Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: Zdravkovski on 08.08.2010, Sunday, 11:29:47

Title: Штек за испитување
Post by: Zdravkovski on 08.08.2010, Sunday, 11:29:47
како што кажува и самиот наслов Штек за испитување ова е едноставен и безбеден начин да се провери дали некој уред или склоп е во куса врска или не . Имено овој склоп не ни кажува што е дефек само не заштитува од изненадно пукање и прегорување на осигурач . Принципот на работа е следен ако приклучиме некој уред на пример бормашина и ако веднаш ни светне светилката а не ни е притиснат тастерот за старт тоа е сигурен знак дека имаме краток спој на кабелот или нешто пред прекинувачот додека ако ни светне се додека го притиснеме е во ред . Потоа ако се работи за бормашина со регулација би требало како притискаме посилно на тастерот сјајот од светилката да се зголемува и обратно . Ова е едноставен скоп кој јас секојдневно го користам и многу ми помага .



(http://pic.mk/images/1281260434.jpg)
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: GigaWatt on 08.08.2010, Sunday, 17:49:48
А H1 e 220V-на светилка? Јас обично користам појака, на пример 60W или 75W, не сум пробал со 25W-на. Струјата што би протекла во овој случај би била помала (со 25W-ната светилка), така да и струјата што ќе протече низ (под претпоставка) прегорениот уред ќе биде помала... прави повеќе логика да се постави светилка со помала моќност, да не се „дооштети“ уредот ако протече појака струја низ него ;).

+rep имаш од мене ;).
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: Zdravkovski on 09.08.2010, Monday, 18:45:59
Да значи се работи за светилка која работи на мрежен напон односно на 220-230 V  а тоа што ознаката е H1 е затоа што со програмата со кој ја цртав шемата сама така ја означи, а јас не ја заменив инаку се работи за обична волфрамова светилка а може да се употреби било која со соодветен напон .
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: Devil on 09.08.2010, Monday, 19:58:50
само не од штедливите !!
а мислам дека и неонки не се користат, и оние од по бандерите не
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: GigaWatt on 09.08.2010, Monday, 20:01:53
Тие од бандери што се (мислам дека се живини) многу струја влечат ;D, затоа не се користат, плус мислам дека исто како овиe штедивите им треба време додека достигнат максимален сјај ;).
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: Zdravkovski on 10.08.2010, Tuesday, 17:36:47
Најдобри резултати ќе имате со обична волфрамова светилка
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: deophorant on 10.08.2010, Tuesday, 19:37:24
Шемава има смисла само за волфрамова светилка. Со секоја друга нема да работи. Доколку некој го интересира зошто неможе со друга ќе објасниме.
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: GigaWatt on 10.08.2010, Tuesday, 21:43:17
Мислам дека јасно е ;). Волфрамовата (не се веќе волфрамови, но со жаречки влакна се ;)) кога не свети има многу мала отпорност, кога свети има многу голема, така да кога свети „глуми“ потрошувач, кога не свети, кратка врска ;).
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: deophorant on 10.08.2010, Tuesday, 22:48:58
Мислам дека јасно е ;). Волфрамовата (не се веќе волфрамови, но со жаречки влакна се ;)) кога не свети има многу мала отпорност, кога свети има многу голема, така да кога свети „глуми“ потрошувач, кога не свети, кратка врска ;).

Тука некаде се карактеристиките на светилката со вжарено влакно (болфрам + молибден), а токму и тоа се бара од серискиот отпорник за испитување. Сите други светилки се далеку од овие карактеристики. Сепак добро мислиш и се надевам дека е уште појасно :)
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: GigaWatt on 10.08.2010, Tuesday, 23:11:59
светилката со вжарено влакно (болфрам + молибден)

Да да, така беше ;D. Сега ми текна, ова уште во основно по ОТП (или по Хемија, искрено, не ми текува ;D) го учевме, ама сум го заборавил, само ми текнува деке не беше само волфрамово влакното, тој принцип на работа бил користен, но поодамна, уште на почетокот кога биле измислени светилките со жаречко влакно ;) (и малку подоцна, но мислам дека чист волфрам за правење на жаречко влакно одамна не се користи, барем едно 30 години сигурно ;)).

Имаше и некои други материјали (колку што ми текува) со кои се изработуваа жаречки влакна, некои други соединенија беа, мада мислам дека сите во нив го имаа волфрамот како елемент ;).
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: Zdravkovski on 11.08.2010, Wednesday, 16:52:24
Значи да разјасниме не е вака : кога не свети, кратка врска

Quote
Мислам дека јасно е . Волфрамовата (не се веќе волфрамови, но со жаречки влакна се ) кога не свети има многу мала отпорност, кога свети има многу голема, така да кога свети „глуми“ потрошувач, кога не свети, кратка врска .

туку вака :
( Принципот на работа е следен ако приклучиме некој уред на пример бормашина и ако веднаш ни светне светилката а не ни е притиснат тастерот за старт тоа е сигурен знак дека имаме краток спој на кабелот или нешто пред прекинувачот додека ако ни светне се додека го притиснеме е во ред . Потоа ако се работи за бормашина со регулација би требало како притискаме посилно на тастерот сјајот од светилката да се зголемува и обратно )
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: GigaWatt on 11.08.2010, Wednesday, 19:32:30
Добро, да, во такви случаи, точно е тоа што го пиша ;). Кога го пишав тоа повеќе мислев на телевизори, засилувачи, радиа, некои уреди за кои не знаеме кои се изводите за напојување и некои такви работи, не мислев на power tools, кај ниви сугурно ќе свети кога се пуштени во работа ;), тоа е неминовно ;).
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: deophorant on 12.08.2010, Thursday, 21:02:58
Се зависи од мокноста на светилката. Некогаш имам врзувано и по 3х150W паралелно, а некогаш и си ја користам греалката.
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: Bojan on 13.08.2010, Friday, 13:41:42
греалката?? аман бе, што си пуштал па толку во работа....
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: deophorant on 13.08.2010, Friday, 15:24:54
греалката?? аман бе, што си пуштал па толку во работа....

Асинхрони мотори, колекторски машини по 2.2KW (па и повеќе), и слично.
Title: Одг: Штек за испитување
Post by: didy on 15.08.2010, Sunday, 21:05:46
Мислам дека јасно е ;). Волфрамовата (не се веќе волфрамови, но со жаречки влакна се ;)) кога не свети има многу мала отпорност, кога свети има многу голема, така да кога свети „глуми“ потрошувач, кога не свети, кратка врска ;).
може и со халогена, или криптон :), ќе светне така добро...