Добриот стар класичен апарат за заварување не може да го замени ништо
Апсолутна вистина. Не се разбира премногу во апарати за заварување, но една работа знам. Полупроводничките компоненти, во принцип, не се наменети да работат во мод на краток спој. Е сега некој може да презентира аргументи во стилот на „ама денешниве изведби на полупроводничкиве компоненти драстично се разликуваат од пред 10 или 20 години, поголема ефикасност имаат, поголеми струи може да издржуваат, ова она“, и да, се ова е вистина, но... ретко кој производител се придржува до, веќе излитените, инженерски норми: степен на сигурност од барем 3. Значи, ако апаратот е наменет да вари со јачина од, на пример (може и да тропнам нешто
, не се разбирам премногу
) 100A, да се стават полупроводнички компоненти кои може да издржат струја од барм 300A низ нив. За жал, ова веќе ретко каде се применува. Најчесто ситуацијата е следна: ако треба да вари со јачина на струја од 100A, ќе му ставиме полупроводнички компоненти кои може да издржат 120A или евентуално 150А.
Полупроводничките изведби можеби се полесни и по практични за транспорт, но јас барем, никогаш не би земал таков апарат за заварување. Се знае, краток спој дури и на долги интервали може да издржи само една компонента: класичен трансформатор
.