Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Осцилатори => Topic started by: batka on 23.04.2014, Wednesday, 23:21:57

Title: Растерувач на кучиња
Post by: batka on 23.04.2014, Wednesday, 23:21:57
Се повеќе слушаме за кучиња-скитници кои се шетаат и во строгите центри на градовите и напаѓаат минувачи.Е,па имаше скоро кај мене еден таков случај - и бабата и детето се исплашија прилично.Човекот  ,чие дете  беше нападнато ми даде идеја да направам уред за растерување кучиња со ултразвук ,нешто како привезок за кучиња,со батерија внатре ,која дете или стар човек би го носел со себе за одбрана од вакви  ѕверки.Е сега кога барав шема,некако наједноставна ми дојде ова шема која е предложена долу само дадената монтажна шема некако не ми е точна ( ако некој ја прави според неа нека си ја провери).Јас ке ја правам на универзална плочка и ке ви ставам и некоја слика и секако искуство.Значи NE 555 + piezzo+ нешто ситни делови.Со тастер го активирате осцилаторот над 30 Кхз ,а пиезот дава звук кој ги брка кучињата(им смета!).Е сега прво пробајте на некое мирно куче и вртете го тастерот додека ја погодите правата фреквенција или ако не бива - бегајте побрзо! ;D
Трафото мотајте го на феритно стапче долго 2-3 см и со промер 3-4 милиметри.Не е многу критично.Примарот 63 намотки лак жица 0,25мм,а секундар 15 намотки жица иста димензија.
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: najdo on 24.04.2014, Thursday, 22:41:05
Би ти биле благодарни доколку ни кажиш дали работи или не, нормално откако ке го пробаш  :)
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: nsu on 26.04.2014, Saturday, 18:11:06
Ах бре луѓе до што ја доведовте работава батка постираше обичен осцилатор што генерира фреквенција од прилика не ме држете за збор 23 или 22 килохерци а може и до кај 30 килохерци.Кучето е најоседливо на 28 килохерци и почнува да се плаши ова го гледав на една емисија.
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: nsu on 26.04.2014, Saturday, 18:37:12
Кучето  е најосетливо на ултразвук во првата декада спаѓа значи може да издржи фреквенции до отприлика 24 килохерци а потоа се плаши.Во емитер го пишуваше ова во бројот девет 2013 година растерувач на кучиња.Слична шема како на батка само кај хорната имаше ТДА2030 како за побуда и вадеше неколку вати значи доста јако ја имам шемата затоа зборам.Има на шемата потенциометар на кој се штелуваше осцилирањето и дури викаа авторите пазете како го нагодувате овој уред пошто ако го ставите потенциометарот до крај ќе направите фреквенции преку 30 килохерци и кучето ќе умре.Тоа се болки за него многу високи фреквенции му биле се плашело.Истотака и мачките тие може да издржат до 50 килохерци.А лиљаците се најотпорни.Тие комуницираат со ултразвук.Но во емитер неможам да се сетам кој број сега беше имаше и бркач на лиљаци.Осцилаторот генерираше високитонови и се користеше специјален звучник.
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2076.0Еве Скулс убаво кажал он е практичар ии мене ми се има десено истово.Ете за што служи ова.Не за бркање инкасатори. 8).Внимателно со ова оваа шема од батка не е опасна за кучето но имам видено појаки осцилатори.Важно е ако отиде над 30 килохерци тоа е смрт за кучињата.Во емитер на шемата фреквенцијата се одредуваше според равенката.f=1/R1*C1.И за кучиња е најдобро ако добиете 28 килохерци.Така вика авторот.Значи требаше да се пази на вредностите на отпорникот и кондензаторот за само да се бркаат кучињата.А не да претераш.Сите кој ги прават овие осцилатори го знаат ова и се придржуват до тоа. ;)
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: ZAPCE on 26.04.2014, Saturday, 20:28:13
Јас само можам да ви потврдам дека овие апарати ги има.Јас имав купено од Београд за куче и кога ќе го притиснеш тастерот кучето бега како лудо,ама не се дешава исто со сите кучиња кај некои реагира кај некои не.ако го најдам апаратот ќе ви пооставам слики од шемата и штампата.
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: nsu on 26.04.2014, Saturday, 21:12:02
Убаво од твоја страна.Ако можеш да ја сликаш шемата супер.Но тоа е тоа за некои кучишта треба малку поголема фреквенција.Но никогаш па и не се претерува со фреквенцијата.Токму тоа е целта да бега како лудо а да не го убиеш.Но принципот на работа е тој дали ќе се користи NE555 или некое друго интегрирано коло.Тоа е сега зависи од високотонската хорна.Но можат да се користат и мали пиезо базери.Тоа е интересно.Бидејќи така ќе биде склопчето помало и ќе може да носи во џеб да биде мало.Исто така може да се користи и базерче од новогодишна честитка и тие не работат без драјвер.Не работат како пиезо базерот врзи плус минус и крај ќе пишти јас имам направено драјвер за звучниче од новогодишна честитка и стварно пишти.Има шеми со NE555 како осцилатор со фреквенција на осцилирање 28 килохерци или 30 килохерци тоа би било супер ќе бегаат кучињата.Ако го најдеш апаратчето сликај го ;D.На 30 килохерци ќе бега секое куче од тебе. 8)
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: batka on 29.04.2014, Tuesday, 11:25:34
Ја направив ова шема и тоа со варјанта трафо и без трафо со 10 мФ електролит на пин 3 ,со - пол кон пиезото. Максимално се постигнува тон до 31,7 Кхз ,но кучињата инертно  се однесуваат,како да нема ефект.Значи,реагираат во прв момент,дури и се вртат кон изворот,ама не е тоа оној ефект кој би требало да биде - да бегаат од звукот.На едно место прочитав дека треба да се очекува дури на околу 40 Кхз да  реагираат. Кога ке има повеке време ке направам измени во шемата и ке вимиме што ке се случи тогаш.Значи 39-40 Кхз би требало да биде спектарот на кој  кучињата би реагирале со бегање од изворот на звукот.
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: nsu on 29.04.2014, Tuesday, 11:52:33
Стварно чудно  зошто со 30 килохерци не го брка.Значи почнува да реагира а не го брка.Треба да ги брка не ми е јасно.ЗОшто ???.Епа ако не кога ќе бидете слободен пробајте со 40 килохерци и ако тогаш не бега незнам више.Тогаш сигурно ќе бегаат како луди.Стварно чудно секаде по списанијава пишува до 30 килохерци.Чудно. ::)
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: nsu on 29.04.2014, Tuesday, 20:38:17
Значи шемиве работат.Ова се всушност и фабричките шеми.Сега не ми е јасно зошто не ги брка на 30 килохерци на 40килохерци сигурно ќе брка.Колку луѓе направиле вакви шеми.Во септемврискиот број на емитер 2013 година имаше бркач на кучиња тој е доста појак со ТДА2030 е и појака ватажа вади.Тоест се става појак звучник.Другар ја направи и работеше.А иначе еве еден интересен линк кој пак го постирам значи шемиве работат.Чим ги правел некој. :D 8)
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2076.0
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: SKOLS_OLD on 30.04.2014, Wednesday, 20:23:44
дали ќе може шема за растерувач на глодари(глувци и стаорци)?Несакав да отварам нова тема и затоа овде пишав  :)
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: batka on 30.04.2014, Wednesday, 22:47:14
Се вртат повеќе такви шеми,еве две.Третава е многу популарна шема во УСА за растерувач на кучиња,каде пишува дека опсегот треба да биде 11-22 Кхз .Малку е ова контрадикторно,бидејќи секаде овие уреди се кажува дека работат над 20Кхз!??  Можеби ова важи само за американски кучиња! :D :D
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: Integral on 14.10.2014, Tuesday, 23:25:59
Постоји шема која има микрофон, прима звук-лавеж, и води га у балансни мешач.
Балансни мешач меша сигнал са микрофона, лавеж фреквенције око 1KHz
са фиксним осцилатором 25-30KHz.
Продукт мешања је лавеж транспондиран у ултразвучни опсег. Тај ултраѕвучни лавеж иде на појачавач, па на пиезо звучник. Пас чује себе, али фреквентно померено на 25-30KHz.
Балансни мешач у шеми био је стари добри ТБА120, а улазни појачавач искоришћен као 27KHz осцилатор.
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: GigaWatt on 15.10.2014, Wednesday, 01:04:15
Ја имаш шемата?
Title: Одг: Растерувач на кучиња
Post by: Integral on 15.10.2014, Wednesday, 15:55:30
Не, само идеју.
Можда овако

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/TBA120_Demodulator.png)

Ту где је на шеми прекид, х, и бфо, треба прекинути вод. На један улаз довести сигнал из осцилатора, на други звук из микрофона.

Можда се може искористити део шеме

Code: [Select]
http://www.solaris.no/electronics/div_audio/tba120.html
Ово је обичан мешач

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/FRM_PLL_TBA120.jpg)

Наравно да је могуће искористити NЕ612