Author Topic: HST - High Speed Telegraphy  (Read 1511 times)

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
HST - High Speed Telegraphy
« Opened on 08.06.2014, Sunday, 03:51:29 »
HST (High Speed Telegraphy) или по старо QRQ е брзо примо-предавање на морзеови знаци. Во рамките на овие натпревари има 3 дисциплини: Брзо примање, брзо предавање и практичен тест.

Брзото примање е состои од 3 дела: прием на букви, прием на броеви и прием на мешан текст.
Во оваа дисциплина се почнува со однапред пропишана почетна брзина (пр. 80 знаци во минута) при што помеѓу секој текст следуваат 30 секунди пауза и веднаш почнува следната брзина (90 знаци во минута итн). Оваа дисциплина трае се додека не се откаже и последниот натпреварувач. Натпреварувачите кои чекаат поголеми брзини или примале ниски брзини и завршиле со прием должни се да седат во просторијата додека заврши последниот.
После тоа следува 1 час „пауза“ во кој  секој натпреварувач на официјален образец до комисијата поднесува 3 брзини за преглед. Пример: Натпреварувачот почнува со прием при брзина од 100 з/м (знаци во минута) и ги прима уште 110, 120 и 130. На крај мора да одлучи кои 3 брзини ќе ги даде за бодување. Обично овде се прави следно, една брзина која што ни е најсигурна за добивање бодови, една не толку сигурна и третата може да биде на чиста среќа. Доколку текстот (1 брзина) има повеќе од 5 грешки се дисквалификува и се проверува следниот текст (брзина). Секогаш комисијата ја бодува поголемата брзина макар и да има повеќе грешки. Пример: сме предале за оценување брзина од 100 з/м, 120 и 130. Доколку брзината од 130 з/м има 5 грешки, а 120 има 0,веднаш се бодува текстот примен со брзина од 130 з/м. Доколку имало повеќе од 5 грешки се прегледува текстот примен со брзина од 120 з/м и на крај доколку има потреба текстот примен со брзина 100 з/м. При предавање на официјалниот образец потребно е да се достави и оригиналното ливче на кое што е запишан текстот, натпреварувачите кои примаат на лаптоп (најчесто се луѓе кои се доста добри во слепо пишување на тастатура) им се прегледува напишаното или се печати (за ова не сум баш сигурен).
Професионалците во оваа дисциплина користат доста техники меѓу кои најчести се сопствени скратени системи за пишување и техника на пишување со задршка (памтење на поголем број на карактери).

Брзото предавање исто така се состои од 3 дела: предавање на букви, предавање на броеви и предавање на мешан текст.
Предавањето се прави со електронски тастер, а помалку со обичен - „пешак“. И овде важат слични правила. Не е дозволен број на грешки поголем од 5, се бодува и „чистината“, разбирливоста при предавањето и на крај може еден од текстовите (букви броеви или мешан текст) да се прекуца.
Практичниот дел се состои од 2 дисцплини во кои „брзинциве“ треба да покажат практична примена на она што го навежбале.

Првата дисциплина е RUFZ, кој што претставува симулатор, што „куца“ радиоаматерски повикувачки знаци (пример: Z33RW, Z31GH, K1AA итн) под неколку услови. Се почнува со почетна брзина по избор на натпреварувачот кој што после слушањето на знакот треба во најбрзо што може да го напише на тастатура и да го врати назад (притиска Ентер) при што доколку е точен се зголемува брзината и добива поголем број на бодови. Бодовите се пресметуваат (од страна на самиот софтвер) по сложена формула која ги вклучува, брзината, должина на повикувачкиот знак (односно од колку поединечни знаци е составен, не е исто Z33RW и Z33R), времето за кое е вратен и бројот на грешки. На натпревар ова се случува во 2 обида со 50 знаци.

Втората практична дисциплина е Morse Runner каде што се симулира работа на радио станица, во која истовремено ве повикуваат 4 различни радиостаници (повикувачки знаци) и вие треба да симулирате радиоврска (QSO) со една од нив. Колку повеќе врски толку повеќе бодови.

Ова е на кратко за овој тип на натпревари, кои не се баш многу омилени за публика, за разлика од АРГ (ARDF) каде што секој може да застане и да ги гледа натпреварувачите, овде е пoстрого и од шаховски турнир. Додека трае приемот на текстови не е дозволено шетање, шепотење, зборување или било што што може да ја наруши тишинита и концентрацијата на натпреварувачите. Секоја погласна активност смее да се изведе во период на 30те секунди пауза или по завршување на некој од деловите на натпреварот. Приемот се одвива за сите натпреварувачи одеднаш, додека останатите се работат индивидуално пред член на комисија за таа дисциплина (практичните тестови) или пред цела комисија (предавање на текстови).

И на крај да се пофалам дека македонската HST репрезентација е една од потрофејните, после руската и белоруската, при што има неколку медали (златни, сребрени и бронзени) и светски рекорди во делот со практичните тестови.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: HST - High Speed Telegraphy
« Reply #1 on 08.06.2014, Sunday, 20:14:22 »
Z3nesto гледам добро се разбирате во телеграфијава.Искрено вие сте добар телеграфист.Голем респект за луѓето кои разбираат телеграфија а и одат по натпревари секоја чест.Треба да имаш изострен слух за оваа работа и да си брз на рака.Пред се треба да разбираш и многу други работи.Кажете активен ли сте на двометарското подрачје на репетирот Р7 на солунска глава на пример на Р4 и на други.Тоест работите ли на двометарското подрачје јас само на тоа имам пробано.И само за тоа имам станица. ;) :D.Поздрав до вас и добро дојдовте на форумов.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: HST - High Speed Telegraphy
« Reply #2 on 08.06.2014, Sunday, 22:05:51 »
Здраво @nsu, активен телеграфист сум веќе 18-19 години (телеграфија вежбам од свои 10 години) активен сум на R4 во моментов со alinco dr130 и мобилна антена поставена на прозор од внатрешна страна, знакот ми е Z33RW.
Поздрав и добро ве најдов :)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: HST - High Speed Telegraphy
« Reply #3 on 09.06.2014, Monday, 01:05:08 »
Добредојде на форумот Z33RW.
Мило ми е што ни се придружи уште еден радиоаматер и ентузијаст.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.