Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 15.08.2010, Sunday, 22:37:02
-
Ова е една оригинална шема која беше развиена за нишкиве ХСР 140 и 160.Се покажа добра иако не знам зошто не заживеа.Има комерцијални причини за тоа.Значи,со тримерите од 10 к се подесува прагот на заштита на секој канал посебно: најосетлив е за високотонците,а најнеосетлив за басовите.Работи на принцип на каснење на вклучување на звучниците на стартот, а ги штити од секаков вид транзиенти.Во принцип може са се штитат само среднотонецот и високотонецот,а басот да оставе ван заштита.Значи се подесува прагот за секој канал посебно во зависност од јачината на звукот кој сакаме да го слушаме.Прагот се одредува со вртење на тримерот на секој канал посебно.Релето е 24 волтно со три контакти по мин.5А.а заштитата се прави за секој канал посебно!
Може да се вгради и во звучната кутија,само се потребни два посебни исправувачи и приклучок за 220В за секоја кутија посебно!
-
А каква заштита е оваа објасними малце како функционира и така неможам да разберам како функционира ??? ???
-
ХСР-от има тросистемски звучници :ова регулација може да го штити звучникот од секој транзиент што би дошол на басот,средниот и високотонецот.Затоа зема сигнал од секој звучник посебно! Понатаму принципот е мерење на напон,склопот реагира и преку релеј го исклучува напојувањето.
-
ХСР-от има тросистемски звучници
мене ми донесоа хср 160 со двосистемски звучници дали тоа значи дека не се оригинал ???
-
ХСР-от 140 и 160 имаа три и четири звучника во кутија и тоа : 140 беше со бас од 12 инчи + среднотонец (во своја кутија) и калотен високотонец од 1 инч.Басот беше солиден со два спајдера ( барем за тоа време и тие пари!). Кога излезе 160-ката имаше период кога кутиите беа со 12-ка,ама потоа ги заменија со две 8-ци ( по Филипс технологија) ,а средните и високите останаа.Секоја друга ХСР комбинација не е оригинална!!
-
Засилувачот HSR160 е во пар со следните звучници(поединечно) 3 броја:
Бас - AZ 1202/BFO - 1 80W/4Ohm
Среднотонец - AZ 551/72/M4 40W/4Ohm
Високотонец - AZ 010/73/SK-4 40W/4Ohm
Овој модел не е со двосистемска звучна кутија............
-
Тоа е тросистемска верзија со 12 инчен бас,среднотонец и високотонец.Тоа е подобрата варијанта.
-
Тоа е тросистемска верзија со 12 инчен бас,среднотонец и високотонец.Тоа е подобрата варијанта.
Како мислиш подобрата варијанта,која е другата варијанта.Се продаваше со овие звучници кој случајно ги имам запишано додека го користев и додека мислев дека нема подобро..........Одамна е ова...........
-
Па читај што напишав - си имал среќа што со 160- ката си добил 12 бас! Тоа беше во рана фаза,а потоа кутиите ги правеа со два баса место еден ,ама тие беа 8-ки по 40 вати во паралела,ама многу брзо прегоруваа при константна јачина на звукот ( малку повеќе од половина!) и не даваа така добар звук како оние со 12-ка бас.
-
Па читај што напишав
???????????????????????
Па добро незнаев за другата верзија....................Ова не ти беше напишано претходно ;)
-
Твоите се со 12-ка -еден бас а другиве вака изгледаат ( со 2 баса!)
Споено мислење: [time]24 Јануари 2013, 00:20:48[/time]
ХСР-от 140 и 160 имаа три и четири звучника во кутија и тоа : 140 беше со бас од 12 инчи + среднотонец (во своја кутија) и калотен високотонец од 1 инч.Басот беше солиден со два спајдера ( барем за тоа време и тие пари!). Кога излезе 160-ката имаше период кога кутиите беа со 12-ка,ама потоа ги заменија со две 8-ци ( по Филипс технологија) ,а средните и високите останаа.Секоја друга ХСР комбинација не е оригинална!!
Еве што напишав. ;D 8)
Еве како се *преправаа* звучниците од ХСР едно време: басот беше во посебна кутија ,а средните и високите во помала-сателит кутија.И вака звукот беше во ред.
-
Еве ги моите:
(http://img585.imageshack.us/img585/2703/img10157.jpg)
-
Ова не се оригинални кутии за ХСР ! .Басот е 4о ватен нишки ,а високотонецот не е оригинален од ХСР.Еве слики од басовите ,а еве како изгледаат двете оригинални ХСР кутии
-
значи во 3 те кутии имам оригинал басови ко на првата слика и фалш високотонци а во 4 тата имам бас ко на 3 тата слика и исто така фалш а свртницата на сите 4 кутии е ваква
(http://img17.imageshack.us/img17/4394/p2401131711.jpg)
е сеа ме интересира дали ова е оригиналната свртница? или како шо ми изгледа е хоум мејд!
-
Не е оригинална свртница.ЕИ своите свртници ги правеше на печатена плочка со нишки кондензатори.Еве слики и шема на свртница малку дотерана.Ако сакаш имам некој нацрт за двостепена кутија со нишки звучници,ако сакаш да правиш или да смениш свртница.
-
па дека не се оригинал морам да ги менам па ако имаш нешто што би ми помогнало прати!
Споено мислење: 24.01.2013, Thursday, 17:56:10
уште едно прашање
Дали треба да ги обложам кутиите со сунгер внатрешно и ако треба колку сантиметри сунгер да користам поздрав!
-
Не разбирам што сакаш да ти пратам- шема,димензии на кутија....?? Сунгер лично не би ставал,туку најди ЛИО стива за перници ( бела вештачка волна за перници полнење и наполни ја до пола кутијата.Ако немаш добар бас извади дел од полнењето,се додека не
добиеш бас по твој мерак.
-
Ми требаат шеми за свртниците кутиите ке ги задржам не ги менам .. проблемот е што незнам од каде да ја најдам таа вештачка волна мислам каде се продава и од кое полнење да вадам дел??
-
Оригиналните свртници се тросистемски,а кај тебе гледам се двосистемски.Имам една варијанта ,ама во домашниот компјутер,па ке гледам вечер да ти ја постирам цела тема за двосистемска кутија со ЕИ звучници,како твоите.Само кажи кој високотонец го имаш (ако има ознака на него).
Споено мислење: 24.01.2013, Thursday, 21:30:33
Eве една верзија на двосистемска кутија со ЕИ Ниш драјвери
-
на високотонците нема никаква ознака најверојатно се некои кинески ефтина роба ... и дај кажи шо програмче треба да иам за да ми ја отвори шемата што ми ја прати!
-
:D ;D Ти треба обичен Акробат рајдер за пдф фајлови да отваораш.
-
свана... скоро го преинсталира оној пц па затоа те праша да знам шо да инсталирам да не е некое др програмче ама еве од овој глеам дека е акробат... како и да е фала на помошта!
-
....Дали ја има некој како фајл или скенирано подобрената свртница за ХСР звучниците од „Емитер“ (се работи за звучниците со еден бас од 12 инчи)?