Овие мемории се добри каде што треба да се чуваат податоци и по прекинот на напојувањето, но за често пребришување не се погодни затоа што имаат ограничен број пати (100000). За таа работа е RAM меморијата, па каде што треба и да се зачуваат податоците по прекин на напојувањето а и да има голем број на прбришувања обично користам (а и многу други користат) SRAM со батерија, затоа што е многу брза, и малку троши во статичка состојба. Во овој систем добро е и да се стави еден EEPROM кој ке чува некои сетинзи кои нема често да се менуваат (само со поставување на нов модул или слично), но за тоа тука е внатрешната меморија на микроконтролерот. Сепак кога би требало да биде надворешна (што ми е во план да ја поставам) би била NAND FLASH од 256MB до 1GB. Но и онака целиот систем е дизајниран да може да користи SRAM до 48MB и SDRAM до 1GB што за многу апликации е преголема меморија (освен процесирање на видео или нешто слично).