Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: bicikle on 27.03.2016, Sunday, 14:40:12

Title: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 27.03.2016, Sunday, 14:40:12
Батеријава сака да ја криста надвор од лаптопот (отиде во вечните ловишта) па ако знае некој како да ја поврза за полнење, како за празнење(користење т.е. активација). Потребна е струја од 1А што би требало да е во границите на нормална потрошувачка на овој тип батерии.
Станува збор за Dell j1knd.
Ви благодарам.
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп.
Post by: MilerovEfekt on 27.03.2016, Sunday, 16:50:59
Неможеш да ја користиш надвор од лаптопот. Батеријата има контролер во неа, без да си направиш муабет со него нема да се активира. Немој. Да. Си. Играш. Со. Батеријата.
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп.
Post by: bicikle on 27.03.2016, Sunday, 17:03:18
Да ја врза некако да полни не може? за празнење може и дирекс од батериии...
Или па некој полнач...(како овај):

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/FbMu0.png)
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: batka on 27.03.2016, Sunday, 21:31:25
Бицикле ,ако сакаш батерија отвори ја и смени ги елементите внатре,ама за вадење надвор од лап топот и некакви исправувачи не размислувај! Или ке ја оштетиш батеријата или матичната на лап топот.Друго нема.
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 27.03.2016, Sunday, 23:30:37
не не, батка, лошо си ме разбрал. Или лошо сум напишал.
Поентата ми е батеријата да ја користам за сосем друга намена, значи, лаптопоте одамна заминат- нема што повеќе да се оштетува, поентата ми е батеријата да ја искористам за сијалица, значи сијалицата е 9-12в, 1А„12в, а батеријата е составена од 6 (3х2)батерии и има напон од 11,1в значи одговата на сијалицата. Е сега поентата ми е да ги полнам батерите надвор од лаптопот, исто и да ги користам надвор од него.
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: DimitarMK on 28.03.2016, Monday, 00:35:53
Ќелиите внатре се од тип 18650 Litium-ion батерии. Види разгледај нешто вакво, но мислам дека овие се за секоја ќелија посебно:

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/5V-Micro-USB-1A-18650-Lithium-Battery-Charging-Board-Charger-Module-New-TR-/311278871010?hash=item4879aaa1e2:g:oGoAAOSwQJhUgoZS
BTW, што толку сте против експериментирање, јас кога ми цркнаа ќелиите на лаптопот поврзав 12V акумулатор на електрониката од батеријата наместо ќелиите и си работеше лаптопот освен што врска немаше за капацитетот и сл. И секако не пробав да го полнам акумулаторот преку лаптопот туку да го празнам. Но, може да заврши работа идејава за emergency ситуации  ;)
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: batka on 28.03.2016, Monday, 01:15:50
Ако е цркната батеријата,како ке ја користиш? Подобро извади ги елементите од батеријата,провери кои се добри,а кој пробиени и полни ги со друг полнач,секако со регулација на струјата на полнењето. А за врзување акумулатори не сум пробал,ама сум видел куп лап топи од камионџииве врзувани на разни начини, на разни акумулатори -имаше запалени плочи, стопени пластики,испукани батерии...Не си играјте многу со тие работи.Сега се евтини претворувачите 12/220V- или направете си еден и така врзувајте го на акумулатор лап топот .

Споено мислење: 28.03.2016, Monday, 01:24:56
Ќелиите внатре се од тип 18650 Litium-ion батерии. Види разгледај нешто вакво, но мислам дека овие се за секоја ќелија посебно:

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/5V-Micro-USB-1A-18650-Lithium-Battery-Charging-Board-Charger-Module-New-TR-/311278871010?hash=item4879aaa1e2:g:oGoAAOSwQJhUgoZS
BTW, што толку сте против експериментирање, јас кога ми цркнаа ќелиите на лаптопот поврзав 12V акумулатор на електрониката од батеријата наместо ќелиите и си работеше лаптопот освен што врска немаше за капацитетот и сл. И секако не пробав да го полнам акумулаторот преку лаптопот туку да го празнам. Но, може да заврши работа идејава за emergency ситуации  ;)

Не знам како си врзал 12V акумулатор на електрониката на батеријата кога обичнo батериите се по 19V, ретко 15 или 16V?
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 28.03.2016, Monday, 02:01:43
Батеријата е исправна...
ова е за една батерија..
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: DimitarMK on 28.03.2016, Monday, 03:07:13
Ако е цркната батеријата,како ке ја користиш? Подобро извади ги елементите од батеријата,провери кои се добри,а кој пробиени и полни ги со друг полнач,секако со регулација на струјата на полнењето. А за врзување акумулатори не сум пробал,ама сум видел куп лап топи од камионџииве врзувани на разни начини, на разни акумулатори -имаше запалени плочи, стопени пластики,испукани батерии...Не си играјте многу со тие работи.Сега се евтини претворувачите 12/220V- или направете си еден и така врзувајте го на акумулатор лап топот .

Споено мислење: [time]28 Март 2016, 00:24:56[/time]
Ќелиите внатре се од тип 18650 Litium-ion батерии. Види разгледај нешто вакво, но мислам дека овие се за секоја ќелија посебно:

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/5V-Micro-USB-1A-18650-Lithium-Battery-Charging-Board-Charger-Module-New-TR-/311278871010?hash=item4879aaa1e2:g:oGoAAOSwQJhUgoZS
BTW, што толку сте против експериментирање, јас кога ми цркнаа ќелиите на лаптопот поврзав 12V акумулатор на електрониката од батеријата наместо ќелиите и си работеше лаптопот освен што врска немаше за капацитетот и сл. И секако не пробав да го полнам акумулаторот преку лаптопот туку да го празнам. Но, може да заврши работа идејава за emergency ситуации  ;)

Не знам како си врзал 12V акумулатор на електрониката на батеријата кога обичнo батериите се по 19V, ретко 15 или 16V?

Ќелиите посебно секоја е 3.7V. Полначите за лаптоп се најчесто 19V. Батериите од лаптоп доколку се со 6 ќелии заедно даваат 11.1V т.е. 3 пара по 2 батерии врзани паралелно (3.7+3.7+3.7=11.1V). Нема врска муабетот, секако не би го користел така, туку како експеримент.

Да не забегуваме со муабетот, @bicikle претпоставувам сака да ги искористи батериите внатре, т.е. ќелиите и да направи полнач кој ќе ги полни сите одеднаш.

Полнењето на овие батерии е малку зафркнато, мислам дека во батерија од лаптоп со 3 пара од 2 ќелии, за секој пар има посебен контролер кој ги полни. Види на електрониката од лаптопот што компоненти има, па може ќе најдеме некој datasheet и да се склопи некоја шема. Имам неколку електроники од лаптопски батерии извадени, баш и јас ќе разгледам деновиве.

Нешто вакво е идеата..

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/pZAH0Jt.png)
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: batka on 28.03.2016, Monday, 10:01:46
Бицикле,лошо си напишал батка,ама ако сакаш да ја растуриш батеријата и поединечно секој сегмент да го користиш наедноставен полнач ти е овој,или за 2 $ купи си вакво нешто:
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 28.03.2016, Monday, 15:26:39
@ДимитарМК во лаптопон има и некој микро процесор, е сега не знам дали лаптопот му дава сигнал за он/оф за понење/празнење итн итн, или па во него има само некој драјвер за да ја познае батеријата. патем што пцб е тоа за 3 батерии, најверојатно ќе брка абота, да не ги полнам една по една, би одзело многу време. Ако не оди во план и шемата од батка, за полнење една по една. Патем во конкретниов сучај батериското паковање има некој си bq3060 контрлер, и колку што разгледав има опција за "clock" и "data", но полнњето е независно од оовие фунции, исто така пранењето оди со краток спој на пин 4 и -, но кај мене не функционираше ова со краток спој... Може дека се батериите на 2.2в (одамна не е во ф-ја батеријава па се испразниле) ама не пробав да ја полнам, да ен се оштети. Како и да е ако е нешто ситно тој полначот во предходниот посто на @димитарМК ќе пробам прво со него.
Title: Одг: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: batka on 28.03.2016, Monday, 19:24:12
Пробај и со вторава шема
Title: Re: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: MKD-Boy on 26.01.2019, Saturday, 22:45:48
Здраво,
Имав едно батерифче од лаптоп, со пробиени келии.. кога ке ја ставев во лаптоп краток спој правеше и го гасеше лаптопот.
Е сеа најдов едни келии.. ја отворив батеријата, ги извадов старите келии ги залемив новите ( една со една паралелно и потоа 2 со 2 сериски..поточно 3,7+3,7+3,7.. ) на плочката имаше 4 контакти.. Б-, Б1, Б2 и Б+.
Б- ја залемив на првите 2 келии, Б1 ја залемив на првите келии на плусот.. и вторите 2 келии, минусот го залемив на првите келии на плусот поточно на Б1.. Б2 ја залемив на вторите 2 келии.. третите 2 келии, минусот го залемив на плусот на вторите 2 келии или Б2 и на крајот нормално го залемив Б+ контактот.. е сеа пошо не беа полнети батериите.. имаа негде околу  8.6в а батеријата треба да е 10.8в.
Ја соберив, ја ставив во лаптопот, ама не сака да ја полни :/ ми дава, Battery plugged in/not charging. Чаре?!
Title: Re: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: MKD-Boy on 26.01.2019, Saturday, 22:50:19
п.с Можно е да не сака да ја полни батеријата, дека волтажата од прилика му е падната на келиите на 2,5/2,7v ?
Title: Re: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 26.01.2019, Saturday, 23:02:58
Батериине се ставаат/вадат со ред, не рандом, после може да треба да се над 2,5в, зависи колку му е cut off
Title: Re: Ми треба инфо за батерија од лаптоп
Post by: GigaWatt on 26.01.2019, Saturday, 23:15:39
Во право е bicikle. Си требал да ги вадиш една по една, поточно ако се две во пралела врзани, ги вадиш тие две и ставаш две исправни и најважно, полни, не празни... бидејќи можно е да дојде до ситуацијата до која си дошол, т.е. не сака да полни бидејќи (можеби, не можеме да знаеме пред да се разгледа дополнително проблемот, што контролер е искористен за полнење на батериите, итн.) контролерот го детектира напонот на батериите, мисли дека се зезнати и воопшто не сака да ги полни.

Исто така, можно е и погрешно нешто да си врзал. Ако има 4 контакти контролерот, треба да има 3 x 3.7V врзано за него. Не те сватив баш како си врзувал. Овие работи најдобро се објаснуваат со слика (шема ;)).