Граунд лоп ефект или *ефект на повратната врска*(македонски превод) или на српски-омча,петља..
се изразува со непријатно зуење( брум од фреквенција 50 Хз) која се јавува поради различни потенцијали на заземјувањето на изворот и сурсот-односно уредот кој се приклучува и самиот појачувач.Најчесто се јавува ако вклучите ПК излез од звучна на појачувач.Добивате брум и неквалитетен сигнал.Ова е просто решение,со делови од стар факс модем-два 3, мм џека женски и два трансформатора во сооднос 1:1
кои ги има во модемот.За жал треба два модема да растурите
.На едниот џек се врзува комп.а другиот го носите на влез на појачувач.