Вчера ми се јаве Тодор Z31RM и ми рече дека од центарот за справување со кризи ќе биде донирана опрема за радиоклубовите. Бевме поканети да одиме со нив на нивниот веќе напуштен пункт на Галичица. Колегите од центарот за справување со кризи дојдоа од Скопје по нас и заедно отидовме до нивниот пункт. Кога веќе и џипот не одеше повеќе нагоре, имавме околу час и половина пешачење. Планината е доста сурова, природата е најголемата сила која и со неа не може никој да се спротистави. Прв впечаток е тоа што ни теренско возило не може да се искачи. Но не е тоа се.
Вакво нешто немам видено, далноводот е усукан па свиткан.
По час и половина пешачење стигнавме.
Еден колега стигна пред нас 10 минути и ни кажа дека се е обиено. Сликата што ја видовме беше грозна.
Електрониката за соларните панели (тоа што остана од неа) Панелите ги нема
Репетиторите што требаше да бидат донирани за клубовите, некој ги трескал од земја, онака како за забава....срамота
И другите објекти не беа поштедени
Го оставиле и нивниот знак
Што им сметала оваа антена?
Уништени и столбовите
Крадци украле се што може да се понесе, а она што не можело да се понесе го искршија. Ова е слика на тоа што остана таму.
Радиоаматерскиот сојуз во соработка со центарот за справување со кризи имаше во план да создаде мрежа за кризни ситуации. Вишокот опрема, центарот за справување со кризи имаше во план од овој пункт да ја донира опремата на радиоклубовите низ државата, со цел како што кажав да се воспостави мрежа за кризни ситуации каде овие репетитори би биле идеални за таа намена.
Кој и да бил ова, тој некој му нанесе штета на државата. Тој некој не е свесен дека со оваа опрема се спасуваат животи.
Во пунктот до пред неколку недели се беше во ред, се чекаше да заврши процедурата за примопредавање. Искршените репетитори ги слеговме до возилата и истите беа однесени во центарот за справување со кризи во Скопје, за да не ги снема и нив. Репетиторите не може повеќе да се поправат.