Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: The Electric Boy on 10.05.2020, Sunday, 22:37:10
-
Здраво дечки.
Поради ситуацијава, нас не натрупаа периодов со тестови и домашни и веќе незнам што попрво да учам и да решавам.
Дали има некој да се понуди да ми помогне околу една домашна?
Станува збор за прашалник од предметот Електронски Склопови и Уреди за IV година.
Ако има некој што би сакал да ми помогне, нека ми пише во ПП, ќе му го пратам.
Неделава имам 6 теста, и гледам што попрво да ги завршам, оти некои оценки ми се критични, а и ние касно почнавме (моето школо) со ова далечинско учење.
Да заврши ова и да живнам малце.
Инаку, имам јас неколку решено на прашалникот што можев.
-
не гледам причина оти да не ја поставиш јавно задачата ?
-
Кај мене во школо многу и нејќат да се споделува, а и сега баш пред крај на година нејќам да си западнам во проблеми.
Кој сака ќе му пратам па нека проба што може да реши, ќе ви бидам многу благодарен.
-
Кај мене во школо многу и нејќат да се споделува, а и сега баш пред крај на година нејќам да си западнам во проблеми.
Под псевдоним си на форумов, јавно не се гледа твојот mail... не гледам каде е проблемот, никој нема да знае кој ги споделил.
На крајот на краиштата, повеќе глави мислат подобро од една.
-
Епа ајде.
Линкот е подолу:
https://drive.google.com/file/d/1KODDU5KxTWBSRp7Cw3_Qnfg3_E_DQtV0/view?usp=drivesdk
Инаку, предметот се вика Електронски Склопови и Уреди, за 4 - та година средно стручно образование.
Рокот ми е до 15-ти па видете што можете решете, а јас да си расчистам со другите предмети.
Повеќето одговори инаку, ги има во учебникот кој можете да го најдете на е - дневник.
Ќе ви бидам многу благодарен :-)
-
Одговорите на овие прашања може да се најдат онлајн, доколку се потрудиш да ги најдеш одговорите преку Google се надевам дека барем пола од одговорите ќе ти останат во трајно сеќавање.
-
Знам да. Повеќето сепак можат од учебникот да се најдат. Да не бев толку опсегнат со работа, ќе ги решев и другите.
И, уште нешто за тие што го решавате прашалникот. Одговори на прашањата (особено првите) од прашалникот имало и од учебникот за 3-та година.
Ајде пробајте решете што можете до 15 - ти, па пратете.
Со душа чекам да заврши, после и на 1 јули имам испит за претприемачи и тоа ќе треба да учам. Да завршат сите овие ствари и да здивнам :)
-
А на која дата е кафана? :)
-
Сеа слушнав матурата преку Zoom со по кило ракија секој че била...
-
Немам нерви за повеќе во мометов, толку од мене.
https://app.box.com/s/vae98v63h2rpvsil0rmv6hq820pankt4
-
Фала ти многу @GigaWatt
Инаку, подоле имам линк, од истите што ги реши GigaWatt, ако сака некој друг да се нафати да ги дореши ќе ви бидам многу благодарен.
Реално и јас не сакав ситуацијата да биде ваква. Ќе си одговарав во школо, ама сега со ова е - учењево многу е различно. А и плус кај нас, оти покасно отворија група на Classroom, сега последен месец пред крај на школска година не натрупаа со тестови и домашни. А и јас како што имам неколку критични предмети...
Еве го линкот:
https://drive.google.com/file/d/1RZlxN860FLhq8nv0p_X6gizVjQ2CVO9b/view?usp=drivesdk
Се надевам дека барем у кафана ќе ни дадат да прославиме, ако веќе неможе матурска вечер да се одржи ;D
-
Какви глупи задачи беа тоа со пикселите... ти дава непарен број на пиксели за хоризонтала или вертикала, пресметај го она што фали за даден AR... ц ц ц ц ц ц... тоа не е возможно со било кој кодек да се направи и прикаже, мора mod2 (мултипл на 2) да е и вертикала и хоризонтала. Непарен број на пиксели по вертикала и хоризонтала е дозволено само кај кодеци за статични слики (JPG, PNG, BMP и слични).
Вакви глупи работи и на факултет ни даваа и кога ќе им предочев дека не е возможно со сегашната технологија, иако сум пресметал тоа што се барало, ми одземаа поени од задачата ::).
-
Дечки решавате?
Уште 2 дена има, ама гледајте до утре завршете па да пратам.
Инаку да, што има глупости има. Ако не се грешам прашалникот е правен баш ко за на матура, па така да ништо чудно.
-
Решаваме решаваме, ама тешки некако прашањава.
-
Решаваме решаваме, ама тешки некако прашањава.
Ајде, стум ги решиш прати, па јас да пратам оти до утре е рокот.
-
Мислам дека не го прочита постот на крема меѓу редови...
-
Прочитав.
Ајде вечер ќе видам што би можел да најдам, ама сепак ако реши некој нека прати.
-
Дечки ај малку хелп со задачиве...
https://prnt.sc/sh71d7
Овде 42 значи ќе треба 525 да го делам со 4 па добиениот резултат да го помножам со 3, или како што ми е?
Другите точни ми се???
За 43 - то, кога делев 800 со 3 па множев со 4, ми даде чуден резултат, па после обратно пробав и ми даде 600.
Каде грешам овде?
-
Даден ти е определен AR (Aspect Ratio, 4:3, 16:9, 172:92, не е ни важно). Односот е хоризонтала према вертикала. 4 делено со 3 е 1.33333 во периода. Ако ти е дадена вертикатален број на пиксели за AR 4:3, множиш со 1.333333. Ако ти е даден хоризонтален број на пиксели, делиш со 1.333333. Истиот принцип важи и за сите останати Aspect Ratios. По потреба, заокружуваш. Ако добиеш вредност поголема од .5, заокружуваш на на наредниот поголем цел број. Помало од .5, на претходниот помал цел број.
Извини вака, задачиве се боза. Не дај боже да ви дадеа и определен PR (Pixel Ratio) и да ви побараа еквивалентирање во резолуција со square PR... сигурно ќе се изгубевте. По правило, PAL не работи со square PR, има 1.094 PR. Вас само со square PR ви даваат задачи.

Значи сега, еве за 40 задача ако е сооднос хоризонтала према вертикала ќе му дојде 752 да го делам со 16, па да го множам со 9, а ако беше обратно ќе требаше 752 со 9 да го множам, а со 16 да го делам???
Ај види сликата што ја пратив дали ми е добро решено.

Очигледно не читаш што ти пишав. Поедноставно е ако работиш со односот на AR-то, т.е. со децимален број кој го дефинира односот на хоризонтала во однос на вертикала. За 4:3, тоа е 1.333333.
Ај види сликата што ја пратив дали ми е добро решено.
Последното ти е грешно, 43.

Ја прашав и професорката, ми вика дека кај 43-то прашање дека било 600 пиксели.
Очигледно она вака пресметала:
800 / 4 па после добиениот резултат што е 200 го има помножено со 3, и ете 600 пиксели.
-
Океј нема везе, проверив и си ги решив како што треба.
Инаку, остана уште 31 - вото прашање. Пола ми е решено, што можев да најдам, ама за другиот дел (нивоа на квантизација) неможев да најдам.
https://prnt.sc/shcfin
Ако некој може да го дореши, уште тоа прашање остана, другите повеќето ги најдов сам. За задачите се збунив, затоа и прашав ама сега се снајдов.
Инаку, фала ви на сите што ми помогнавте. Еве сега кога имам малце повеќе време седнав и си решив сам. Не било толку комплицирано, ама зезнато беше периодов што не натрупаа со многу тестови и домашни баш пред крај, а и јас имав неколку критични предмети.
Останува уште тоа 1 прашање , и после тоа слободно заклучете ја темава, освен ако не му треба на некој друг.
-
Ја прашав и професорката, ми вика дека кај 43-то прашање дека било 600 пиксели.
Очигледно она вака пресметала:
800 / 4 па после добиениот резултат што е 200 го има помножено со 3, и ете 600 пиксели.
Под 43 вика 800 за вертикала, не за хоризонтала. AR е дефиниран како 4:3. Ако е вертикалата 800 пиксели, а односот хоризонатала/вертикала 1.333333, не може вредноста на хоризонталата да е помалку од вертикалата, т.е. 600 пиксели, тоа е проста логика.
Професорката твоја греши.
Океј нема везе, проверив и си ги решив како што треба.
Инаку, остана уште 31 - вото прашање. Пола ми е решено, што можев да најдам, ама за другиот дел (нивоа на квантизација) неможев да најдам.
Енкодерот е 8 битен, а нивоата на квантизација се 24 битни (по 8 бити за секоја од боите R, G и B).
И зошто 1.125 линии, ова не е точно... можеби за PAL, но не и за progressive scan (NTSC).