Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: LordZi on 26.05.2014, Monday, 10:20:38
-
Оваа мини-миксета ја имам направено пред добри три-четиринаесет години за еден другар, според некоја шема од емитер мислам дека беше (која ја скратив и модифицирав за три канали), денес ми ја донесе за да му сменам конектор на адаптерот па ја искористив приликата да ја сликам... ;)
(https://s25.postimg.cc/ao74077in/DSCN0396_zpsf6e194e0.jpg) (https://postimages.org/)
(https://s25.postimg.cc/xcwazrh6n/DSCN0397_zpse592e72e.jpg) (https://postimages.org/)
(https://s25.postimg.cc/jj7yapgvj/DSCN0398_zps165f5808.jpg) (https://postimages.org/)
-
Kако фабричка да е! Одлична изработка.
-
За изработките на LordZi можам да дадам само позитивни критики. Еден од најдобрите електроничари што сум ги запознал воопшто. Миксетата изгледа совршено и по 14 години
-
Така е кога се работи со труд и љубов... :D Вистина, изработките на ЛордЗи се како фабрички, алал да му е! ;D ;D
-
Фала на сите ;), кога правам вака комплетен проект се трудам на крај и да личи на нешто... 8)
-
Ама твоиве не да личат, скроз профи се.... ;)
-
И јас сакам една таква за мојот предавател. Да ви се пофалам си купив кабел 30 метри RG213 фали уште да го намонтирам на антената и да си го досклопам пллто со излезот.Спремај бате една миксета иста таква и за мене :D ;D ;) нека пука предавателот во Велес
Да ти резервирам еден пансион од 30 дена во едно скопско одмаралиште што почнува на буквата Ш..??? ;D ;D Си ја заборавил таа шема во книгата,на рака цртана е и една фотокопија од ТБА810. Знаеш Диме на што мислам. :D :D ;)
-
како ќе се препознае радиостаницата? како ќе се преставиш во етерот?
:) :)
Браво бе име, од кал да е, Диме да е! ;D
Идејата за куќиште на миксетата е добро осмислено, браво и за Лорд Зи :)
-
Да ти резервирам Диме 30 дневен пансион во едно скопско одмаралиште,започнува на буквата Ш...!? ;D ;D Си ја заборавил шемата за предавателот во книгата! :D :D :D :D
-
незнам дали шемата е Top seacret ама ако можи да ја постираш онака ме интересира како е изработено.
-
...според некоја шема од емитер мислам дека беше (која ја скратив и модифицирав за три канали)...
Шемата е од емитер, не смее јавно да се објавува, мада како што гледам веќе два месеца немаат ништо издадено, ако/кога ќе пропаднат ќе може јавно да ја ставиме и шемата... ;)
-
Сега имаат сменето Емитер, објавуваат еднаш во два месеци :)
-
Епа, така почнува... ;)
-
Да, да, сега е еднаш на два месеци, после ке биде еднаш на пола година и на крај ќе биде еднаш годишно :)
-
Хартија веќе не се продава ;). Скоро сите месечни весници, без разлика дали се поврзани со наука или не, веќе имаат и online изданија освен печатени.
Патем, како и секогаш одлична изработка LordZi ;). А излезот за phones (ph) ти е всушност PFL (Pre-Fade Listen)?
-
На слушалките може да одбереш да слушаш еден од трите канали, за местење песна и сл., ако мислиш на тоа... ;)
-
Да да, на тоа мислев ;).