Многу тешко кај нас во нашите продавници да се најде излезен (power) транзистор за фрекфенции над 175MHz. Иначе може да се користи на пример: BGQ136 (од 200mW на 2W), MRF-630 (25-30W), серијата 2SC19xx и 2SC20xx (Некои од нив работат и на UHF) меѓутоа со формата што ја бараш (TO-220) нема шански бидејќи тоа куќиште има премногу индуктивност за да работи добро на толку висока фрекфенција. Инаку јас искрено се чудев кога првпат видов на пример 2SC1971 дека со такво куќиште направиле транзистор за ВФ (ФМ).
Друга алтернатива ти е да користиш хибрид комплетен како на пример MH720A1 од мицубиши меѓутоа пак тешко дека кај нас го има некој
За проба можеш да искористиш 2N4427 за докај 1W ама знам дека тоа ти е слабо.
А сега вистинскиот проблем: прием/предаја. Треба да се направив систем (склоп) кој кога нема предаја да го вклучи влезното коло на антената (да го поврзи приемникот на антена) а кога има предаја да не го вклучува приемникот бидејќи 100% ќе изгори. Ова некои го прават со диоди (види барај automatic antenna switch) или со микропроцесорски контролирани VF фет транзистори (во токи-воките). Бидејќи тие не издржуваат голема снага неможеш да ги искористиш за со појачало значи треба да направиш и таков склоп плус. Мислам дека се ќе стане пресложено