Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: bumbar on 04.01.2019, Friday, 13:12:18

Title: Купувам „флат кабел“ за лаптоп HP Pavilion dv8
Post by: bumbar on 04.01.2019, Friday, 13:12:18
...Потребен ми е флат-кабел за монитор за лаптоп HP dv-8....Ако има некој - нека ми пише или ако има некаде во МКД (Скопје) да се купи...

Поздрав и - Подносливо среќна 2019.!
Title: Re: Купувам „флат кабел“ за лаптоп HP Pavilion dv8
Post by: GigaWatt on 05.01.2019, Saturday, 00:18:39
Мислиш на LVDS кабел ;).

Да го сликаш твојот и конекторите на краевите? Можно е да имам некој кој ќе ти одговара ;).

И најважно. Дали си сигурен дека е проблематичен LVDS кабелот? Бидејќи најчесто зезаат конекторите на краевите (поточно, конекторот од странта на екранот), а не самиот кабел... и тоа не конекторот на кабелот, туку конекторот од страната на екранот. Практично, и да го смениш, пак ќе го имаш истиот проблем. Можно е да работи некое време, ама пак ќе почне да зеза :-\.

Ако не си 100% сигурен дека кабелот е скинат некаде, пробај со игличка исчисти ги (грепкај ги :P) контактите на конекторот, но од онаа страна која се врзува на екранот. Исто така, под лупа убаво провери ги лемните точки на женскиот конектор на екранот (конекторот е залемен за T-Con board).