https://www.tendacn.com/en/download/get-f303.html
(https://i.imgur.com/ITC6Cym.png)Јас прво би направил backup (dump) на flash чипот, па после би направил web flash. Ако успее, топ, ако не... тоа е тоа, враќај го назад оригиналниот firmware.
Разгледував дали може да се стави dd-wrt на него или некој друг алтернативен firmware, но официјално немаат build за него бидејќи има 2MB flash, а за скоро сите овие алтернативни firmware-и, потребно е да имаш барем 4MB flash. Една од причините поради кои не ги сакам баш Tenda, се им се нивни custom решенија и се е „напукано“ до максимум, дали има 50, 60KB слободен простор на него :-\.Дали значи дека ако се стави друг алтернативен еепром со 4MB ќе може да се флешне со dd-wrt и кој dd-wrt за кој модел?
Како и да е, ако успееш да му смениш flash со некој 4MB-ен или поголем (не пречи), може да пробаш да го flash-уваш со firmware од рутер кој е сличен на овој (ист чипсет, различни околни компоненти).Вероватно со 4MB еепром и фабрички фирмвер би работел порелаксирано пошто не е до трт, ама пак ова се коси со RAM-от а не со големината на еепромот.
Во секој случај, јас прво би пробал со фабричкиот. Ако се опраи работата, супер, ако не... можно е и да не е (само) софтвер во прашање, можно е и да е хардверски проблем.Моето размислување е дека шансите за хардверскиот проблем се поголеми, имам приметено дека рутери по долгогодишна работа се пак во функција но имат многу послаби сигнали или други проблеми со wifi конекцијата (можеби грешам но таков впечаток имам).
Ова мислеш onboard со штипка?
Дали значи дека ако се стави друг алтернативен еепром со 4MB ќе може да се флешне со dd-wrt и кој dd-wrt за кој модел?
Вероватно со 4MB еепром и фабрички фирмвер би работел порелаксирано пошто не е до трт, ама пак ова се коси со RAM-от а не со големината на еепромот.
https://forum.dd-wrt.com/phpBB2/viewtopic.php?p=1093140
Моето размислување е дека шансите за хардверскиот проблем се поголеми, имам приметено дека рутери по долгогодишна работа се пак во функција но имат многу послаби сигнали или други проблеми со wifi конекцијата (можеби грешам но таков впечаток имам).
Не го заборавај и OpenWRT ;).
Генерално земено, зависи од уред до уред. Ако е релативно моќен чипсетот (овој од Tedna-ва не е таков), слободно може да тераш и со Tomato или OpenWRT. Они имаат малку по "current code base", правени се од ништо и се модуларни, за разлика од DD-WRT кој е скоро целосно базиран на firmware-от за Linksys WRT54G, само е надградуван.
За вакви петпарачни рутери, би се држел до DD-WRT. Сум пробувал и со Tomato и со OpenWRT, најчесто работат релативно споро на вакви поевтини рутери. DD-WRT обично работи прилично стабилно на овие евтиниве рутери ;).
Го знам и OpenWRT дека постои како алтернативен фирмвер, но имам впечаток дека истиот се сетира преку команди од некој негов терминал и дека нема web пристап за сетирање со кликање. :) Не сум го користел и зборам напамет. :D
Но чинам дека DD-WRT е од сите најповеќе узер френдли од сите останати оперативни рутер системи.
Инаку поголем број на модели од TP-Link подржуваат DD-WRT. :)
Пробав со штипка директно на плоча и за жал не го читаше, па одлучив да пробам преку web класичен upgrade да му направам па што биде нека биде, ако го брикнам ќе го одлемувам епромот па ќе правам флеш. :)
Еве го тестирам пола саат и добро се држи, има еден куп опции како секој напреден рутер и.т.н.
За сега не планирам да му менувам кондензатори (мада два се од по 16v 470uf околу напојувачкиот влез), прво ќе го тестирам повеќе денови за да видам дали пак ќе заспива. :D
Чипсетот си доби и еден heatsink пошто доста загрева, не знам која му е максималната температура за работа но не е на одмет да има нешто што ќе му помага при ладење :)