Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: BorceBT on 25.01.2010, Monday, 23:37:29

Title: Крпење на осигурувачи
Post by: BorceBT on 25.01.2010, Monday, 23:37:29
Крпењето на осигурувачи не го советувам, опасно е а и противзаконски, но ако немате друг избор барем направете го правилно!

За што се работи. Се работи за правилно поправање (крпење) на топливи осигурувачи во случај во моментот да немате соодветна замена или пак замената не одговара (за малку плус) од тоа што во моментот се троши.

Осигурувачите за кои се работи изгледаат вака:

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=491.0;attach=12737)

Тие се керамички и имаат две метални „капи“ на краевите.
Можат а и неморат да имаат кварцна песок во нив.

Доколку ви снема некаде струја. Одете до осигурувачите и престегнете ги сите со рака. Доколку сеуште нема струја: Тестирате со фазомер кој осигурувач е прекинат. Значи, проверете дали само тој осигурувач е прекинат или има и други. Ако има и други сигурно немате „фаза“ што значи прекинат е поголем осигурувач подолу каде што ви е електричното броило. И него може да го поправите на истиот принцип, само е физички поголем. Кој од трите големи осигурувачи е прекинат мерите со фазомер и го вадите.

Откако ќе го извадите осигурувачот ако имате инструмент мерите (инструментот наместен на отпор) мерите дали „дава контакт“, т.е. дали реагира инструментот. Ако не реагира (или немате инструмент да проверите) се сомневате дека е прекинат и преминувате кон отварање:

Ставате лист хартија или весник. Осигурувачот со ставате хоризонтално бидејќи ако има внатре кварцен песок да не може да го истурите. Со одвртка (штрафцигер) се обидувате да ги турнете капите надвор (слично како да отворате шише со метална тапа). Ако не успевате, држејќи го хоризонтално осигурувачот со моторцангла (клешта) го фаќате металниот дел и со движења лево десно се обидувате да го одделите од керамичкиот дел. Пазете да не стегате многу со клештата бидејќи може да ја скршете ќерамиката и да го расипете осигурувачот.

Откако ќе ги извадите капите тргнете ги остатоците од металните контакти кој беа „приклештени“ со капите а сега се прекинати на два дела во средината на осигурувачот.

Земете лицнаста жица 0.75mm. Во лицнастата жица која вам ќе ви треба има од 20 до 30 лицни (мали жички). Доколку има помалку или повеќе сте зеле или авто жица 0.75mm или аудио жица 0.75mm, не ви треба таква, треба обична (инсталациска) лицнаста жица од 0.75mm со 20 до 30 лицни во неа (ова го објаснувам за да имате извор на лицни со правилна дебелина).

Оголете ја жицата околу 10cm и сечете да имате повеќе лицни на располагање.

Запамтете: 1 лицна од тие кои ги имате во осигурувач издржува околу 4A струја (проверено експериментално). Меѓутоа кога лицните се заедно генерираат поголема топлина отколку да се поединечно, значи при повеќе лицни паѓа и амперажата што значи повеќе лицни отколку што кажува математиката. Значи, табелата е следна (приближно нормално):

Осигурувач   5A = 2 лицни;
Осигурувач 10А = 3 лицни;
Осигурувач 16А = 5 лицни;
Осигурувач 25А = 8 лицни;
Осигурувач 50А = 17 лицни.

Лицните ги виткате една со друга за да добиете една жица.
Жицата ја ставате во осигурувачот, ја виткате на краевите кон осигурувачот и ја приклештувате со „капите“. Со ножичка или цвикцангла (клешта сечица) ги сечете краевите на жицата која е вишок.

Важно: Пред да го вратите осигурувачот назад во разводната табла исклучете ги сите потрошувачи бидејќи е можно некој потрошувач да направил краток спој и затоа да изгорел осигурувачот и сигурно не сакате тоа да ви се случи додека го навртувате осигурувачот.

Го враќате осигурувачот и можете да продолжете да ги вклучувате потрошувачите. Ако настане повторно прегорување ќе знаете кој потрошувач ви прави проблем.

Совет мој е за брзо време да купите фабрички осигурувач но се надевам дека и оваа поправка (доколку ги следевте упатствата) ќе биде добра додета да купите фабрички осигурувач.

Напомена: Оваа табела не ја употребувајте за друг тип на осигурувачи бидејќи самата должина на лицната игра голема улога во амперажата која може да ја издржи, ќе следува друга посебна тема за другите типови на осигурувачи (на пример тие кои се користат во електрониката).
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: Zdravkovski on 26.01.2010, Tuesday, 16:29:29
Јас како човек и  електричар сум против било какво крпење на осигурачите освен во ситуација да се заврши работа додека да се замени со нов фабрички зошто ?
1 . Цената на еден 16 А топлив осигурач е околу 15 до 20 ден
2 . Ретко кој и кога се придржува на тоа колку лицни да стави (зборувам за обичните граѓани на кои крпениот кога ќе им прегори си додаваат лицни)
3 . Со закон е забрането крпење на осигурачите заради тоа што тие се заштитни уреди на електричната инсталација, уредите и лицата (индирекно)
4 . И на крај ако имате осигурување а ви се запали објектот од стара и дотрајана електрична инсталација и ви најдат крпени осигурачи осигурувањето нема да ви важи и сето тоа заради многу мали пари во денари
Затоа ако не морате немојте да ги крпите осигурачите затоа што тоа едноставно не е безбедно
За постапката за пронаоѓање на расипаниот осигурач се сложувам во потполност со Борче
И имајте на ум дека кога прегорува осигурачот најчесто е дефек некој уред многу често се работи за куса врска и со крпење нема да завршите работа затоа проверете дали некој уред е дефек сами или со помош од стручно лице  ;)
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: SaleSk on 26.01.2010, Tuesday, 22:22:19
И јас се сложувам во потполност со за и околу крпење на осигурачи...
Сигурно си е сигурно, а и мислам дека подобро е да ја нема темата, затоа што некој може да си ја свати здраво за готово  ;D
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: macstr1k3r on 30.01.2010, Saturday, 12:26:11
Мислам дека на сите ни е јасно дека осигурувачите се крпат ако е 10 навечр и неработи ниедна продавница. И утре што ке станеш од кревет прво одиш осигурувачи да купиш. А доколку е некој мрза и не му се оди до продавница или е до толку циција... Епа он ке гори пак на крај..
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: gOJDO on 25.04.2010, Sunday, 13:34:34
Да исклучи автоматски осигурувач, може и да кажеме дека му дошло времето па почнал да реагира и на помали струи. Но за топлив причина можат да бидат само поголемени струи кои течат подолг временски период или удар од екстремно(релативно) голема струја. Па така ако прегори топлив осигурач, не само што не би го поправал туку не би го ни заменил со соодветен. Прво детално ќе ги испитам причините поради кои прегорел.
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: nCounTr on 25.04.2010, Sunday, 13:39:03
Да исклучи автоматски осигурувач, може и да кажеме дека му дошло времето па почнал да реагира и на помали струи. Но за топлив причина можат да бидат само поголемени струи кои течат подолг временски период или удар од екстремно(релативно) голема струја. Па така ако прегори топлив осигурач, не само што не би го поправал туку не би го ни заменил со соодветен. Прво детално ќе ги испитам причините поради кои прегорел.

Кај мене обично прегоруваат при вклучување на бојлерот и шпоретот кој беа на исти осигурувач при што бојлерот беше надграден од 2kW на 3kW грејач и оттогаш почнаа проблемите, но сега се среди со новиот шпорет кој го направив на трифазна да оди и немам проблем сега. А другиве си се во тип топ форма само што имам намера наскоро да ги заменам со автоматски (полесно се поправаат   :D ;D).
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: SaleSk on 25.04.2010, Sunday, 13:56:30
А другиве си се во тип топ форма само што имам намера наскоро да ги заменам со автоматски (полесно се поправаат   :D ;D).

Не се поправаат мислеше?!?
Можат да се вклучат и исклучат само :)
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: nCounTr on 25.04.2010, Sunday, 14:02:41
А другиве си се во тип топ форма само што имам намера наскоро да ги заменам со автоматски (полесно се поправаат   :D ;D).

Не се поправаат мислеше?!?
Можат да се вклучат и исклучат само :)

На тоа и мислев нема потреба лицни да му ставаш, ако падне ќе го качеш со леснотија.
Затоа се ставени и смајлињата после коментарот за поправката на автоматските.
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: GigaWatt on 25.04.2010, Sunday, 14:19:50
Крпењето на осигурувачи не го советувам, опасно е а и противзаконски, но ако немате друг избор барем направете го правилно!

Незаконски :O :O :O ?!?!?! Мене сите осигурувачи ми се крпени, хахахахаха :D :D :D.
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: SaleSk on 25.04.2010, Sunday, 14:46:52
Крпењето на осигурувачи не го советувам, опасно е а и противзаконски, но ако немате друг избор барем направете го правилно!

Незаконски :O :O :O ?!?!?! Мене сите осигурувачи ми се крпени, хахахахаха :D :D :D.

Ако ме викнеш кафе да пиеме кај тебе дома, ке те одбијам  ;D ;D ;D
Може али у најблиската кафана  ;D ;D
Title: Одг: Крпење на осигурувачи
Post by: GigaWatt on 25.04.2010, Sunday, 15:48:58
Ако ме викнеш кафе да пиеме кај тебе дома, ке те одбијам  ;D ;D ;D
Може али у најблиската кафана  ;D ;D

хахахахаха ;D ;D ;D... не готвам на струја, на плин готвам, не сакам да плаќам астрономски сметки за струја... ;)