGOR_MK
И јас не знаев дека има 90, поточно 89, кога го прашав ми кажа :) Роден е во 1926 година. Линкот од Емитер ја дава неговата биографија

Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Секоја чест Z31GH.
Браво :)