Author Topic: Имам проблем:Сметњи во сигналот на гитарски ефект DOD PDS1550  (Read 2941 times)

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Кога ефектот е во бајпас мод, односно исклучен, лед диодата што го покажува тоа трепка.Во исто време се слуша звук на титкање (како часовник) со истата фрекфенција со која трепка лед диодата.
Звукот го нема само кога е вклучен еден од двата канала на папучата.
Истражувајќи и читајќи во литература и само на еден единствен странски форум на кој пишуваше за овој проблем дојдов до заклучок дека треба да ги проверам елементите од бајпас колото.
Дали сум на прав пат или има некој друг начин како да се реши ова односно да го снема тој
звук на титкање?

Оригиналната шема од дисторзијава ја постирав и може било кој да си ја
превземе во ПДФ формат.

Ги молам поискусните електроничари за помош.

Благодарам
Гого

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ме чуди самата работа на ЛЕДот да создава такви електромагнетни полиња кои се толку силни па да попречуваат сигнал. Едино да ја исклучиш па да пробаш без неа, да видиш. Ма да многу многу не верувам да е од неа, колку што може да е од самото коло кое и дава напон на ЛЕДот
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Значи да дообјаснам.Јас ја имам оригиналната ефект педала и шемата за неја ја добив поради овој проблем. Дигитеч ми ја дадоа за сам да барам чаре до што е проблемот. Значи кога е во бајпас (кога не користам ниеден од 2та канала на дисторзијата) лед диодата трепка за да ми покаже кој канал има потенцијал да го активирам дали А или Б. При слаб Волјум на појачалото звукот тик,тик,тик не се слуша кога ќе го попуштам се слуша и е со иста фрекфенција како трепкањето на ЛЕДот. Ова значи дека не можам да ја користам педалата ниту за снимање ниту за концерти поради тоа титкање.
Во една од книгите што ја имам како Прирачник на поправки на електроника вика дека доколку има такво титкање треба да се проверат кондензаторите од бајпас колото или сите негови елементи да не има некој прегорен.Педалата работи само на батерија од 9 волти така да ме чуди што воопшто се појавува ваква интерференција при толку слаб напон. Во прилог ја пратив шемата за ако некој може и има време да ја разгледа да види каде би можел да е проблемот.

Кога би ја извадил диодата што треба да ставам место неја за да не зезнам нешто?
Од друга страна ако бајпас колото и дава сигнал на диодата да трепка тогаш тој елемет што
и го дава тој сигнал нешто неработи ко што треба? Дали добро размислувам и имате ли некои други предлози???
Фала

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Имам проблем:Сметњи во сигналот на гитарски ефект DOD PDS1550
« Reply #3 on 22.03.2011, Tuesday, 22:58:54 (Edited 22.03.2011, Tuesday, 23:22:32) »
ОК! Прво диодата само визуелно го покажува  дефекторт .Според мене нешто пулсира,осцилира во самата електроника.Ке ја погледам шемата па ке видам што ке ми дојде како идеа.

Споено мислење: 22.03.2011, Tuesday, 23:22:32
Гледајки ја шемата првично -мој совет : провери ги напоните во сите точки каде се носи + напон (гледај дали и тој пулсира или не) ако пулсира(бргу се менува во одреден ритам од до) провери електролити во + гранката. Ако напонот е стабилен дефектот ке го бараш ми се чини во или од елементите околу VCO( напонско контролиран осцилатор) ,тоа е LM13600 ( дупли ОП со повеке намени -  побарај даташит за него!),а голема глупост може да даде и 4007 ( во кој се наоѓаат неколку ФЕТ-а ,ама знае ваква глупост да даде).Ова е само првично мислење,а ти седни,инструментот во раце,стави на ДЦ 20В и мери!Па ке видиме.

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
До Батка.Знацхи Диодата треба да трепка за покаже дека каналот не е акивен и да покаже на кој канал си во моментот инаку не би знаел која дисторзија ја активираш дали дист. А или Б., меѓутоа тоа трепкање прави звук тик,тик,тик и тој се слуша во појачало.Јас измерив како што ми кажа и тоа пулсирање на напон се јавува само на 1 од овие ЛМ324Н а тие што ми ги посоќи се стабилни..
Значи проблмот е, диодата треба да трепка но да нема звук во појачалото.... ??? ???

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хммммммм... ај вака пробај, извади ја диодата и види дали повторно ќе се случува истото ;). Да знаеме дали е до осцилаторот кој го дава сигналот за трепкање на диодата кој ја прави „сметњата“, или диодата или некоја друга компонента ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
3ца му кажавме тоа да го направи, сега останува да го направи и тестира. додека не се проба тоа џабе се дискусииве.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
а на шемата има две ЛЕД диоди.Која од таа светка(трепка)?

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Одг: Имам проблем:Сметњи во сигналот на гитарски ефект DOD PDS1550
« Reply #8 on 23.03.2011, Wednesday, 18:45:55 (Edited 23.03.2011, Wednesday, 18:48:32) »
Вака...двете мора да трепкаат коа папучата е во бајпас мод-кога не е вклучен ниеден од двата ефекта (Ова е дуал дисторжн педала со 2 бои на дисторзија 1та за соло 2рата за ритам  :) ) Мора да трепкаат за да ти покажат на која страна си во моментот. Пример свирам соло па го гасам А каналот, диодата почнува да трепка да ми покаже дена сум сеуште на тој канал.Ако после ми треба Б каналот со 2риот свич го избирам него и втората диода почнува да трепка за да ми покаже дека сум на втор канал меѓутоа дека тој не е активен.Ако сакам да го активирам стискам на 1виот свич. Ете така функционира педалата. Проблем е што во бајас модот кога педалата означува било кој канал има звук на титкање што е во иста фреквенција со трепкањето на диодата (двете диоди).

Споено мислење: 23.03.2011, Wednesday, 18:48:32
Ок лесно ми е да ги извадам диодите но што да стаам место нив?

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Гига рече,да го поврзеш на појачалото твое и да видиш дали работи без диодите.

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Гига!!!! Работииииии!!!!!!!!!!! и нема звук!!!!!!!! ФАЛААААААА!!!!! ФАЛА и на ДХ !!!!! Е само сеа све ок....ама нема да знам на кој канал сум мора да најдеме чаре како да останат диотите...

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
а ај стави нови диоди!Да не е до нив.

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Одг: Имам проблем:Сметњи во сигналот на гитарски ефект DOD PDS1550
« Reply #12 on 23.03.2011, Wednesday, 19:53:30 (Edited 23.03.2011, Wednesday, 20:40:43) »
За малце ќе ставев хахахаха оваа е многу сложена шема за мене (почетник сум) не можам да ги најдам диодите за да го видам поларитетот... :-[ се снајдоввввв си пишуе фино!! ок ќе пробам

Споено мислење: 23.03.2011, Wednesday, 20:40:43
Епа дечки да сте здрави и живи сите милион години.Да не бевте вие никогаш немаше да се осудам да променам нешто на педалава....до диодите било...стаив нови диоди е све си е џам! Случајот со тик тик звукот е затворен! ФАЛА на СИТЕ уште еднаш.

Со дисторзијава ќе отворам нова тема но прво сакам да снимам едно клипче со неја да може да и го слушнете звукот бар одприлика да имате представа а после би сакал некој ако може да ми помогне да измодифицираме нешто на папучава!

п.с УРЛАМ ОД РАДОСТ!

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Епа дечки да сте здрави и живи сите милион години.
Да не претера..? :'( :D

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Па и претерав да ти кажам хахахаха само девојка ми си легна иначе ќе грмеа гитари низ цело маало! Фала  С. хихихи