Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: alokin on 29.08.2012, Wednesday, 02:27:17
-
Значи радиово си работи нормално со станици до кај 93mhz, над тоа има чуден звук ( нешто како свиркање )... Во што би можело да е проблемот !??
-
Да не имаш во близина база од бежичен телефон, компјутер, полнач за мобилен, етц, етц???
-
Имам на истиот продолжен кабел, приклучено лаптоп и декстоп пц, во моментот кога пробав само лаптопот беше пуштен...
Двд-то е Shockwave Du 300 модел, користам сараунд MS само вуфер и централниот звучник приклучен.
Имаше проблем со двд-то, трепкање на дисплејот, немаше сигнал од ниедна станица... го отворив сменив два подуени кондезатори. Сега се пушта нормално, само остана проблемот со тоа што станиците над 93mhz, поточно над 96mhz не ги пушта (има некаков звук како да свири нешто)
Споено мислење: [time]29 Август 2012, 12:37:58[/time]
Еве и слики,
(http://img209.imageshack.us/img209/586/dsc04614c.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/209/dsc04614c.jpg/)
(http://img694.imageshack.us/img694/8277/dsc04615jb.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/694/dsc04615jb.jpg/)
1,2 се кондезаторите што ги заменив, а под 3 ( не сум сигурен, ми личи на транзистор) многу загрева...
1- 400V 22mf заменет со ист таков.
2-6,3V 1000mf заменето со 10V 1000mf
Еве и видео клип за да се слушне каков звук дава...
MOV04616 (http://www.youtube.com/watch?v=bRxidvNjISU#)
Споено мислење: [time]29 Август 2012, 13:55:30[/time]
Најверојатно лоцирав што може да е проблемот... сега дали може да се среди ова !??
(http://img585.imageshack.us/img585/108/tunere.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/585/tunere.jpg/)
-
Прво, задолжително стави му поголем ладилник на switching транзисторот во напојувачката секција.
Второ, стави EMI филтер на линијата за напојување. EMI филтри можеш да најдеш во било кое компјутерско напојување (иако, морам да признаам дека најновиве Кинески од најевтините од 600, 700 денари немаат никакви EMI филтри, или евентуално некој кондензатор, така да, најарно е да извадиш од некој стар телевизор или од постаро напојување за PC).
Најверојатно лоцирав што може да е проблемот... сега дали може да се среди ова !??
Ако EMI филтерот не помогне во вадењето на „чудниот звук“, смени ги сите електролитски кондензатори во RF секцијата. Стави нови со поголем работен напон. Гледај да се некои поквалитетни.
-
Ќе пробам деновиве да ставам филтер на напојувањето, имав и друг предлог да се смени целосно напојувачката секција со друга од друго двд !??
А за тунерот, кондезаторите ми изгледаат дека се добри... да не треба да менува кај што ми е отбележано на сликава, како да е растопен интерглалецот ???
(http://img15.imageshack.us/img15/7474/tunerd.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/15/tunerd.jpg/)
-
Интегралецот не може да биди расипан во овој случај бидејќи работи.. до тие 96MHz, пробај тоа што ти спомна гига, ама мене не ми изгледа дека е до тоа, мене ми личи повеќе на тие тримерите или калемите раштеловани да се.
-
А за тунерот, кондезаторите ми изгледаат дека се добри... да не треба да менува кај што ми е отбележано на сликава, како да е растопен интерглалецот ???
Ако е растопен, воопшто нема да работи радиото ;D. Пробај тоа што ти пишав, ако не профункционира со тоа, пробај тоа BOBAN што ти пиша.
-
Ќе пробам утре, па ќе пишам што сум направил... Фала ви
-
Ги заменив кондезаторите, и пак го добивам истиот звук после 96mhz...
Тримерите ги немам чепкано да ги подесувам, можно е сами од себе да се раштелуваат !??
-
Мене тоа ми звучи на зуење од 50Hz (дури сега го чув и видов клипот ;D). Би се обложил на нешто од напојувачка секција...
-
Таму имаш 4 напона
12v,-12v,5v и -5v и маса се разбира,провери ги напоните.Ако тие се добри пробај да ги вртиш тие калемите во тјунерот.Тоа го правиш со поголема диода која ке ја стиснеш на едниот крај така да ке добиеш некоја верзија на штрафцигерке влегува точно на магнетот.Врти само со ова никако со шравцигер бидејки ке пукне магнетот.
-
Мене тоа ми звучи на зуење од 50Hz (дури сега го чув и видов клипот ;D). Би се обложил на нешто од напојувачка секција...
Хм... па тој транзисторот со хладњакот во напојувачката секција што е многу брзо загрева некако !?? Да пробам да го сменам него, дали може тој да е причината за чудниот звук. Друго незнам што би можело да биде, ако има некој идеја... Тримерите не ми се чепкаат, не верувам дека сами се разштелувале...
Споено мислење: [time]12 Октомври 2012, 13:27:53[/time]
Таму имаш 4 напона
12v,-12v,5v и -5v и маса се разбира,провери ги напоните.Ако тие се добри пробај да ги вртиш тие калемите во тјунерот.Тоа го правиш со поголема диода која ке ја стиснеш на едниот крај така да ке добиеш некоја верзија на штрафцигерке влегува точно на магнетот.Врти само со ова никако со шравцигер бидејки ке пукне магнетот.
Напоните се добри ги измерив. Во делот за напојување има само -12v, + 12v и +5v и +5v (така и пишува на плочката). Кај тунерот има само +12v.
-
А од секогаш вака правел DVD плеерот или сега почнал (пред некое време)?
-
А од секогаш вака правел DVD плеерот или сега почнал (пред некое време)?
Не, мислам дека се зафркна во исто време со ресиверот за дитигалната... најверојатно снемало струја тогаш дома (невреме). Ресиверот го заменија од кабловска и после некое време приметивме дека не работи двд-то, прво трепкаше дисплејот, после воопшто не се пушташе. Го отворив, видов два кондезатори подуени во делот за напојување, ги земенив и се пушти двд-то ама се појави проблемов со станиците, над 96mhz свири само. :)
-
Мое мислење е дека имаш уште некој проблем во напојувачката секција. Треба на осцилоскоп дасе види какви се брановите форми на излезниот напон. Можно е да има некоја импулсна ВФ компонента која пречи на рисиверот.
-
Е, осцилоскоп од каде :) ништо, останува да пробам да сменам дел по дел од напојувачката секција (диоди, кондезатори и сл) ;D
-
Проблемот со радиото на двд плеерот беше решен со замена на тунерот со друг од Фуего двд плеер. Најверојатно проблемот беше во еден од 2-та интегралци... се друго беше променето (кондезатори и диоди) и проблемот не беше отстранет.
Нема никаков шум сега и си работи над 97mhz фрекфенциите.