batka сликата која си ја прикачил е за 5/8 дипол антена позади која има некаков рефлектор кој е поврзан на маса, или пак диполот е поставен во хоризонтална положба на одредена висина над земјата, поради ова зрачењето зад диполот се “одбива“од рефлекторот или земјата и тоа се насочува нанапред.
Вакви диполи се користат најчесто во AM и SW подрачјата, а не за VHF.
Јаги антените се насочени баш за тоа бидејќи зад (и пред) диполот кој го содржат има разни пасивни елементи кои го рефлектираат и насочуваат сигналот.
“Чистиот“ вертикален 1/2 ламбда дипол зрачи подеднакво во сите насоки во хоризонтален правец. Обликот на зрачењето е во вид на торус:
ако не веруваш еве линк:
http://en.wikipedia.org/wiki/Dipole_antenna
Поздрав.
Ивице, диполот чија карактеристика ја покажуваш работи како КТ антена.УКТ антената дипол не е изработена од жица,ниту е растегната меѓу две точки и НЕ ЗРАЧИ ТАКА!!! Погледај некоја постручна литература од Википедија(која не ја сметам за релевантна,бидејки секој може се да пиува и има доста промашувања во техничките термини!!) .Има една книга *АНТЕНИ* ,од РОТХАМЕЛ ми се чини беше.Ја имаат некои радио-аматери во МК. Побарај ја..
Споено мислење: [time]11 Септември 2010, 22:38:54[/time]
Ми се чини дека ДАСТО нема продажен салон ,ако се интересираш оди во фабрика директно!
Божо Метзгер вреди да се прочита ,а секој кој ти кажувал дека -* нема врска* сигурно е со вечерна школа од некоја дисперзирана паралелка. Впрочем ,кај нас не постои релевантна литература базирана на стручна ,аргументирана и во пракса проверена теорија! Кај нас обично се се препишува од некаде...
Тоа Ивица што го постави е баш точното. Диполот нема апсолутно никакво зрачење само од себе. Со балун се донесува да зрачи рамномерно (ради небалансирана импеданса) но нема никакво појачување и најчесто се зема како почетна точка при мерење на антенско засилување.
Диполот (КТ/УКТ/итн...) е исти. Дипол си е дипол.
Очигледно не си во тек со темата и не си прочитал се.Малку и се измешаа постовите,ама главната поента не е балунот ами зрачењето на диполот.Прво балунот не е за диполот да зрачи равномерно?! Диполот ке зрачи и без балун,но сигурно нема целата сила да ја претвара во корисна,поради загубите.Диполот за КТ- УКТ не се однесува исто.Кај УКТ антените проблемот со зрачењето и поинаков отколку кај КТ.КТ се понашаат поинаку од УКТ брановите.
Кај УКТ диполите се употребуваат други параметри пр.5/8 ламбда.Дали си видел КТ антена (дипол) со должина 5/8
? Погледај ја и табелата за појачување на диполот.И уште нешто = на сликата на 5/8 вертикален дипол никаде нема рефлектор за кој Ивица говори.Рефлектор има кај HB9CV кој е една форма на дипол антена СО РЕФЛЕКТОР,па поради тоа е класифицирана како високо усмерена антена која се употребува при лов на лисици.Дали си ловел лисици??? Сите нивни антени се слични на диполот или се негова надиградба, а работат на принцип на одредување правец(насока) на сигналот.
Споено мислење: 12.09.2010, Sunday, 03:22:34
*Диполот е насочена антена во смисла дека зрачи најмногу во правец кој е нормален ( под 90 степени) во однос на диполот. На пример ако диполот е вертикален, најмногу ќе зрачи во хоризонатлна ( паралелна со земјата) насока, а најмалку во вертикална ( нагоре и надолу).*Тоа го вели Ивица! Јас велам-ако зрачи вертикалниот дипол најмногу во хоризонтала напред во правец кој е нормален во однос на диполот како го објаснувате торусниот облик на зрачењето?
Значи и тој се сложува дека зрачи најмногу во еден правец. Смислата е во тоа,што иако теоретски, диполот е класично поширок од пр.ЈАГИ ,сепак УКТ брановите се праволиниски и нивното простирање многу зависи од положбата на антената.Овде не споменав никаде дека диполот не зрачи бочно или према назад,туку дека правецот према НАПРЕД има смисла да речеме дека ДИПОЛОТ сепак ГИ УСМЕРУВА БРАНОВИТЕ. А дека има појачување ,погледајте ги сликите и табелите, Иако тоа не се големи цифри,како кај HB9CV (5db), сепак во реалноста се земаат во предвид.