Апсолутно се слагам со KISS принципот и го применувам кај 95% од работите,
АМА во останатите 5% сакам максимално да ги искомплицирам работите, чисто од причина што имам слабост (да не речам фетиш
) кон гломазни, комплицирани склопови со милион делови, дугмиња, прекинувачи, индикатори и сл. Последен пример - твојот засилувач со PL84, иако си работи супер и веќе го имам во глава како ќе изгледа во кутија од лакирано дрво со горна плоча од полиран алуминиум, напред лампите, позади трансформаторите, итн.. си викам две лампи некако малку се, одма ми текнува уште една-две од предзасилувачот баш убаво ќе го пополнат просторот, па можда уште и тон-контрола со уште една-две ECC85 (плус обавезно прекинувач за бајпас), а тек да имав и некоја исправувачка AZ..или GZ.. да доминира во средина, па уште и некој убав инструмент за VU метар...ме сфаќаш, нели
. Од друга страна пак, на моменти одам во друга крајност со ептен минималистички пристап, така на пр. имам едно појачало што има само една лед-диода на предната плоча, а се друго - пуштање, регулации, и сл. оди преку предзасилувачот (т.е. ќе оди кога ќе го направам
). Ете толку
.