CB опсегот ти е т.н, цитајзент банд (citizen band) – или граѓански опсег на кој може секој да работи без положен радио операторски испит ,само ако се пријави и плати.Порано беше на 27 Мх ,работа на канали,АМ ( дури и ФМ не бше дозволен, а за SSB немаше ни збор!). Како и многу други небулози што постојат во секој наш Закон,па и во тој Правилник на АЕК има барем десетина такви недоречености или работи од некаде преведени со гугл- транслејт. Побарај барем кај некој наш сосед ( Србија,Хрватска ,Словенија) за да споредиш, а убаво би било да го видиш и прочиташ ( и споредиш!) пример УСА правилникот.
За подобро да ме разберте еве пример : во повеќе земји постојат пример клубови на SWL радио-аматери, или клубови на радио-телеграфисти,каде не можеш да влезеш ако немаш потврдено барем 150 знака во минута отворен текст или групи. Има клубови на QRPP аматери, клубови на SSTV аматери итн. Дали во Правилникот или некој закон што ја регулира таа област има кај нас некоја таква регулатива??
Па и радио-аматерите користат понекогаш СВ.