Анкетата е извршена тајно со телефонски јавувања кај госпожи, од урбана и рурална средина. Јавувањата се вршени за време на турски синхронизирани серии. Моментот намерно е избран тоагаш заради тоа што нивото на интелегенција во тој момент е соодветно со интелектуалнот ниво на поставеното прашање.
Од вкупниот број убедливото водство е на Драган Вучиќ со 83% а далеку под него се најдоа останатите јавни личности меѓу кои.Војче Китановски,Мирка Велиновска и Боки 13.
Карактеристиките кои ги поседува тој и само тој а никој друг а го направија најпосакуван маж се:
А)Ги знае ликовите од сите турски серии
А.1)Увек може да ти ја раскаже пропуштената епизода
А.2) Никад нема да ти рече ај ма доста гледаш турски серии
Б) Секогаш е подготвен да ти даде (подарок)
В)Кога и да му се јавиш ти вика: Здраво, ке си играме?
В.1) Увек ти дава опции да бираш
Г)Ако си тажна и сите ти викаат не си убава тој е тука да организира мис Најхурем, мис Нај Џеврие, Мис НајНеџла, и да ти додели систем
Д)Никад нема да ти рече зашто нема ручек дома!Затоа што има компензација од разноразни кафани кои у момент ке ти донесат ручек
Д.1) Никад нема да ти рече ке ни дојдат дома гости дај купи мезе зашто он Дома увек има салами кобасици, чајна кашкавал и сирење.
Д.2) Увек имаш хулахопки дома
Ѓ)Може да те упознае со сите турски глумци, и да те шета по турска као прва дама
Е)Ке те упозне со Цеца, со Сузана Манчиќ со Лепа Лукиќ и може да ти станат најбољи другарки
Ж)Не е ќелав, чакшто више изгледа дека косата се повеќе му расте(Уман глава коса не трпи)
З)Има кола и стан
Ѕ)Знае да пее и да свири, што значи ако престане да биде водител увек може да заработува од свадби
Ете затоа ДРАГАН ВУЧИЌ Е НАЈПОСАКУВАН МАЖ ВО МАКЕДОНИЈА!
Истражувањето направено, самоинницијативно без притисоци од било која политичка, верска, хуманитарна, невладина градска или селска организација. Значајно е да се каже дека анкетата е правена и без притисок или ургенции од жената му на Вучиќ. Анкетата покажа фасцинантни на моменти вчудоневидувачки и вчудовидувачки податоци. Драган Вучиќ е најпосакуван маж во Република Македонија.
Предупредување:Оваа вест е невистинита и нема допирни точки со реалната ситуација.Претставува само хумористичен начин на гледање на дневно-политичките и естрадни збиднувања во земјава.Без намера да омаловажи некого.И има единствена цел -да ве насмее.
Source:
http://news.vrabotuvanje.com.mk/mk/articles/nevesti/anketata-pokazhadragan-vuchikj-najposakuvan-mazh