Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: ShAdOw on 26.04.2011, Tuesday, 20:45:34
-
Многу корисен уред (клипинг индикатор) кој наоѓа примена во скоро секој аудио засилувач. Клипинг идикаторот служи за сигнализирање кога засилувачот ќе влезе во клипинг т.е. кога ќе почне да ги отсекува врвовите на синусоидата и притоа се јавува правоаголен сигнал кој има поголема моќност од обичниот синосуиден сигнал и овој сигнал може да ги оштети звучниците кои се приклучени на засилувачот. Шемата е испорбана лично од мене и може слободно да ја изработите :). Во продолжение имате монтажна и пцб за полесна изработка на овој клипинг индикатор ;).
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5156.0;attach=5292)
-
кои диоди сигнализираат клипинг и на колку волти работи ова?
-
Највероватно црвените, а зелените се нормал, ке каже Shadow подетално.
-
од 9 волти нагоре до кај 15 негде би требало да работи, а за тоа кој диоди за што се мака ми е сега нека каже некој друг ако знае :)
-
го направив ова малце изменато само едно за моно појачало и му ги тргнав оние зелените диоди со с е отпорник и го пробав ама само црвената диода свети цело време не реагира никако.
-
Доколку константно свети црвената LED диода, значи Q1 и Q2 се цело време ON, што не треба да бидат, освен ако нема клипинг во излезниот сигнал. Провери да не имаш грешка во шемата ;).
-
зелените диоди би требало нон стоп да светат поради нивното поврзување :)
-
имав една грешка сега ја поправив сега па диодата не свети му пуштив сигнал на влез од излезо на еден систем до кај 30w и диодата не реагира дали му треба поголема снага и како се регулира ова за колку w да кажва оти не е за сите исто?
-
ова не покажува моќност ова покажува дали има клипинг сигналот или нема
за тоа ќе мора да го донесеш засилувачот да сигналот кој го дава има клипинг
-
да знам дека е така ама мене ми треба за провервање на моќноста на одредено појачало зато сакам ова да го користам за да знам кога појачалото влегва во клипинг оти до клипинго вади чисто нагоре вади со изубличување а ова мислам дека неможи да биди исто за секое појачало секое појачало не влегва за ист сигнал во клипинг затоа дали некако се подесва?
-
диодата треба да светни кога сигналот што го дава засилувачот има клипинг , нема врска колку вати е појачалото ;) ако грешам поправетеме :)
-
да знам дека е така ама мене ми треба за провервање на моќноста на одредено појачало зато сакам ова да го користам за да знам кога појачалото влегва во клипинг оти до клипинго вади чисто нагоре вади со изубличување а ова мислам дека неможи да биди исто за секое појачало секое појачало не влегва за ист сигнал во клипинг затоа дали некако се подесва?
Штом така ти треба ват-метар за да мери јачина на излезот.Тоа е друга шема,ама ако сакаш може заедно со ова да ги користиш!
-
дали можи некој да објасни на кој начин работи ова?
-
Клипинг индикаторот работи 100%, бидејќи јас го имам правено неколку пати и можам да ти кажам со сигурност дека работи. Можам одма да ти ја кажам грешката која си ја направил, а таа е следнава: Како напојување овој клипинг индикатор го користи напонот од засилувачот т.е. симетричниот напон после грецот. Најверојатно ти си користел надворешно напојување и затоа клипинг индикаторот не ти работи. Поврзи го како што треба и треба да проработи од прва, освен ако немаш некоја друга грешка ;).
-
а дали ке може да се поврже на +- 45 волти значи дали може на толкава волтажа засилувачот е 150 вати со тип 142 и тип 147. по што ако може ке се поврже само со + и - со симетричниот напон позз ако знајте казвајте
-
а дали ке може да се поврже на +- 45 волти значи дали може на толкава волтажа засилувачот е 150 вати со тип 142 и тип 147. по што ако може ке се поврже само со + и - со симетричниот напон позз ако знајте казвајте
Може слободно да го поврзеш ;), јас кажав во претходниот мој пост во оваа тема дека
Како напојување овој клипинг индикатор го користи напонот од засилувачот т.е. симетричниот напон после грецот.