Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Забава => Topic started by: DX-er on 06.01.2012, Friday, 18:01:58
-
Ајде електроничари, да даваа делчиња знам дека сите ќе идевте :D ама даваат костени, јаболки, помаранџи и некоја ситна (железна) пара.
Пишете, денес некако многу слабо сте активни >:(
-
Не отидов зошто сум голем за оваа работа, ама затоа пак ко ми дојдоа пред врата 923483259 ми го прегорија sвончето дур излезе некој да отворит и костените што ги берев годинава баеѓи се намалија :(.
-
кај мене од 2:30 минути по полноќ па се до 12 часот на пладне врвеа како река.
-
иако палењето на коледарски огнови кај нас се смета за пагански обичаи и е против она што го проповеда православната црква, кај нас скоро во цела македонија се палат тие огнови, некои места огновите ги палеа вчера, но по правило бадниковиот оган/ коледе се пали на бадник/коледе а не ден порано :)
така ние си имавме собрано да не претерам ама едно 10-15 кубици дрва ;D и сабајлево кон 4-5 сатот си го запаливме огнот :)
е сега околу шетање по куќи, порано како помали сме шетале и убаво ни беше
сега пошто сме „поголеми“ срамота било да се шета, ама сакаш нејќеш ќе одеш до кај комшиите кај што имаат некоја постара баба и уште не влезен ќе ти ги наполни џебовите со јаболка костени колачиња и слични работи :)
е јас имам навика за коледен џебовите да ми се полни со костени, кога ќе одам кај тоа малското коледе (каде што сите сме од иста фамилија (едно 15-тина куќи)) кое ни е само на пошироката фамилија родниње и пријатели, и сите се знаеме што е најважно!, земам вадам костените земам една лопата црпам од тоа жарот од коледето и си ги печам на страна :)
па после кој сака од луѓето може да земе
и некогаш ако заборавам да испечам некој костен одма луѓето ме потсеќаат да земам да наредам да се печат ;D
така да ова нас ни е една така прилично голема слава каде што нема карање расправање или мешање политика и слични работи сите се весели (и повеќе или помалку пијани) кој ќе дојде од страна на коледето нема бркање, него се части со тоа што има моментално намаса и така
јас малку офф топик заминав ама мислам дека не е проблем, ако е проблем кажете ќе избришам :)
-
кај мене од 2:30 минути по полноќ па се до 12 часот на пладне врвеа како река.
ваууу,што е тоа? :o јас не идам,братучедот иде сега.Јас одев до прва година,на времето собирав многу работи.Вреќи полни со чоколади,костени,ореви,јаболки,портокали итн. носев дома,па и пари. ::) ;D ;D за пари највеќе знам дека имам собрано околу 1400 денари :D :D секое сабајле станував во 4 и пол и одев со еден другар.
-
иако палењето на коледарски огнови кај нас се смета за пагански обичаи и е против она што го проповеда православната црква, кај нас скоро во цела македонија се палат тие огнови, некои места огновите ги палеа вчера, но по правило бадниковиот оган/ коледе се пали на бадник/коледе а не ден порано :)
така ние си имавме собрано да не претерам ама едно 10-15 кубици дрва ;D и сабајлево кон 4-5 сатот си го запаливме огнот :)
е сега околу шетање по куќи, порано како помали сме шетале и убаво ни беше
сега пошто сме „поголеми“ срамота било да се шета, ама сакаш нејќеш ќе одеш до кај комшиите кај што имаат некоја постара баба и уште не влезен ќе ти ги наполни џебовите со јаболка костени колачиња и слични работи :)
е јас имам навика за коледен џебовите да ми се полни со костени, кога ќе одам кај тоа малското коледе (каде што сите сме од иста фамилија (едно 15-тина куќи)) кое ни е само на пошироката фамилија родниње и пријатели, и сите се знаеме што е најважно!, земам вадам костените земам една лопата црпам од тоа жарот од коледето и си ги печам на страна :)
па после кој сака од луѓето може да земе
и некогаш ако заборавам да испечам некој костен одма луѓето ме потсеќаат да земам да наредам да се печат ;D
така да ова нас ни е една така прилично голема слава каде што нема карање расправање или мешање политика и слични работи сите се весели (и повеќе или помалку пијани) кој ќе дојде од страна на коледето нема бркање, него се части со тоа што има моментално намаса и така
јас малку офф топик заминав ама мислам дека не е проблем, ако е проблем кажете ќе избришам :)
Потпуно си во право, ова е пагански (контра верата) обичај и тоа беше кажано пред некоја година од МПЦ. Тогаш огновите ги немаше ама после тоа, пак почнаа.
Значи тој обичај не е Бого-угоден и е пагански (лош обичај)
Се трошат беспотребно многу дрва за зо ние кои се забављаата, пијанчат и си прават провод. Наместо тие дрва (пари) да ги донираат за Бого-угодни цели а тоа е помагање на социјалните случаеви и сиромаси.
Трето, онаа паганска песна коледе леде паднало греде утепало деде е глупост и никад не ми се свиѓала. Права Коледарска песна е оваа:
Bozikna Pesna (http://www.youtube.com/watch?v=JXdLlN8vvX8#)
За крај, години наназад идат роми кои највероватно не се христијани... и после гледам надвро фрлани јаболки (веројатно ги земаат па ги фрлаат)
-
Не знам за вас, ама кај мене едно дете не запеа на врата. Кога станав од спиење се симнав доле и баба ми ја прашувам дали дојде некој, и таа се чудеше, вика оваа година кај нас најслабо, ама не ни видов по комшииве некој да дошол. Јас ја прашувам толку слабо, ми вика најслабо - ич!!
EDIT: А јас кога одев на коледе, станував усте во 4 саат, спремај се да ја поминеш цела населба, повеќе пари да собереш, па на почеток кога ќе излеземе сме ги бирале куќите каде што ќе одиме, се сме гледале во тие пораскошните првин да поминеме. Деца, сме се лажеле повеќе пари да збереме :)
-
ја бев на коледе, ама пред 10 години xD инаку кај нас за сурооо палиме оган
-
и кај нас за сурово/васлилица се пали, ама помал оган :)
-
да али кај нас само за сурпооо палат, не и за бадник божиќ... милса и подома си палат која како кога е ладно :)
-
ахахаха па нормално дека ќе палат не ќе мрзнат луѓето
-
Oваа година најслабо имало,само 2 пара дојдоа и толку...Ама и крш беше времето,вренеше,се кал надвор...Иначе јас до 7-8-мо одев,толку доста е ;D.Иначе и ние од маало у 4 саат сите на нозе,како војници,и оди од врата на врата збирај пари ;D.Дур не собереш 1000-ка не се враќаш дома ;D
-
Кај мене само три групи на деца дојдоа, толку, слично како лани, многу слабо :S.
-
Годинава само две девојченца-сестрички од маалото затропаа на вратата ,накоснати од дождот.Има дадов по 100 денари и еден куп јаболка,мигдали,ореви,мандарини и пуканки(тазе!) .Друг не дојде и мислам дека децава се повеке се стегаат да одат на коледе.Дури и одвечер огновите беа тек-тук,имаше силен ветер и малку поседовме!
-
Мислам дека родителите не ги пуштаат, а и оправдано не ги пуштаат, им е страв, секакви луѓе има веќе, не е како порано :S. И јас мое дете сега не би пуштил.
-
и ние кога одевме имаше такви луѓе ама одевме по 5-6 деца и имаше раздвиженост, така да ако се десеше нешто тешко дека ќе останеше неприметено... патем што е тоа мигдали ?
-
порано стварно многу деца одеа на коледе, ке се собереме цело маало и шеташ сегде, а и кај ке одиш па, во маало и може некоја куќа од соседното маало и толку, луѓето колку-толку се знаат кои се и што се...
-
патем што е тоа мигдали ?
Бадеми ;).
-
ima poveke koledarski pesni eve dve:
Kolede babo kolede nie ne sme komatari tuku selski koledari edno dve tri Koledeeee
Koj spie neka stane ,da otvori teski porti teski porti zeleznicki,oj lade ladeee oreee mi se jade
Kolede e staro Makedonski obicaj, pred da postoi religijata,vo komunizmot bese dozvolen a denes crkvata saka da go zabrani,za tie sto si gi sakaat obicaite treba da si gi sproveduvaat, dosta bese ednoumie,Hristijanstvoto e so poteklo od Izrael,kolede e cisto Makedonsko
-
За 17 години 2 пати сум бил на коледе како мал, не ми беше толку интересно
-
Стефан, Дали билдаш посотови? или шо е работата