Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: slidermc on 24.04.2015, Friday, 12:31:27
-
Солиден предзасилувачки степен со TL074, кој дава дисторзија под 0.01%, има засилување од 6dB, графички еквилајзер, со опција за варијабилен одсек за ниските фр. Тоа се изведува така што ке се замени оној отпорник од 180к со потенциометар од 100к и отпорник од 100к. Субсоничен филтер кој ке ги штити и звучниците и засилувачот од ДЦ и многу ниски фреквенции. Може да пушти сигнал, без никакво клипување или дисторзија до +10dB, односно околу 2.5V
Влезниот потенциометар за волумен, треба да биде барем 50к, со што се задржува висока влезна импеданца.
Воедно внимавајте да биде TL074 од ST microelectronics, бидејки има некои лажни или фалични интегралци од Texas Instruments со истата ознака. Инаку ке има многу висок THD.
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/TL074%20Preamp_zpsispnris9.jpg)
-
Slidermc ,те цитирам *Солиден предзасилувачки степен со TL074, кој дава дисторзија под 0.001%, ...*.Ни во оригиналниот даташит не стои таа дисторзија,ами 10-пати поголема! Друго е прашањето кој е производителот на тоа TLo74 !?? Ова коло е евтино и неприменливо за она што ти го потенцираш! Со него вистински хај фај нема да добиеш.Плус треба да имаш 100-тина кола и да го избереш со менување она најдоброто! Има други пин-компатибилни кола со NE /МС предзнак со кои може да се игра, ама се скапечки и не се многу лесни достапни,И да се разбереме - секоја дисторзија до 0,2-0,3 % е прифатлива за аматерски конструкции и домашна употреба.И да не се залажуваме дека ке добиеме врвно пп во домашни услови на универзална плочка ,со лемени и прелемувани водови. Има уште многу до вистински хај фај .Еве,со ова
MC 33079 би можело нешто да се направи ,ама со TL074 врвен пп не бидува.
Споено мислење: [time]24 Април 2015, 14:00:49[/time]
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/distorsion_TL074.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/distorsion_MC33079.jpg)
-
Еве и понатамошен предлог за изглед и мерења извршени за истиот предзасилувач:
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/TL074%20preamp%20THD%201kHz_zpsjrwigika.jpg)
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/TL074%20preamp%20THD%20all%20fr_zpszxesewkn.jpg)
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/SDC13261_zpsfcxcasy3.jpg)
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/SDC13263_zpswohwnb7z.jpg)
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/SDC13264_zpsfcuvgzw9.jpg)
Ова е всушност активна свртница за звучници, но пред филтрите секогаш го користам овој дел и е докажано добар. Барем 16тина пати го имам изработено овој дел, а со графичкиот еквилајзер, негово изменување и експериментирање, лесно се добива која крива е потребна.
Може истото да се направи со NE5532, и не е воошто скапо! Хај-енд се прави со OPA моделите на Burr Brown или некои од врвните операциски засилувачи на Analog Devices.
-
Slidermc не знам што сакаш да докажуваш со овој пост ,ама батка малку одиш во некоја крајност и се заплеткуваш во неа.
Она што си го пишал дека со TL074 на некое мерење си добил THD -0,0015% ја побива и фабричката карактеристика за ова коло ,макар било SGS или микроелектроник итд. Во ниеден даташит за ова коло нема low THD tip. помало од 0,01%.Овој аматерски склопен збрда-здола уред ,со куп жици што висат несредено,со аматерски изглед и конструкција,апсолутно не делува како уред кој може да има THD -0,0015%.Со такво изобличување и многу поквалитетни фабрички уреди не може да се пофалат,а не овој уред на сликата.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/st_tl074.png)
-
Slidermc , првин за пофалба е трудот што си го вложил и што ете си направил нешто кое што и не е така за потценување. Искрено , прилично добра изработка на кутијата , со малку поголема забелешка на предната страна , со мало преместување на потенциометрите , прекинувачот и диодата за вклучено , уредот би изгледал многу по ,,мајсторски''. Ги видов и другите проекти на реклама5 ( soundsense ), и морам да кажам дека внатрешноста на уредите е катастрофа, како свински преплет црева, а морам да додадам и дека не работиш со штампани плочки , што дава дополнителен впечаток на непрофесионализам.
Се сложувам со мислењето на батка , кој рака на срце понекогаш е престрог, ама во овој случај е сосема во право. Мој впечаток е дека од TL074 до ТDА1524 и нема многу разлика, и двата се непрофесионални и не адекватни за квалитетен Хи-Фи уред - каков што на мене не ми треба , јас барав универзален предзасилувач со тонска стерео контрола за вградување во разноразни аматерски засилувачи со прилично добри перформанси во сооднос цена - квалитет.
-
Се сложувам со мислењето на батка , кој рака на срце понекогаш е престрог, ама во овој случај е сосема во право. Мој впечаток е дека од TL074 до ТDА1524 и нема многу разлика, и двата се непрофесионални и не адекватни за квалитетен Хи-Фи уред - каков што на мене не ми треба , јас барав универзален предзасилувач со тонска стерео контрола за вградување во разноразни аматерски засилувачи со прилично добри перформанси во сооднос цена - квалитет.
Овие три некако не одат... барем според мене...
Сакаш „аматерско ама добро“? Ќе си поминеш едно месец дена зад осцилоскоп, спектрален анализатор и еден куп хартија.
-
Епа како е добиен тој график на дисторзија и ТХД на 1кхз? Мислиш дека лажам? Навистина немам никаква причина да го направам тоа. Види, фабричкото мерење е направено во специфични услови, со сигнал од 2В на излез со 2коми излезна импеданца и засилување од 20пати. Кај мене ниеден од овие параметри не е ист.
Жиците ке се средат, ова е прототип сепак, а принтани плочки да правиш кога секој звучник си бара своја свртница, ке сватиш дека навистина не се исплатат. Башка не разбирам која е разликата во квалитетот меѓу принтана плоча и поврзувана перфорирана, кога распоредот би бил ист и водовите.
Споено мислење: 25.04.2015, Saturday, 10:02:42
Прекинувачот на десната страна е за селекција на А/Б канал, додека позади се наоѓа прекинувачот за вклучување на уредот.
-
Мене сите овие твои мерења на THD со толку децимали како и разни криви во домашни услови ми се малце сомнителни, поготово со правени микрофони, обично PC и слично. Многу лаборатории немаат опрема и услови да мерат со толкава прецизност како ти што мериш дома... ;) :D
Разликата меѓу перфорирана и печатена плочка за домашна аматерска употреба не е голема, ама ако сакаш да правиш Hi-Fi тогаш е друго, дебелина на водови, дебелина на слојот бакар на плочката, термичка и електрична разлика меѓу пертинакс/витропласт/FR4, а и оди направи голема површина на маса со перфирирана плочка ако можеш... :D
Bottom line - за домашна употреба, на опрема каква што имаат 99% членови, со TL... нема да чујат некоја разлика. Ако сакаш да правиш Hi-Fi не доаѓа во предвид ништо друго освен некој OPA... или AD...
-
Сакаш „аматерско ама добро“? Ќе си поминеш едно месец дена зад осцилоскоп, спектрален анализатор и еден куп хартија.
GigaWatt , зошто не ти одат овие заедно ?!
Универзален , да може да се приклучи со TDA2030 , 7294 , 7265 , LM3886 , по некое скромно транзисторско, а сепак да не е комплицирано и скапо , да е ,,исплатливо'' ... со еден збор. Еве , такво е TDA1524 , на пример.
А ова со осцилоскоп , спектрален анализатор и пресметки и вложен труд месец дена .... ова , по мене , не би требало да биде аматерско ама добро.
-
Уште ја тупите за ТЛ-ките ? ;D .
Гига,за OPA (кенгурчето OPA,OPA ;D ),јас на Марантцот cd63 ki ај решив да го твикнам малку и му зедов ОПА 627 (9 долари еден,а потребни се два),и знајте што добив....ништо,нула,ама доцна беше...парите појдоа.
Дури после прочитев дека за да извадиш максимум од него требало да го поставиш во соодветен режим на работа пропишан од производителот,а не само замени и замини,како што си знаеме ние
-
Slidermc, не ме разбирај погрешно,ама овие твои мерењаама баш ништо не покажуваат,ниту се релевантни.Прво ,не се изведени со адекватни микрофони,стандардизирани услови... до кабли,температура..итд.Значи штом фабриката признава типично thd од 0,01% не може твоето мерење да биде 0,0015% !? Нелогично! Кој извор на сигнал го користиш? Шауб-Лоренц или ... звучната на компјутерот,ајпод,телефон(без разлика колку е паметен),или тунер ,СД ??Значи,како што кажав,а и другите од пракса искусиле веројатно,за аматерски направи и 0,1% е одлично изобличување.Друго,печатената плочка многу значи и кај VF,ама и во НФ техника.Кога се проектира плочка за нешто посолидно,се знае има некои посебни правила.Постојат цели томови напишани како треба да се движат водовите,со која дебелина,што не треба со што да се вкрстува,да се избегнуваат неоклопени водови,подолги жици,испреплетени напонски водови..итн.Многу е голема и широка лепезата на побарувања за нешто да биде вистински хај фај.Кај сосема просечни уреди пример напојувањето се изведува како посебна надворешна компонента,а не трафото внатре во уредот.Дури и растојанието,разместувањето на влезните и излезните пинови е проблематична,за преклопниците да не зборувам.
Ова е сето од собрано искуство со години,кога и јас сум правел многу работи и сум ги користел дури и за свирки,забави,во кафиќи итд. Има тука и други членови кои од некое свое искуство ме потврдуваат и тоа е тоа.
Споено мислење: 25.04.2015, Saturday, 14:46:32
Отпор, ништо * не тупиме * ! Пази на изразите,не сме на маало кај тебе. :-\
-
Море какви микрофони сега мешате тука?! :D Ова со микрофони ли се мери :D,
Види батка, твојот збор спрема мерење, јас многу попрво би верувал на мерењето ;) На крај краева кој сака нека си верува, ниту јас инсистирам некој да го прави ова предпојачало ниту нешто др, јас ви прикачив предзасилувач, ИСПИТАН И НАПРАВЕН, а не некое сликиче од интернет!
Па сега бујрум!
И уште нешто:
Уште ја тупите за ТЛ-ките ? Зеленко .
Гига,за OPA (кенгурчето OPA,OPA Зеленко ),јас на Марантцот cd63 ki ај решив да го твикнам малку и му зедов ОПА 627 (9 долари еден,а потребни се два),и знајте што добив....ништо,нула,ама доцна беше...парите појдоа.
Дури после прочитев дека за да извадиш максимум од него требало да го поставиш во соодветен режим на работа пропишан од производителот,а не само замени и замини,како што си знаеме ние
Апсолутно се сложувам, а она соодветен режим дефинитивно треба да биде во болд.
И сега следи
Значи штом фабриката признава типично thd од 0,01% не може твоето мерење да биде 0,0015% !? Нелогично!
Значи други биле условите така? Ама резултатот е тој!
-
GigaWatt , зошто не ти одат овие заедно ?!
Универзален , да може да се приклучи со TDA2030 , 7294 , 7265 , LM3886 , по некое скромно транзисторско, а сепак да не е комплицирано и скапо , да е ,,исплатливо'' ... со еден збор. Еве , такво е TDA1524 , на пример.
А ова со осцилоскоп , спектрален анализатор и пресметки и вложен труд месец дена .... ова , по мене , не би требало да биде аматерско ама добро.
Зошто тогаш не е аматерско, затоа ;). Затоа и под наводници го ставив изразот.
А за овие засилувачи кои ги имаш наведено (евентуално со исклучок на LM3886), повеќе од доволен ти е било каков предзасилувач со TL.
-
Еве преправив во првиот дел на постот, да биде според фабричките препозиции. Само батка да не се лути ;)
-
Батка,јас не се лутам,не ми е ни битно,ама се чудам како успеа од 0,1 да симнеш на 0,0015%THD. 8)
Споено мислење: 25.04.2015, Saturday, 22:58:16
За колегава кој бараше некое пп, полуаматерско/полупрофесионално еве еден модул кој е изработен верувај ми ,брем јас знам 24 пати, ;D ;D и функционирал.Тука ти е шемата ,плочка ,монтажна.Само нагоди си ја сликата ( во .jpg формат е!) која големнина би бил.Плочката треба 10 х 4 см да биде мислам. 8)
-
како успеа од 0,1 да симнеш на 0,0015%THD
.
Со помош на магии и црни трикови :P
Интересна направија, шемичево што го прикачи, но ова е со балансиран влез, ке треба мала измена за да може небалансиран влезот, или директно на вториот ОЗ да иде сигналот.
-
Не треба ништо да менуваш.Ако ти треба микрофон одиш на балансираниот влез на XLR -от,а ако ти треба линиски имаш преку 22к да внесеш L/D на каналот и да си тераш работа.Ако сакаш стерео,врзи L на едниот канал, R на другиот канал и само помести ги балансите на каналите и крај.Ова ти е за моно варијанта.Ако сакаш стерео оди со два канала,Тогаш за мик. врзи ги двата XLR на влез паралелно и ке имаш микрофон симетрично на двата канала.
Она за магијата ти е слабо,бидејќи си прочитан веднаш ;)
-
Јас пак ке ти кажам ништо не е лажирано, па ти чуди се ;)
-
Јас на ништо не се чудам,сум видел и бетер од ова! :)
-
Сум правел по пракса и активен филтер пропусник на опсег на фреквенции со ТЛ072 и со ТЛ071 сум правел предзасилувач ТЛ072 имаше два операциски засилувачи и со ТЛ074 имам правено предзасилувач за електрична гитара дури па го испитувавме како што се сеќавам она колкаво му е максималното засилување во децибели колку пати засилува она нели кога више ке почне да го изобличува сигналот синусен кој си му го донел од функциски на влез.Браво за тебе ако си добил 0,0015 THD стварно чудно.Јас не бев задоволен од предзасилувачот со ова коло кога го правев солиден беше не викам лош но далеку од хај фај изобличуваше нормално.Но 0,0015 е чудо. :)
-
За филтри овој операционен е измислен, заради многу високата влезна импеданца. Исто така е прв на избор доколку треба коло со многу висока влезна импеданца. Но не е добар за предзасилувачи кои треба да дадат големо засилување. И секако многу се нежни на ниски излезни импеданси, не смееш никако да ги приклучиш на излезна импеданса под 10к оми.
Еве пребарав нешто на нет, сепак мерењата се точни, бидејки и други правеле слични мерења. Дури успеале да добијат и уште пониско ниво на THD.
http://www.eetimes.com/document.asp?doc_id=1279027
Споено мислење: 26.04.2015, Sunday, 23:45:26
Еве нешто слично за NE5532, кој сепак е супериорен спрема TL07x серијата
http://www.eetimes.com/document.asp?doc_id=1278866
-
СлидерМК, батка овде пишува :* Distortion at 10 kHz with no load is 0.0015% compared with 0.0010% for the shunt configuration. This is due to the 1 Vrms CM signal on the inputs * .Знаеме да читаме ама на 10Кhz со 1V ;D и ТЛ072!???Дури и ова коло ,спрема ова напишаново, ке испадне еднакво или подобро од 5532!?? Ајде да не дискутираме повеќе,крај на дискусијава. 8) ???
-
Епа стави клуч, и онака од сам старт така ја истера темата.