Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: dimce on 16.05.2017, Tuesday, 21:27:33

Title: Напојување од компјутер ATX400W JX-0618A v1.3
Post by: dimce on 16.05.2017, Tuesday, 21:27:33
Здраво

Ке ми треба шемичка ако може некој да ми најде за компјутерско напојување ATX400W шасија JX-0618A v1.3 сакам да го поправам но има некои делови кои фалат (Стенд бај транзисторот и транзисторот за старт Q2) и 3 електролити на излез на наппоните) вадени се од плочката. Има доста голем трансформатор и големи транзистори во мрежа сакам да го искористам за мојот предавател зашто дава голема струја 20 Ампери на 12волти.
Title: Одг: Напојување од компјутер ATX400W JX-0618A v1.3
Post by: GigaWatt on 17.05.2017, Wednesday, 11:09:31
Друже, џабе ставаш слики и модели, шасии, ова она. Види кој е SMPS контролерот, пиши на Google, подеси да пребарува по Images и види дали некоја од шемите кои ќе ти ги извади се слични на онаа од твоето напојување. Друго чаре нема. Тие шеми и онака се универзалка. Има околу 5, 6 SMPS контролери кои најчесто се користат кај овие евтиниве комјутерски напојувања. Има и нивни деривати (подобрени модели), ама пак на крај шемите се горе-долу тие.

Идентична, тешко дека ќе најдеш. Разгледај ја плочката и барај нешто слично.