Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => ВФ засилувачи => Topic started by: DX-er on 26.06.2010, Saturday, 23:13:52
-
(http://pic.mk/thumbs/88108mhz15.gif) (http://pic.mk/?v=88108mhz15.gif)
-
Гледам дека транзисторот е од фирмата Mitsubishi но дали некој го носи кај нас во продавниците за електронски компоненти е дискутабилно.
(http://t2.gstatic.com/images?q=tbn:EjSSUFXsxXUR_M:http://i02.c.aliimg.com/img/offer/22/27/81/90/4/222781904)
-
ке прашам па ако има некој ке пишам. Посебно ме заинтересира што е мосфет транзистор, оти температурата нема некое големо влијание на работата како кај биполарните транзистори. Ако некој знае + уште некои предности/маани кои ги имаат мосфетите во однос на биполарните нека пише.
-
Маана е тоа што може лесно да ги прегорите и се скапи. Предност е големото засилување (поголемо отколку биполарни ВФ транзистори) и температурно се постабилни.
-
a како може лесно да прегорат? Дали ако има голем SWR или векот им е пократок и нешто друго има?
-
Мала грешка и отиде :)
-
друго некој се осетливи на електрицитет, па фати го со раце и ојдоа купувај нови, тоа се избегнува ако претходно фатиш за заземјување, водоводна цевка
или некои користат антистатик ремчиња, ама не мора да се купуваат такви работи
-
аууу значи како што ми се дешава мене да уклучам предавател во струја (ама одма ке видам и гасам за 1-3 сек.) а да заборавам да ја приклучам антеата и ако е мосфет излезот тогаш веднаш ке прегори ?
edit: Јас купив еден BS170 (мосфет) за ЛЕД кандило и го вградувам и оп не свети ЛЕД-от, вадам пикот, гледам дека е добро програмиран. Вадам транзисторот и гледам на апаратче дека отишол... а жичките добро ги поврзав (правилно) и си помислив дека од фабрика бил таков ама еве што вика колегата од статички електрицитет прегорел. Не некој статички што ке пецне и искра ке фрли туку некој незабележлив за нас.
Потоа ставив BC548 и гледам истата работа ја брка :) како и BS170
-
Предност е големото засилување (поголемо отколку биполарни ВФ транзистори) и температурно се постабилни.
Хммммм, јас мислев дека биполарните имаат поголемо засилување, или грешка сум бил...? Или ова важи само за ВФ MOSFET транзисторите, не и за нискофреквентните. А за тоа дека се температурно постабилни, тоа знам ;).
-
Доколку се користи мосфет како ВФ транзистор обично имаат поголемо засилување од биполарните транзистори.
-
imam MRF1550 mosfet 50w i dali moze da go iskoristam za fm zasiluvac
-
1.1. Официјален јазик на форумот е Македонскиот, а официјално писмо е кириличното. Задолжително е коментарите (post-овите) да се пишуваат на Македонски јазик со кирилично писмо (Македонска поддршка). Доколку не знаете како да подесите Македонска поддршка на вашиот компјутер, тоа можете да го најдете во другите теми од оваа секција.