Извади се освен CPU и напојување, пушти ја плочата, ќе почне да титка, остави ја нека титка. Исклучи ја плочата со вадење на кабелот за напојување од штекер. Извади батерија, остави десеттина секунди да седи така плочата, ресетирај го BIOS-от со jumper, врати ја назад батеријата, пак ресетирај го BIOS-от, стави RAM (само еден DIMM ако имаш повеќе), графичка (ако треба, ако има onboard, нема потреба, само врзи монитор) и тастатура. Стави кабел за напојување, пушти ја плочата и види дали пак истото ќе го јавува. Ако го јавува, пробај пред да ги јави error-ите да влезеш во BIOS-от (наизменично стискај на Del и F2, некое од нив треба да биде). Ако успееш да влезе, направи Save & Exit, би требало по restart-от да се подигне без error-и.