Барав низ форумов но не најдов ништо слично.
Значи, потребна ми е едноставна шема за индикатор со лед за малите мотори на 12 волти (вентилатори) од компјутерските напојувања.
Паралелно врзана лед со отпорник на моторот свети само кога моторот има напон, но мене ми треба индикатор кога ќе се случи дефект на моторот, т.е. од Х причини ќе престане да врти.
Индикаторот би требало да се поврзе сериски на плусот од напојувањето на моторот, за да детектира кога ќе има потрошувачка на струја, а кога ќе настане дефект, тогаш нема потрошувачка на струја и лед диодата треба да се пали или гаси (сеедно е).