Author Topic: 5G - опасност по здравјето или не?  (Read 80095 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Зошто мислиш дека секој би си го повредил семејството/најблиските за пари??  Ако твоите морални вредности се такви не значи дека сите имаат исти морални вредности и ставаат цена на животот и здравјето на нивните најблиски. Јас попрво би умрел од глад отколку да ги повредам моите најблиски, за било која сума!

Така? Сакаш да ти наведувам примери низ историја кои се би продале за пари? Многу ги има. За жал, не се толку познати како оние кои не би го направиле тоа, бидејќи нив ги величиме „каков лидер, каков човек... со морал“. Овие се најчесто непознати, ама двигатели за настани кои се имаат случено и доста лошо му имаа направено на човештвото... и верувал или не, нивниот број е многу поголем од овие моралните.

На крајот на краиштата, секој тргнува од себе, од она што он/она би направил/направила. Затоа и имаме спротивни мислења за оваа тема. Моето искуство и мислење се сосема спротивни од твоите бидејќи јас би го направил тоа за определена сума на пари, а ти не.

Да се каже дека нешто нема проблем бидејки не се знае дали има или нема проблем е сосема различно од прикривање и лажење за проблем кој постои.

Знаеш, има една стара поговорка „каде има чад, таму има и оган“... не дека ова е секогаш точно, ама во најголем дел од случаите, да, точна е. Многу добро шлагувана е таа изјава и мое лично верување е дека е така кажно за да се прикријат една од две работи (а можеби и двете): навистина појма немаме дали ова чудо ќе има шететно влијание или не, бидејќи не направивме доволно испитувања; или знаеме, ама боље да си ќутиме и полека да го воведуваме насекаде... ако некогаш се дознае, веќе ќе биде предоцна, се ќе биде веќе на 5G префрлено и секогаш може да кажеме дека тоа се фикс идеи на „луди conspiracy theorists“.

Како што кажа и самиот парите се главната причина за се. Доколку 5Г е штетна и тоа се потврди, и компаниите решат да потплаќаат луѓе за да може 5Г да се постави и користи, колку пари ќе им бидат потребни на компаниите да ги потплатат сите тие што ќе знаат дека нешто не е во ред? Компаниите како Vodafone и T-mobile ќе треба да потплатат илјадници луѓе, од политичари до техничари кои ќе работат со таа штетна технологија. Каде им е тука економската исплатливост?

Па, ако не забележа, лани и преклани, почеток на 2019-та, крајот на 2018-та, имаше една мала група на научници кои предупредуваа околу воведувањето на 5G и опасностите кои може да ги има истата. Знаеш дека дел од нив подоцна си ги имаат повлечено изјавите, а дел од нив веќе не коментираат на оваа тема? Што ти кажува тебе тоа? Мене лично... многу работи.

А околу економската исплатливост... дали реално знаеш колку ги чини телекомуникациските компании еден повик? Или еве, колку ќар имаат од нас корисниците? Верувај, цените се фрапантно високи, и кај нас, и на запад. Најреално, повеќе од 3 до 4 евра по месец, со моменталниот напредок на технологијата и до каде е стигната сега, не треба никој од нас да плаќа, со тоа што ќе имаш неограничени повици према сите мрежи (и према странство, значи и roaming да има во таа тарифа), бесплатни пораки према сите оператори (и странски) и неограничен интернет со брзина од барем 20/20Mbps (што ни на 4G ретко кој оператор може да се пофали со таква брзина... не ради друго, штедат на оптички линкови... као „ај, и онака највише за FB, Twitter и Instagram им треба на луѓево“). И верувај, и со оваа сума, ќарот што ќе го имаат е неверојатно голем (сметајќи дека веќе немаш еден телефон во домаќинство, туку дека секој од домаќинството има барем по еден телефон), а не со цените на тарифите кои ги имаат сега.

И после „од каде пари за поткуп“... па... јас последен пат кога проверив, телекомуникациски и софтверски компании беа на врвот на Fortune 500 листата. Сигурно не се на врвот од што „нема пари у бизнисот“. ::)

Таа идеја дека ќе се купуваат масовен број на луѓе за да се скрие штетното влијание на некоја технологија е смешна, тоа е практично неизводливо на глобално ниво(не зборуваме за Македонија или Балканот). Сето тоа звучи исто како теоријата дека NASA троши милјарди евра годишно да го лаже светот дека земјата е кружна а не рамна плиоча бидејки на NASA Ии е страм да признае дека некој таму во шеесетите направил грешка. Колку само има моронизам во таа логика.

Споредбата со NASA и flat earth coverup, не ти држи вода бидејќи NASA не е бизнис. Државна институација е, исто како и секоја друга и се финансира од страна на државата... и многу нормално е да нема онолку пари колку што би имал бизнис како телекомуникациски оператор/компанија. На крајот на краиштата, нема најдобрите кадри од NASA да бегаат на Wall Street или во софтверски, телекомуникациски или некои други бизниси со голем ќар. Кратко и јасно, NASA малку плаќа... је*ем ти живот со малку пари, а можам да заработам 10, 20, 30 пати повеќе со мнооогу помалку труд... а не овде ќе разглабам алгоритми, ќе анализирам сигнали, п*чке материне, за што... за некоја глупа службеничка плата. „Ама голема услуга е тоа за човештвото“... за идеале гину будале, а јас ќе си терам со моето знаење на место каде што ќе можам да си дозволам да си купам нова кола на секои 3, 4 месеци. Зошто? Бидејќи оние што ќе бидат над мене на Wall Street, ќе си купуваат нов стан во сред Менхетен на крајот на секоја фискална година, делејќи си бонуси. Извини, и јас сакам дел од тој колач.

Ако не веруваш на никој од каде ти се тогаш тие информации дека 5Г е потенцијално штетна и дека не треба да и се верува? Ги направи ти тие тестирања анализи?

Не, одев само со проста логика и некои познавања кои ги имам од радио-техника... како на пример зрачење во големи опсези на многу високи фреквенции... практично, слично на било кое X или радиоактивно зрачење, само што е во спектар кој (барем според теорија) треба да спаѓа во нејонизирачко зрачење. И мојата логика е следнава... до сега, на масовно ниво, ваков вид на зрачење немало. „Ама сателитити комуницирале на тие фреквенции“... ОК, можеби... користат ли исти ширини на опсези? Прочепкав и дознав дека не. Не зрачат во опсег од неколку GHz. Плус, тоа се насочени антени... овие на операториве не се. Згора на тоа, зрачат нагоре... на операториве зрачат на сите страни... а она што стига до нас од „вселена“ (блиска земјина орбита) од сателитите е километри и километри над нас како предавател... практично, незначително ниво на зрачење. На крајот на краиштата, немаше да има потреба од насочени антени, ако тоа зрачење беше големо, нели ::).

Така да, не, немам направено никакви анализи, но врз база на овие мои познавања и заклучоци... да, апсолутно сметам дека има шанси да влијае штетно 5G мрежата.

Од каде знаеш дека последиците од Чернобил се осеќаат после неколку години, тие тестови се направени од некого, од каде знаеш дали воопшто се има случено катастрофата во Чернобил, сето тоа е кажано/напишано од некого а ти не веруваш никому, така?

Има слики и снимки од стопениот реактор. Ваљда не им текнало пред 30 и кусур години да „фитошопираат“ слики... ај, за слики, некако може и ќе ги „средиш“, ама снимки... тешко дека ќе успееш. Има снимки и од гајгер-милерови бројачи во кои се гледа реакторот во позадина, кое е нивото на зрачење и тоа се гледа од бројачите... едноставно премногу докази има дека навистина се има случено за да верувам дека се нема случено.

Како ги донесе сите тие претпоставки и мислења дека 5Г е најверојатно штетна? Од каде/ како дојде до информации дека тоа е така, зошто им веруваш на тие информации, нели не веруваш никому, или не веруваш само на информациите кои не се согласуваат со твоето мислење?

Погоре дадов одговор на овие прашања.

На крајот на краиштата, тебе (мене, било кој) може сите докази на светов да му ги дадеме дека нешто постои (или не постои), он ако решил да верува во спротивното, ни јас ни ти, никој не може да го разубеди, така? Прост пример, рамноземјашине. Не веруваат дека земјата е топка. ОК, нивно право... демократија е нели ;).

Многупати ти и други тука имаате напишано  дека 5Г е највероватно штетна или ќе биде штетна, никој не даде информаци како дојдовте до тие заклучоци, мислења, претпоставки.

Повторно, на ова дадов одговор погоре.

Ти наводно не веруваш никому, зошто тогаш јас да верувам на некоја целосно неоснована и без никакви докази претпоставка кога нема ама баш никакви информации макар и манипулирани кои би биле барем приближно во прилог на таа претпоставка?

Анализи немам, а и не можам да имам бидејќи, прво немам опрема, второ, немам време да ги правам тие анализи... а на крајот на краиштата и не ме интересира. Јас може и да докажам дека има неверојатно штетно влијание, тоа пак нема да го смени фактот дека 5G ќе си биде имплементирана како технологија и точка. Ни јас ни ти не го одлучуваме ова, ова е веќе одлучено од некои многу помоќни и од мене и од тебе.

Имаше клипови на YouTube од научиниците кои ги презентираат тие мислења (крајот на 2018-та, почеток на 2019-та, оние научници за кои спомнав дека подоцна си ги имаат повлечено изјавите или не коментираат веќе на темата) и два од тие клипа ги имав во bookmarks, ама последен пат кога проверив, беа избришани.

Пак ќе кажам, јас не викам дека 5Г е безбедна и дека после 10 годишно користење ќе нема никакви проблеми, само викам дека немам сретнато никакви податоци кои покажуваат потенцијално штетно влијание. Се што имам сретнато е дека треба уште многу истражувања и тестирања и дека првичните и краткорочните тестови не покажуваат штетно влијание.

Краткорочно, нема збор, се има покажано како безбедна. Проблемот за кој зборував беше долгорочното влијание. Јас цело време тоа и го спомнував, дека треба долгорочно да се испита влијанието. За краткорочно, нормално дека нема да има последици. И нас да не остават на 200 метри од реакторот во Чернобил сега 15 минути, ништо нема да ни биде. Проблемот е што ќе се случи ако кампуваме таму месец дена, тоа е вистинското прашање :P :D.

Би сакал да видам информаци/тестови на чија основа се добиени тие негативни мислења за нешто што многу малку се знае, видеа каде некој параноичен шизофреничар тропа не ги сметам за информации.

Пишав, не можам да ги најдам тие клипови, дел од предавања на професорите беа... или некој вид на конгрес на кој ја искажуваа загриженоста за 5G. И баш беше спомнато и тоа дека не се направени никакви испитувања колку се нејонизирачки зрачењата на тие фреквенции, туку дека секогаш сите се потирале на заклучокот дека „се што е под X зраци, не е јонизирачко“... лично јас, не верувам дека има „права линија“ која разраничува „ова е јонизирачко, ова не е“... бидејќи практично, ништо во природата не оди така. Мора да има некоја крива. Каква е... никој не знае. Зошто? Епа не се испитало. И они баш го спомнуваа и ова, дека масовно, на светско ниво, никогаш не се зрачело по неколку GHz шум во тие опсези... никогаш, ама буквално никогаш. И затоа и беа загрижени и сметаа дека нема доволно испитувања.

Моето мислење за 5Г е дека незнам какво влијание ќе има 5Г врз живиот свет во блиска или далечна иднина, но сигурно нема да ја оцрнам технологијата бидејки не ми треба, не ја разбирам или немам информации за неа.

Јас апсолутно тврдам дека е непотребна... и сега, и за 5 години од сега и дека сите недостатоци на 4G, можеа да се решат со анекси, како што тоа беше правено со 2G и 3G (LTE, прост пример).

Нели „као демек“ 5G требаше да ни ги реши проблемите со data bandwidth и IoT уреди во наредните 10 години, па и повеќе? Зошто тогаш уште сега е во развој 6G? Нели, не би требало да има потреба... тек по 10 години би требало да ни треба, што значи дека барем по 2 или 3 години по целосно воведување на 5G (2023, 2024) би требало да почнеме да мислиме на спецификациите за 6G (бидејќи и онака практично се само надградби на 3G, ништо повеќе од тоа, што значи дека draft верзија од спецификациите би требало да имаат за максимум една година... и тоа ако се влечкаат). Мене ова ми кажува само дека се развива технологија „пошто зашто“ без притоа никој да ја бара. Тоа е мој впечаток, не значи дека мора да се сложиш со моето мислење, само ги презентирам фактите на кои го базирам моето мислење.

Линкот го постирав за емитирачката моќ на базните станици а не за влијанието на 5Г.
 Во текстот се пишува за зрачењето кое една личност би го добила на одредено растојание од една базна станица. Колку што знам јас високите фреквенции патуваат многу пократко од пониските фреквенции со иста моќност, така да зрачењето од фреквенцијата спомната погоре 1Ghz ќе биде поголемо/помоќно отколку од  зрачењето добиено од 10Ghz, 20Ghz, 30Ghz, 50Ghz,  односно 30Ghz ќе ја изгуби/намали моќноста на многу помало растојание а со тоа и ефектот.

Да, ама затоа ќе имаш базни станици на секои 100, 200, 300 метри и на крајот, пак исто му се фаќа :D.

@bicikle ако прашуваш за тоа што јас пишувам дек ќе израснат или не израснале рогови, тоа го додавам јас на глупостите за кои досега е обвинета 5Г, наводно она ја прави  короната, цица кислород од клетки, умираат животни, па зошто да не и никнуваат рогови. Некаде на интернет сретнав дека во Северна Кореа откриле еднорог, приказната е веродостојна како и обвинувањата за 5Г но ете можеби 5Г ќе почне да ствара еднорози.  ;D ;D

Добро, ова се веќе стварно глупости... нема збор за тоа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Може и другите работи како поврзаноста со корона, снемувањето на кислород некој да ги додал исто како ти растењето рогови, или пак стратешки да се вмернати за да оспори легитимнпто право да се побара извештај од медицинцки експерти за влијнието на одреден продукт врз луѓето ( не мора да е 5г ).

Offline RadioLjubitel

  • Нов член
  • *
  • Posts: 33
  • Во сеќавање на Дарија Дугина (Платонова)
    • Македонски форум за електроника
Пожар избувнал на местото каде се испитуваат антени за 5G мрежи

Code: [Select]
http://sekojden.net/video-golem-pozhar-vo-huavei-pozhar-izbuvnal-na-mestoto-kade-se-ispituvaat-anteni-za-5g-mrezhi/

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Подметнат пожар за да ги сoкријат анализите за штетното зрачење на 5G. :)


Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3184
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Гарант директорот е од дуи, односно кинеската верзија на чесни кадри - чуи... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Испитувале тхнички карактеристики, не ефекти врз организмите.
По мое интересот на бизнисите и индустријата е профитот, и воопшто нема потреба да се подмитуваат за нешто што воопшто не е нивна работа. Нз, може грешам. Сосем други институции или организции се одговорно за блијанието на продуктите врз луѓето и не се многуради што истражувањата од ваков тип се копмплицирани, сложени и долготрајни процеси, едноставно не може секој да седне и еве сега ќе правам истражување како влијае некоја технологија ( не мора да е 5г) врз луѓето или други организми.

Offline RadioLjubitel

  • Нов член
  • *
  • Posts: 33
  • Во сеќавање на Дарија Дугина (Платонова)
    • Македонски форум за електроника
Во темава сретнав коментар дека во некои држави ја исклучиле GSM мрежата. А во пакет со GSM ке ја гасат и UMTS. Во кои држави изгасиле 2G?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мислам овие северниве, Норвешка, Шведска, тие. Тие и онака се први во се, па и ова.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline RadioLjubitel

  • Нов член
  • *
  • Posts: 33
  • Во сеќавање на Дарија Дугина (Платонова)
    • Македонски форум за електроника
Уф добро, прво прочитав северните и си реков готово и кај нас се гасат  :D Искрено јас не би ја исклучил во целост таа мрежа туку само би ја разретчил колку да се ослободат фрекфенции а пак да е во функција посебно во руралните подрачја.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Во темава сретнав коментар дека во некои држави ја исклучиле GSM мрежата. А во пакет со GSM ке ја гасат и UMTS. Во кои држави изгасиле 2G?

Code: [Select]
https://1ot.mobi/resources/blog/2g-and-3g-networks-are-shutting-down-globally
Сепак се ВРТИ !!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Јас да сум фактор во телекомуникацискиот сектор, не би ја гасел 2Г мрежата во целост. Би остсвил да работи во планинските предели. Кога одам по планините, 2Г мрежата има најсилен сигнал додека 3Г и 4Г се далеку послаби. Порано имаше една друга технологија 1Г која била најдобра за покривање на планински региони ама за жал тоа е веке историја.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Е да, ама сметај дека за кратко и 2G ќе стане историја, технологијата оди напред така да ќе има и во планинските предели јак сигнал.


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Порано имаше една друга технологија 1Г која била најдобра за покривање на планински региони ама за жал тоа е веке историја.

Да... бидејќи беше аналогна. Практично, се сведуваше на принцип на работа на радио станици. Немаше никаква енкрипција на сигналот и затоа е целосно баталена уште кон крајот на 20-тиот век, дури и кај нас.

Е да, ама сметај дека за кратко и 2G ќе стане историја, технологијата оди напред така да ќе има и во планинските предели јак сигнал.

Искрено... чисто се сомневам во ова. Не верувам дека ќе има таква покриеност како што има со 2G.

Ќе иде етапно кај нас. Прво Скопје, после сите останати поголеми градови (Битола, Прилеп, Куманово, Тетово...), после помали гратчиња и за селски и рурални средини, ќе ја остават 2G уште барем 5, 6 години потоа. Премногу ќе треба да се инвестира наеднаш за да може како што треба да се покријат со 3/4/5G и тие подрачја. Ниеден оператор нема да сака да го направи тој скок. Плус, ризикот од backlash од корисниците може да биде голем. По тие подрачја сеуште живеат луѓе кои комуницираат со стари телефони (не смарт) и генерално, се покриени скоро само со 2G. Ако им го изгасиш, ќе сменат оператор, некој кој сеуште има активна 2G мрежа, барем уште неколку години. Така да, верувам дека нема во скоро време да се одлучат на чекорот „гасење на 2G во руралните подрачја и селата“. Во градовите, да верувам, за релативно брзо време (неколку години максимум). Во селата и руралните подрачја... сеуште ќе биде активна. Звачнично „као“ ќе биде изгасена, ама не буквално насекаде.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline milika

  • Нов член
  • *
  • Posts: 24
Апсoлутнo си вo прaвo зa 1G чистo мoдулирaн сигнaл aнaлoгнo.Пa и зa муaбетoт зa гaсење 2G. Нo се иде напред имaше еден скандал пред oвoј гoлемo увце ќе речaм не му гo дaдoв прaвoтo име и еден господин гoспoдин кaквa опрема oд швaјцaријa набави зa прислушкувaње на пoстaрите телефони и нa 2G нoрмaлнo пс 1G и сo кoмуникaциски прoфесиoнaлен приемник се слушалo кoлку радиoaмaтери ги слушaле. Сепaк мнoгу добри мислењa извaдивме мнoгу.  :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
За 200 години 100г ќе имат xD