Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: Acki2009 on 10.11.2011, Thursday, 12:37:28

Title: Програмибилен бројач на вртежи
Post by: Acki2009 on 10.11.2011, Thursday, 12:37:28
Во случајов се работи за програмибилен бројач на вртежи кој го пронајдов во Емитер 4/2007, плочките исто така ги порачав од емитер го склопив се како сто треба. Кога ќе го приклучам бројачот на извор на напојување дава некои бројки безвеза на дисплеите секогаш различно при секое наредно приклучување и друга работа кога сакам да зададам некоја вредност на преклопниците тие се со 12 положби неке никако да се менуваат бројките на дисплеите едноставно бројките не се менуваат со поместувањето на преклопниците него си останува онаа бројка со самото пуштање на бројачот.
Дали некој друг го има изработено овој бројач па да знае каде е грешката или кажете шемичка како на друг начин да го направам бројачот. Фала ви однапред///.
Title: Одг: Програмибилен бројач на вртежи
Post by: Devil on 10.11.2011, Thursday, 17:00:40
провери ја плочата убаво да не имаш некоја грешка, провери да не имаат од емитер некоја грешка направено
провери дали сите делови ти с еправилно поставени
Title: Одг: Програмибилен бројач на вртежи
Post by: Acki2009 on 10.11.2011, Thursday, 21:01:47
Неколку пати испроверив се плочката да не не е добро иштампана елементите ги прелемив сите, па го повикав еден другар и тој со електроника се занимава и тој ништо не можеше да направи сигурно се работи за некоја грешка во шемата по моја претпоставка.
Title: Одг: Програмибилен бројач на вртежи
Post by: Devil on 10.11.2011, Thursday, 21:06:13
ако можеш стави ја шемата, но само шемата немој се да скенираш/сликаш пошто се лутат од емитер