Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: SKOLS_OLD on 20.09.2010, Monday, 21:26:24
-
вака сега имам еден стар Okipage oki data 4W но имам голем проблем,некогаш принта некогаш не!!Кога ќе пуштам ПДФ фајл со две страни првата страна ќе ја испринта а другата не или пак некогаш обратно!!Исто така понекогаш ги принта до пола страниците!Ако има некој ваков принтер со ист проблем дали може да ме посочите кон нешто или пак да ми помогнете.Однапред благодарам
ПС.Пред некое време работеше добро,но откако компјутерот ми фати вирус го преинсталирав компјутерот и ова се случува!!
-
преинсталирај драјвери
скенирај повторно за вируси и млавер со Malwarebytes' Anti-Malware
-
се направив несака!Го однесов и на еден сервисер....несака да принта! :'( :'( >:(
-
Отвори го и види што чип користи за USB интерфејсот, пронајди што е можно повеќе податоци за чипот (datasheet, производител, серија...) и види дали на сајтот на производителот на чипот има драјвери за download. Ако има, пробај нив симни ги и види дали ќе работи како што треба.
Исто така провери ги водовите на плочката на која се монтирани сите контролери, види да не има некаде некој прекинат вод или некаде да не е оштетена плочката ;).
-
ако не е отваран порано па, не гледам некој начин да се оштети плочката туку така...
-
Па и јас не гледам, евентуално со пад, нешто така :S. инаку не гледам начин :S.
-
имам оки Б4100 и имав сличен проблем.
го решив со преинсталација на драјвери. но подоцна почна да печати само по половина страница.
пробав со какви не драјвери и пак ништо. го отворив и видов дека на приклучокот за усб кабелот има изгорено еден вод на плочката, водот беше толку тенок што едвај го уочив проблемот. го санирав проблемот, инсталирав оригинал драјвери и еве од тогаш печатачот работи како нов.
-
Епа значи највероатно и овој проблем е хардверски, па нека проба SKOLS, нека го оптвори принтерот ;).
-
вака сега мојот принтер е поврзан на паралелниот порт,ќе го отворам и ќе пишам,инаку Пакосо од каде најде оригинални драјвери??!
-
Чичко Гоогле има се,побарај само! ;D ;D ;D За тоа ли бараше паралел то УСБ кабел?
Штом до пола печати до драјверите е .Види и на кој порт ти е префрлен,да не има проблем и со избор на портот.
-
вака сега мојот принтер е поврзан на паралелниот порт,ќе го отворам и ќе пишам,инаку Пакосо од каде најде оригинални драјвери??!
На сајтот мислам дека имаше некои понови драјвери, а јас ги инсталирав моите од цд-то што оди со печатачот.
-
епа јас ги симнав од нивната страна но истото ми го прави!Батка јас ти барав РС232 во УСБ конвертор не од ЛПТ во УСБ ;) ;D
-
Нека ти прати Пакосниот оригинални драјвери,остави ги новите на сајтот.Или пак пробај 3-4 различни драјвери ( некој белки ке запалат! :D) од Интернет. ОКИ-поки имаат малку з... драјвери.Имам и јас лошо искуство со нив! ;)
-
го отворив принтерот,3 саати барав некој скинат вод,прегорен дел нема...Но си помислив дека не ми принта принтерот дека треба касетата да се извади и да се промеша(потресе) ова го видов кај наставникот од Народна Техника и мислите ли дека е ова добра идеја??Иначе пакос ај прати ми оригинални драјвери!!Може??
-
Сколс,имам адаптери и за ЛПТ и за РС232 на УСБ,каков сакаш.Јас мислев да не е згрешен портот на инсталирање па не го познава печатарот.Ако е за полнење тонерот ке дава бели траки,а нема да оди само до пола страница.Има ли чип тонерот? Ако има чип можно е да треба да се ресетира или замени,зошто тој брои поминати страници.
-
Јас имам сретното хп принтер исто така ласерски и без чип работеше принташе чудно,а можно е и да е до хартијата ако ти ги врти на старт неколку лисја на еданаш или едн по еден повеќе лисја ама празни тогаш е многу слаба хартијата,ама пак имаш ништо со хардверот бидејќи до пола принтат.
-
сакаш да кажеш дека е до Хардверот??!!
-
А да го пробаш печатачот на друг компјутер да видиш што ќе се случи.
-
YESSSS,го направив.Проработе!!!!
-
YESSSS,го направив.Проработе!!!!
И што мука имало? :D ;D
-
НА овие печатари 4,5 ,6 Л - проблемот им е влечењето хартија.Ако не е подебела (80 грамска),ставајте само лист по лист.Иначе подзема многу листови наеднаш и заглавува.Ако пак се принта картон ( или 125 грамски кунсдрук за дипломи најчесто!) вмимавајте може лесно да страдаат ваљаците кои го подзимаат листот!
-
проблемот е до софтверот т.е. драјверот не бил добро инсталиран!Сетапот не е инсталиран коректно!И сега работи супер!! ;D
-
проблемот е до софтверот т.е. драјверот не бил добро инсталиран!Сетапот не е инсталиран коректно!И сега работи супер!! ;D
Ај со среќа да си го користиш ;).
-
со здравје да те служи ;)
-
фала,сите поубави да си купите ;D ;D