Author Topic: Греалица, Искра.  (Read 6330 times)

Offline Reng

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Греалица, Искра.
« Opened on 05.02.2010, Friday, 22:57:26 »
Само што ми се расипа греалицата иако е стара сепак сакам да ја поправам. Значи работата е тоа што мислам дека е нешто погрешно поврзано во истата и затоа правеше спој кај греачите за најпосле да изгори тоа парче кај што се правеше спојот и сега греачот не работи зошто колото не е затворено. Е сега сакам да го претставам колото графички за да ми кажете зошто прави спој, ако има некој што знае.


Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Греалица, Искра.
« Reply #1 on 05.02.2010, Friday, 23:22:31 »
Тоа „мало делче на кое настанува спојот“ е всушност мал термостат кој е монтиран за во случај да откаже главниот термостат за да не дојде до прегревање и пожар. Тој термостат може да го извадиш и да ја поврзиш жицата на грејачот директно (без него) меѓутоа тој дел ти прекинувал и на крајот се расипал бидејќи (90% сум сигурен) вентилаторот недоволно дувал и е пред расипување. Моја препорака е да не ја правиш бидејќи треба да смениш вентилатор и ако го поврзиш грејачот директно ќе имаш грејалица која треба цело време да ја „гледаш“ да не се запали евентуално ако закочи и новиот вентилатор кој ќе биде сигурно со полош квалитет од оригиналот. Ако сепак решиш да ја правиш подобро побарај таков термостат друг или извади од стар фен - би требало да се слични и за слична температура.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Reng

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Одг: Греалица, Искра.
« Reply #2 on 06.02.2010, Saturday, 00:21:45 »
Да точно цело време правеше спој зошто вентилаторот беше полн со прашина и слабо вртеше е сега откако го исчистив, не правеше спој и си светеше некоја сијаличка таму, ама нешто пак му текна да прави спој и тоа ргосаното делче изгоре од спојот и сега не е поврзано, ако не ќе пробам да го поврзам со жичка, а да се надевам дека главниот термостат нема да цркне.

Фала за помошта.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Греалица, Искра.
« Reply #3 on 06.02.2010, Saturday, 15:50:00 »
Ако се работи за калорифер а најверојатно за таков тип на греалка се работи мораш да имаш вентилатор за да не дојде до прегрејување на грачите а со тоа и нивно прегорување заради тоа ти е потребен и термостатот кој можеш да го премостиш но во тој случај немој да ја оставаш греалката уклучена кога не си дома !
А како што си нацртал на шемата имаш и директен краток спој (фаза и нула) па поради тоа и може да ти прагорува на секое наредно пуштање , краткиот спој е на десната страна од делот што си го означил како програма бидејќи од термостатот носиш фаза а од вентилаторот нула сијаличката се поврзува паралелно и тоа ти е добро а на едната страна од греачите треба да иде фаза а на другата нула и прегу нив да се затвара струјното коло вака немаш нула